Јас си правам смеса од еурокрем,путер и шеќер во прав,сите во иста количина зависно од колкава ми е тортата,ја премачкувам оставам да се лади една ноќ,а утредента го нанесувам фонданот. Додека за во фрижедер исто така ја ставам,никогаш не ми е била испотена потоа.Ама секогаш пред да ја ставам фрижедерот го намалувам да не лади многу.Само ти препорачувам повеќе од еден ден да не стои.
900 гр шеќер во прав 1 желатин ( 10 гр.) 50 мл ладна вода 100 гр фруктоза 20 мл вода 1 лаж глицерин 1 лаж маргарин 1. Желатинот се става во 50 мл ладна вода, и се остава да стои 10 мин. 2. Фруктозата се потопува со 20 мл. вода и се става на оган да се стопи, но несмее да зоврие. 3. Потоа во растопената фруктоза се става желатинот, глицеринот и маргаринот. Се мешаат додека не се соедини смесата убаво. 4. Така добиената смеса се става во поголем сад во кој претходно е ставено половина од шеќерот во прав. И мешајќи со лажица се соединуваат. И целата смеса се става на работна маса и се меси со останатиот шеќер во прав, се додека не престане да се лепи. 900 гр. шеќер е доволно за оваа смеса. Така добиената смеса се става во кеса и се увиткува убаво за да не прима воздух и се чува на собна температура. Најубаво за употреба е следниот ден. Смесата може да се бои, но боите да се во течна состојба. Доколку имате бои во прав најубаво е да ги растворите во малку вода, колку само да се потопи бојата. Доколку ви се рони утредента, ако несака да се меси најубаво е да се стопли 5-10 сек во микробранова печка. Јас кога ја правев првпат смесава ми излезе супер, а до сега имам направено повеке од 15 пати. * Фруктозата ја има во поголемите маркети. * Глицеринот се купува од аптека. Дали некој го праве овој рецепт??? во колкава количина се купуваат фруктозата и глицеринот,цена?
Девојки, сакам да прашам дали знаете колкава количина на мелен шекер и локум треба да ставам во смесата за фондан за да ја обвијам оваа торта.. Благодарам однапред http://cdn.thatsnerdalicious.com/wp-content/uploads/2014/05/m-m-cake-442x590.jpg?313ab3
Мислам дека ке ти е доволно 2 кг локум и отприлика 5-6 пакетчиња густин (нишесте), ке си видиш по потреба ке доставуваш густин, нели тестото да престане да се лепи.
Во Аеродром, каде можам да најдам фондан во боја, за на битпазар знам дека во продавничката за торти има 150ден. коцка. Ама не ме носи патот натаму.
Значи фондан со локум оди за прекривање на тортата, а фонданот со желатин е за правење фигури...? Колку би ми требало локум за да покијам една округла торта? Фонданот го растегнувате со специјалните пластични сукала или може и со обично дрвено што го имаме по дома? И оваа смесава со желатин некако ми се гледа многу скоро кило шеќер бидејќи сакам да направам само една фигурка...ќе може ли да добијам совет колку да употребам? Можеби @Serafima ? Знам барем дека имаш искуство, да не ја утнам работава, сакам да биде подарок тортава
Фонданот од луком е попрактичен за растегнување околу рабови и ивици, па затоа од свое искуство така и правам. Додека фонданот од желатин е доста крут и брзо се суши, па затоа е попрактичен за фигури. Додека за разлика од фонданот од локум, овој што е од желатин и побрзо се суши, што значи фигурата за еден ден ќе биде сува, а локумот многу побавно суши, па затоа и го избегнувам за изработка на фигури. За да се обложи една тркалезна торта многу зависи кој и е дијаметарот на истата. Ако е калап од некаде 26цм, со половина килограм локум, ќе се покрие целата. За сучење на истиот може да си ја употребуваш и обичната дрвена оклагија. Јас барем со неа работам. Што се однесува до фигурата, зависи мила колкава во големина сакаш да биде. Важно ако се работи за некоја повоочлива фигура или ако биде една фигура како детал на тортата, мораш да ја направиш и малку поголема за да биде центар на убавината на самата торта. Што значи 1/3 од рецептот за фондан од желатин, би ти бил доволен. Што треба мила за помош или ако нешто не е јасно, слободно прашувај .
Ти благодарам многу! Јас искрено се надевам ќе се снајдам, имам осет за ц-цкави работи само да ја погодам смесата Како за почеток, ќе направам нешто поедноставно, ќе ја прекријам само со бел фондан (мислам дека е 26ка, тоа беше најмалиот?) и една централна фигура не многу голема, еве што поточно: И откако ќе биде готова да не ја ставам во фрижидер бидејќи мојот е од тие што кондензира..?
Повели и друг пат @Kitten . Точно така мила, ако фрижидерот е од оние кои кондензира, не ставај фондант во него. Апсолутно ништо што е од фондант.
Женички и девојки хајјј Кажете ми каде можам во Скопје да најдам бои за боење на фондан? Дали има во јамбо веро во маркетот?? И која цена се отприлика?? Молам за одговор кој знае точно да го рпатам маж ми да куи бидејќи неможам јас да одам, а да не се ака многу да бара знаете маж ако не најде нема ни да ми бара мн мн поздрав
Има во Веро Нека бара на рафтот каде што има ванилин шеќер, и останати кесички додатоци за готвење, тоа е некаде пред чипсовите. Има и во кесичка и течни, но подобри се тие во прав (кесичка), и ако не се лажам беа околу 10 ден парче, но не ме фаќај за збор. Важно евтини се, со една кесичка можеш да обоиш голема количина.
Да, во одделот за здрава храна, во кутија лила, на Виталија. Пишува Fruitin, мислам 100 и некој денар. Но да знаеш во Зегин е поевтин, 89... таман да не го бараш по рафтови
Те изгњавив, извини. И фала најмногу. Од зегин ќе земам, таман да не го маам по рафтови и тоа да ми бара
Zenski, dali moze vaka da bide Kora,fil, kora, fil,kora, fil PA fondan? Ili Mora uste Edna kora 4ta pa da zavrsuva tortata so kora pa fonfan? Molam koj znae da me prosvetli. Izv na lat. Pozz
Јас како искусна со декорирање на торти со фондан да ви го пренесам моето искуство. Тортата изладете ја во фрижидер преку ноќ пред да ја обложите со фондан, а пред самиот чин оставете ја 15 мин на собна температура е завршете со фил или путер крем. При изработката на фондснот, мајдобро е од самиот старт да ставате бои, зошто после тоа го разводнувате и мора да додавате шеќер. За обложување сукајте го на најлинска фолија и со се неа шрефрлете го на тортатс, нема да се искрши така. За обложување супер е тој со мед и маргарин : 1 желатин, 20 мл вода, 100 гр маргарин, 100 гр мед, скоро кило прав шеќер и по потреба нишесте за размесување, Желатинот да набабри, медот и маргаринот се топат на оган, се додава желатинот и бојата и се трга од оган кога ќе зоврие, се меси со постепено додавање на шеќер, јас после пола саат ладење на собна одма го декорирам. А за декорации, како ружи, нејестива гум паста од 7 лајци прав шеќер, 5 лајци густин, мало финџалче вода, 1 желатин и боја, се се врие и се месат форми, како гума е смесатс,по сушење е цврста како купечките ружи по маркетите. Скоро имаме роденден, и овој пат ќе го пробам фонданот со глицерин на миња, па ќе ви кажам искуство и секако слики.