Да, може, а за боите не знам кои се подобри, ама и мене ми се чини дека имам слушнато некаде за тие во прав...
Ако имаш оргинални течни бои (Вилтон или некои слични), тие се најдобри. Но ако купуваш од оние што се во малечки шишенца и поефтините од нашиве маркети, тие се само залажување. Најдобро ти е да си земеш бои во прав, ќе си ставиш на лажичка и ќе ставиш само една до две капки вода. Со чепкалка за заби убаво ќе измешаш за да се раствори и го боиш фонданот од локум (во зависост од посакуваниот интензитет на бојата). Само потешкотија е што ќе ти е потребно повеќе време за месење на фонаднот за убаво да се обои.
Каде во Скопје прават торти во некоја фигура шо ќе им ја нарачам?Значит битно ми е да изгледат прилично реално.Ми ја препорачаја Шарлота тортите се стварно преубави на изглед ама многу ми е далеку Некоја слаткара поблиску до центаров?
Море и во Канела ги расипаа... последниве неколку торти што сум ги јадела (по родендени) се од таму беа нарачувани - конкретно за детски родендени правиме муабет - одвратни беа. А за фигури, не знам, бидејќи во Канела прават обични форми и одозгора слики лепат... а сите можат таква да направат. Discovery, ако во Шарлота се добри, оди таму, нема врска колку е далеку, ќе се снајдеш
Прават и фигури во Канела, моја пријателка за ќеркичката имаше нарачано кукла ама не беше слика туку цела фигура,преубава беше,а за тортите за вкус сум слушнала и јас дека не биле вкусни како порано
од каде можам да најдам оригинални течни бои за храна? а инаку да не бидам оф најубаво бојат тие во прав што се... пред некој ден правев колачиња, требаше да излезат црвени и во смесата истурив цело шишенце црвена течна боја и не се обои ни малку на крај среќа имав останато пола црвена боја во прав ја истурив цела и добив дреч црвена боја каква што ми требаше
Јас за боење на фонданот употребив бои во прав. Ги има во Веро и Дон маркетите, веројатно и во Рамстор се наоѓаат. Една ќесичка е околу 15 ден. најубаво купете си две, за секој случај. Доволни се двете за фондан од половина кг и супер го бојат.
Здраво девојки, Дали некоја знае, дали се замрзнува остаток од домашно подготвен фондан за торта? Ми остана и тоа многу количински, па ме интересира дали смеам да го замрзнам? Однапред благодарам
Не се замрзнува, туку се става во најлонче и добро се затвора,а и плус ако можеш да го ставиш во некое пластично кутивче што херметички се затвора најдобро, а и строго чување на суво и темно место
Трендафилке, може да споделиш дали ти излезе фонданот како што сакаше ти? И колку време ти требаше да го направиш? Тенк ју.
Сакам да си направам за роденден торта, убаво ги правам и не сакам да порачувам, но не знам да го направам фонданот па гледам имаш правено па ако не ти е тешко да ми кажеш како го направи и ти излезе ли убаво? Фала
^ Да, многу убаво ми излезе фонданот како за првпат. Би го правела и повторно. Јас го правев од обичен локум и прав шеќер, односот од прилика доаѓа 1:1, односно 500 гр. локум (внимавај на датумот, да е посвеж подобро) и околу 600 гр. прав шеќер. Во подлабок сад ќе си ги земеш локумчињата едно по едно и ќе си ги развлечеш со прстите, т.е. ќе почнеш да ги гњавиш и месиш. Понатаму, полека почнуваш да го додаваш прав шеќерот, малку по малку. Самата ќе почувствуваш колку е потребно да се додаде, затоа што не треба да лепи и да е одлично измесено, некаде од 40-60 минути. Јас го ставив да отстои 12 часа во фрижидер. Малку се здрви и тука ме мавна паника утредента, ама го загреав минутка во микро и омекнува веднаш. Го поделив на два дела и во секој посебно истурив една ќесичка боја. Се обои одлично, потоа ги споiв двата дела во огромна топка, го помесив уште малку. Кога ќе го растегнуваш пожелно е да си ги намачкаш рацете со зејтин, за да не се лепи фонданот. Тоа е тоа, најважно е да знаеш дека треба да е доообро измесен, лесно се бои со бои во правј, најмалку 2 ќесички имај при рака и ако се стврдне - се омекнува во загревање во микробранова, но без претерување, за да не се растече. На вкус беше одличен, поубав од оној пластичниот од слаткарница и плус - боеше јазичиња поради бојата. p.s. сите зборови од типот здрви, омекна, стврдне итн, во горенаведениот текст се однесуваат на ФОНДАН! No crazy ideas kids.
