Ние веќе ги надминвме бебешките зборови ама сеуште вика: Тефик- за тепих Упетал- за утепал Поблискај ме- за доближи ме
И синко има некои такви зборови што сам си ги искомбинирал по некоја некова логика. На пример, Одмали го тонот -зголеми/попушти го тонот; Озграда - ограда на некоја зграда. А овие Тегитара и Агаража не знам како ги научи од мал, уште ги цепи. А за purple има многу смешен изговор што не можам ни да го напишам. Ги немаме тие букви Важно првата е Х. А малата ме изнасмеа пред некој ден. Сакала да јаде костадини (костени). За чепкалка за заби вели Мустаќче.
Рабзираш - разбираш Забзуди - разбуди Типца - птица Упетав - утепав Уште не ги кажува К и Г го поправам,го учам пробува ама излегуваат Т и Д. 3 год и 2 месеци е. Има место за грижи??
Виби- риби; Дода- вода; Дле, длете, длата- две, двете, двата; Тли-три; Животните сите ги кажува на англиски, сите точно, и најсмешен ми е со good job ко ќе направи нешто како што треба. Во македонските зборови исто меша некои букви, како што му одговара. На сите имињата ни ги знае, само неговото не може да го изговори.
Бришката - тоалетната хартија Збриши, збришав - избриши, избришав Фонот - телефонот Визор - телевизор Има доста вака што крати, знае да ги повтори кога ке му кажам, ама пак си ги крати во зборување Инаку некогаш зборува во 3то лице, Тео ова сака, Тео ова направи... 2год и 9м е, го поправам.. нормално е?
Анаини=Витамини Амами=Реклами Убуп=Јогурт Последниве 2 ги имам пишано мислам Наташа од трето.........ТИ (и со рачето покажува 3 прстиња ) Мојава многу меша со граматика...лицава посебно..........со еднина,множина немавме никаков проблем, ама со лицава ќе се намачиме. И во трето и во второ л....се провиснала со главата надолу и вика ПАДНИШ...наместо ќе паднам.....кенам наместо крени ме(дека јас и велам: да те кренам?)....ја поправам....и кога и речам како се вели, вели кенаи ме(крени ме).
Дел од новите зборови, с му е еднакво на ш. Шешан- Стефан (обид за да си го кажува името); Шите-сите; Мноку-многу; Вуба- убава (на битолски од уба); Топот-лаптопот.
Епа тогаш кога ќе дојдете ќе играме малорија, другарка и е опседната со играта и само бара жртва за играње