Дали има во Скопје некоја слаткара/жена која може само да ми украси роденденска торта? За мала торта се работи, да си ја направам јас сакам, зашто не ми се дава искрено 3000+ за 20 парчиња.
Здраво девојки, Пред да го ставам фонданот на тортата знам дека не се мачка со шлаг туку со поцврста смеса. Како ја правите, читам на пример путер смеса. Дали е само путер и шеќер? Благодарам
Путер и шеќер во прав. Прво путерот убаво измешај го со миксер (20-30 мин) потоа постепено додади го шеќерот во прав. Треба да биде како шлаг.
Серафима, колку време пред забавата да се стави фонданот? Ми се има случено да кондензира. Ама тоа може од температурна разлика?