Kармин-Mачкај Bода-бода даљинското-ското Jогуртче-љољутче чевли-учи чаша-шаша влажни марамчиња-важни мамиња пелена-пенена пижами-џанас ајвар-јајвар музика-зумба
Легендарниот ми внук . Ќе издвојам само три зборови, оти на неговиот список му нема крај. сирење - киа јогурт - огукт и најважното тетоважа - тетка вада .
како мала баба ми мара сум ја викала буба мала (буба мара) од внуците: лампионите - пони чорапите - чапи комшиката магде ја викаат - маде компјутерот - кунтер мобилен - обилен тостер - постер рушен од зет домазет го викаше - бушен а караман - караван внука ми морковот го викаше - роков
Патики-Титапа Папагал-Пикаба Топка-Тота Памперс-Папи Добар Ден-Добадеее Здраво-Давоо Ориз-Оуи Зајче-Тајте Пиленце-Пиу Пиу Жаба-Даба Крава-Габа Книга-Гига Маче-Ајјјј Ајјј Голем барборко е, ама скоро ништо не му се разбира. А тој разбира се, само дето е инат.
Кепач, чепак - кечап Мабо, Бамо - Мамо и Бабо споено (во исто време сме ги викале и двете па кој дошол добредошол)
Од сестра ми: хулахопки - хохохопки павлака - убаво вага - киласи виршли - кемби лулашка - јумба кака - гомби бони топ - џони поп Има уште многу, само не ми текнуваат
песничката Никола Никола - Кокола Кокола гледам - геда што - то докторе (зборов го научи од песната на Ѓавазова ) - тотое вујче - вуче
На мајка ми другарка, ќерка и се омажи во Србија, летово дојдоа на гости во Мк и малата која има 4 годинки ми вели: еј знаеш што сум јас - е што си ти - Jас сум Бинче-Донче не успеав да ја разберам па подоцна мајка и ми кажа дека тоа значело дека она е Србинче-Македонче нели дека татко и е од Србија, Мајка и од Македонија