Фонданот, го зема од слаткарската на битпазар. Дали не се погодил (смесата), незнам што беше но ужасно беше за работа тоа знам.
Зошто готов купувате? Преубава рецепта имам споделено поназад некоја страна, ама ако подолго остане се суши и мора да се загрее на некоја секунда во микро и да се размеси убаво. Или да се додаде некоја капка вода па шеќер по потреба. Или може ете не се погодил. За наредни прилики сама прави си, ајде за два дена ќе правам јас и ќе споделам искуство
Девојки имам торта за украсување со фондан за во недела. Е сега, јас денес ја направив тортата и сакам утре да ја украсам со фондан од локум. Ќе може некоја да ми објасни како оди на половина кило локум се меси со половина кило шеќер во прав или со густин? Мислам дека @Serafima го правеше тој, па ако може помош.. И дали да го ставам во фрижидер откако ќе ја покријам тортата до фонданот или во ладна соба (каде што никогаш не грееме)?
Колку локум толку шеќер оди, плус по потреба нели за кога ќе додаваш боја. Јас ја ставам во фрижидер од денес за утре. За во исти ден имаме торта и двете, јас утре ќе ја правам задутре фонданот, ама јас тој со мед го правам Убава прослава да имате за што и да е поводот, и тортата да ја покажеш
Јaс еден рецепт прaвев и не гo зaпишaв летoвo, ни испукa кoгa јa извaдив тoртaтa oд фрижидер, твoјoт рецепт супер е, без некoи тaкви прoбл.? Не знaм ни решенијa вo тaкви случaи.
Ако ти треба за покривање на цела торта и некој детал плус купи на мерење некаде...со долчелата малку е иако е добар..
Што мислите за фигуриве, прв пат правам. Пробно беше ова сакам да правам на ќерка ми за првиот роденден. Фонданот е купен готов ама некако ко мек ми делува.