Кеп- леб Аде-ајде Кака-така Еа-ева Ам- кога сака да јаде Дај- дај Кај е- каде е (ова го вели кога сака да се сокрие некаде, кај е Еа вели и треба да ја бараш божемски)
Пако парко Пато палто Паки пати патики Жама пижама Буѕа блуза Пони панталони Тапи чорапи Меко млеко Битка висквитка Беќа вреќа за спиење Око око Капа капа Кавиќи ракавички
Новитети. Нонче - наочари Гонде - кондури Ками - камера Додека дешифриравме со мм за гонде се чудевме три дена што му значи тоа
Хахаха темава е закон, се изнасмеав слатко, тие се тие најслатките зборчиња изговорени со накслатки гласчиња Ги има и син ми така побајаги ама хит ми е кога ќе ми рече ''Амн'' за аман и ''Дааајте'' за да ја пееме ''Дајте музика'', а може и сирото дете бара нешто ама ние си пееме важно !
Не се секирај, внук ми исто пред да полни една година, мама, тата викаше и како наполни година прекина скроз, само ''ммммм'' и со прст покажуваше и така ништо, ама баш ништо се до 3 години. Го однесоа на логопед на 3 години и им забрани телевизија, телефон и таблет и плус им рекоа да не му се дава ништо додека не направи макар обид да каже што сака, верувај, детето за 10 дена прозборе со цели реченици. Дете не збори зошто не чувствува силна потреба да добие нешто, се му е удоволено или едноставно е задоволно речиси со се и не се труди. Ќе видиш дека кога ќе посака нешто а вие нема да разберете што, ќе почне да се обидува да ви каже
Она со батко и по цел ден, што прави он, тоа и она, па богами и нема потреба да каже нешто (он и за неа зборува, он е навиен што да ти кажам) Се врати на мама, овој пат само по мене мама, вика пак Тео по синко, аде за ајде, папо за јадење, апа за капа, тао за чао, нема пак нешто многу ама вака битно не разбира се. Вчера зборев дека ке шетаме надвор, кога фати да ме тегне и ме однесе кај закачалката и ми ја покажуваше јакната нејзина Кога и викам дај ми ја цуцлата, ја вади ми ја дава, или кога јаде нешто и викам дај му на тато и му дава, дај на мама ми дава, дај на бато му дава. Гали го бато и прави ооооо и го гали, баци го/баци ме.. не бацува, ајде да се бањаме и оди во вц, ајде да спиеш и оди до креветчето, битно е вака што не разбира се. Ке се пушти ваљда понатака одеднаш повеќе... Едит: најновото зборче го заборавив Туца/цуца кога како ја кажува - цуцла
Овие се нови Коуа-кола Гоа-вода Нена-млеко Тика-пица Ааам-кога му се јаде Ааајде-демек се јавува на тел или ако сме в кола и стигниме кај шо треба вика ајде опа и чека да го извадам од седиште Папапапа-патка Кравата правела буу Мачето мааау Кучето ауауа Лавот ааа Мама,тато,баба,деде,тета,дада,дете ги изговара чисто и мн слатко
ПАПАЧО! - Paw Patrol ( Цел ден се чудев што ми вели, дури се разбравме ). Масинче - Маслинче Цвеќе - Цеќе Ноктите - Ноќите Крокодил - Кококо
Мее- Млеко Нан нан- сака да спие Кааак- сака да ја ставам на нокширче да кака. Чшшш- и се мочка (кога сака кажува) Мњам мњам - сака да ручка Ам ам - сака водичка Ле- името на кутрето наше Лео Бам -топка, балон, името на скратено на вујко и Цем- по нејзино името на тата Де- кога ќе ја прашат колку годинки има пред тоа покажуваше едно прсте, а сега покажува две и вика ДЕ(лажка мала) Пап - Чао, папа Цам- Ми носи далинско ако сака да и пуштам Џим Џам Кола- рррррррр Нејзината количка или точачето- бррррр Мама, 100 пати на ден баба, деда, ( тата понекогаш). Кутре како лае- ауу Сега на овие зборчиња се сетив, а секоја ден има по некое ново Цела ден си збори сама, или со играчките престан нема
17м за некој ден, почна скоро да дрнда по нешто Смешни: Дилили - живели Тио - Тео Аје - Ајде (некогаш го погодува и ајде и со Д).
Многу зборови научи овде, ко навиен е Кокам- да скокал Капам- за капење Игам- да играл На овие особено ја нагласува м на крај Апока-јаболко Мако-вика по Марко Гое- горе Коа бм бм- брчела колата Куке-куче Кава-крава Пака-патка Пие-пиле Ака-рака Гауа-глава Гопа-топка Бао- браво Кам'ња- да играл со камчиња Ќе заврши работа вика "мама, кака, гое" и оди горе да го слечам И за се' се научи да вика "не" и во исто време и со прст и со глава мафта дека е Не
Мими- чизми Пап пап - кога ќе види пајчиња на цртаните од youtube Кек-снег Ага-вентијага Капки-капки (вигантол. Смешна случка: спремам каша наутро (нели вигантол на гладно даваме наутро) и одам накај неа со кашата и ми вели мама капкиии демек да не заборавам прво тоа ) Ка- топка Ки-смоки Ме-монте Бууу- за колите пред зграда Меме-млеко