Од каде земате фондан и што пари е? Сакам колаченца за бебе да правам па одозгора фондан. Со истиот калап да сечам? Ај упатете ме или ако имате слики шо се сте правеле.
Здраво девојки. Ја исчитав цела тема и никако да се одлучам за кој фондан да го пробам, во секој случај имам нешто нејасно 1. Ако е од локум, од кој локум да земам. 2. Тој со желатин ми изгледа комплициран, со премногу состојки . 3. Да купам готов, но колку , од каде? Ако знаете во близина на Ѓорче. 4. За сега наједноставно ми изгледа да си купам 2 кутии од долчела, валјда ќе ми бидат доволни. А и најефтина и наједноставна варијанта ми изгледа, барем ако не ми успее да не ми биде мака.
Женски, сакам за првпат да правам торта со фондан. Викендов го пробав рецептот со локум и шеќер во прав и премногу ми се допадна. И на вкус и не беше толку тешко за месење како што мислев Е сега сакам да знам што користите за да добиете златен фондан? Бидејќи морам на фигурите и златен да користам. И уште едно прашање. Како ви стојат тортите една над друга? Се мислам таа горе кога ќе ја ставам ќе ми падне
Немам правено ама што имам гледано, во слаткарница кај што прават, треба тортите да се со подебело тесто, помалку фил. Во долното тесто на неколку места ставаат цевчиња на пример како потпора За златна боја, да видиш во поголемите маркети дали има златен прав, кој се раствора со малку вода и се бои со истиот. Таков всушност сребрен имам користено. Околу 200 денари некаде беше, мало кутивче како сенка за очи отприлика е.
Дали некој користел готов фондан од стокомак, на декларација гледам нема упатство, знаете ли како се спрема и дали знаете каде можам да најдам алати за сечење на фондан?
Фонданот нека ти биде бел, па откако ќе ги направиш фигурите во чашка ќе ставиш златна боја и неколку капки вода па со четка ке ги боиш. Јас правам такви торти и досега никоја ми нема пропаднато а се со доста фил. Ги правам двата дела посебно а во долниот на неколку места ставам стапчиња за ражничи па одзгора другиот дел.
Каква златна боја користите? Онаа златна прашина што се продава по маркети пишува дека не е за јадење. Дали и каде може да се најде во помала количина таа што ја користат слаткарите?
Провери во Долче имаат страна, ги има и на фејсбук и инстаграм мислам дека негде позади кај Универзална Сала се наоѓаат ако не грешам.А има и Овалекс Трејд на Бит Пазар.
А женски да прашам уште колку време стои фонданот? Сакам и некои слатки да правам за велигден па пр ако ги направам денес незнам какви би биле до в недела...
Zdravo zenski. Zedov prehrambena boja crna vo kesicki sto e. Se rastvora so voda za da crtam mi rekoa. Kolku voda treba i so sho da crtam na fondan?
Дали го проба фонданот од стокомак, како се користи? Може ли да се обои со боја за колачи, имам во прав? Дали е доволен за прекривање на цела торта? Како да залепам слика од фондан одозгора? Сакам сама да направам торта на син ми, да биде со слика горе (ми рекоа печатена слика на фондан премиум лист 300 ден) ама од страните како да ја украсам, дали да купам обичен фондан или со крем или шлаг? тортата би била стандардна големина на домашни торти.
Не сум го пробала го имам ама уште стои, може да се обои со течна боја е полесно, пред да го нанесеш на торта ќе ти треба подлога да залепи, ова се знам од youtube не сум пробала сама некако ми е конплицирано сеуште имам надеж дека ќе пробам ама не се знае кога
Убав е фонданот ама нема да стигне за цела торта, зависи колкава торта е ама минимум 2 ќе ти требаат.