Во последно време ќерка ми почна да поврзува зборови најново - паче мама (плаче мама) - оша Кипи (лоша Кипи ) - гола - пие - спие
тоаа ми е најсмешно од братучетками на Пеперутка викаше Пу*ката хахах сок-кок и многу други работи има ама тоа за пеперутката ми беше најинтересно
осман(oд бурни времиња)-oпцан патичиња-пичиња фејсбук-педук компјутер-питен кумот-тумот перниче-пиниче анастасија-тација продавница-дамица пеперутка-пиута
имаше многу такви зборчиња ама најмногу се смеам на купатило - паколо пижами - бажани фрижидер - џел жаба - баџа и така кога бевме на гости кај мајка ми цел еден ден баравме "баџа" извадивме се од фрижидер, од играчки,од шкафови, а тоа било жаба направена од марамче (ако ви текнува порано ни правеле нашите баби)
Јас кога сум била мала наместо лубеница сум викала топче, а прва братучетка кога беше мала наместо чорапи викаше лапи со меко л
Сестра ми кога беше мала кога ќе ја скокоткавме,викаше не ме гугуткај фрижидер -ждер путер - кутер ...
Ја научив ќеркам и да кажува како се вика и колку год има Ја прашувам - Како се викаш? - Кипиии Колку години имаш - дееее (две ) А нови зборови се црта - цта заби - заби доста - доца Потоа пее песни сега оваа ни е хит- Никола никола нешто чудно случува што е тоа знае мајка ми а мене подучува (кокола коколаааа , нето сучуа , то е тоа , а мене пучува)
Ме изнасмеавте Јас порано знам кога сум била мала.. Тетка ми "Дијана" многу сум ја сакала.. И нагалено Диде -- И после испаѓа Диди по мое И сум сакала вода едно време.. И на мајка ми диди сум и викала.. На крај едвај ме разбрала
Син ми има повеќе бисери, во моментот само неколку ќе ви набројам а за понатаму повеќе шобод-шпорет шивидер-фрижидер лицкај-скокоткај упапаљач-упаљач купапалатило-купатило....... и многу други кои во моментот не ми текнуваат
Братучедка ми: Канана - колаче Брмм - вода Мау мау - маче Онија - македонија Хаха колку е само слатка. Срце на дада