Фондан за украсување торти Состојки 900 гр шеќер во прав 1 желатин ( 10 гр.) 50 мл ладна вода 100 гр фруктоза 20 мл вода 1 лаж глицерин 1 лаж маргарин Подготовка 1. Желатинот се става во 50 мл ладна вода, и се остава да стои 10 мин. 2. Фруктозата се потопува со 20 мл. вода и се става на оган да се стопи, но несмее да зоврие. 3. Потоа во растопената фруктоза се става желатинот, глицеринот и маргаринот. Се мешаат додека не се соедини смесата убаво. 4. Така добиената смеса се става во поголем сад во кој претходно е ставено половина од шеќерот во прав. И мешајќи со лажица се соединуваат. И целата смеса се става на работна маса и се меси со останатиот шеќер во прав, се додека не престане да се лепи. 900 гр. шеќер е доволно за оваа смеса. Така добиената смеса се става во кеса и се увиткува убаво за да не прима воздух и се чува на собна температура. Најубаво за употреба е следниот ден. Смесата може да се бои, но боите да се во течна состојба. Доколку имате бои во прав најубаво е да ги растворите во малку вода, колку само да се потопи бојата. Доколку ви се рони утредента, ако несака да се меси најубаво е да се стопли 5-10 сек во микробранова печка. * Фруктозата ја има во поголемите маркети. * Глицеринот се купува од аптека. ЈАС ГО НЕМАМ ПРАВЕНО ОВА, НО ГО ИЗВАДИВ ОД ЕДЕН САЈТ hock: hock:
Девојки ми треба совет. Денес ќе го прсвам фонданот со локум и шеќер во прав, а тортата ќе ја декорирам утре. Сакав да ве прашам, дали може тортата да ја завршам со глазура од чоколадо, онака класична глазура и после врз нејзе сакам две големи ленти од фондан и машничка, за да изгледа како поклон. Изводливо е или нема да ми стои врз чоколадото?
Може, изводливо е. Денес полиј ја со чоколада а утре стави ги машничките со локум. Убаво до утре ќе се стегне чоколадото и нема да ти се разлева. Во чоколадото само малку додај зејтин и така полиј ја тортата.
Мислам дека фондант се продава во слаткарите на мера....а да ви кажам дека мене тоа ми е нештото најгадно во светот......како гума да јадеш бре -.- поарно ти направи си шлагче стај презранбена боја и црткај си на тортата...али ајде да не ти го кршам атерот види напрај ако сакаш...се надевам дека ке најдеш и убаво ке испадне па прати некое сликче ^^позз
Да не знаете каде се подготвуваат само апликација за на торта по нарачка, слика или како год да се вика... Сакам на брат ми да му направам торта Ајфон. Ќе направам торта и фондан ќе стокмам ама за одозгора ми треба... Еве вака сакам нешто да е тортата..
Женски ми треба итно одговор,дали тортата треба со нешто да се премачка пред да се стави фонданот,или не? мама не оставила од филот,и сега одозгоре има само тесто,ама мислам дека не треба така,нели нема да се залепи така фонданот? ај ве молам која знае побрзо да ми одговори,оти фонданот е готов,мама го размесува моментално.