Мојава само јееееј вика кога се радува, ам ам кога и се јаде и ко ќе ја види сестра и вика: јееееј Еге Толку, ни мама ни тато, ништо. Ам ам вика а мама нема абер
Ееее на синко тоа долго му беше за слон. Дури сега почна да го вика слон, ама пак кога ќе го прашаш како прави слонот вика мууу
Има ли други деца што наместо -чк, во збор велат -кч? Пример: Чичко - Чикчо Перничка - Перникча Мочка - Мокча Лисичко - Лисикчо
Ова ти е веке во второ лице...и ние така бевме. Исправај го како треба....по некое време ќе почне правилно да ги користи лицата. Ние уште мајка ти, татко ти да ги исправиме .
Јас ова неможам да го изговорам Се изнасмеав читајки ве. Друпкт - друг пат Камон- Камион Полицајзер- Полицаец Новчик- Новчаник
Јагода-ја ја ода Овца-ши (од шип) Риба-прво пиш,сега иба Коњ-Којн Банана-Нана Џип-чип Шатка-Прво гаја,Па Га-Га, сега е ква ква Јаболко-Јаја Јајце-Јајсе Зајче-Зајсе Мики маус-Мими Хор-Хоу Цвеќе-Це це Петле-Пепе Круша-куша Ананас-анаааа Чадор-Ча ча Кола-Прво биби, сега си е коула Пари-паи Тато-Прво тата сега му вика татоууууу Тета-Те те Бебе-Бебебебебе (по сто пати го поврзува ) Кравата е место му ,буууу И сите животни И диви и домашни Омилени му се (Малку долгичко излезе, ама сега се разборе нешто детево )
Има има внук ми викаше место змија мзија.Ете и мене ми е тешко да го кажам ама на нив им е интересно.Фаза беше...помина
ми текна ова: Тап-тап ,и покажува со рачето, односно тапка со рачето на местото каде што сака да го оставиш тоа што го држиш во рака. Живели- Ижеје Шупун - беше некоја верзија од сапун и шампон
Кога кака или прде вика п'п Компирче-пиче Лепче-епче Јајце-ајце Млеко-мљеко Репче-п'це Риби-иби Кола-бм Топка- гол Пари-паи Кога одам во вц, почне да вика моча, моча
Повеќето ги кажува точно ама има некој зборови си зацртала дека така се па така ги кажува Бонче- атлантис бомбона Сандоки- сандалки Клепач-кечап Рембаме-вежбаме Фузија-инфузија (мометално хит и е пошто приѓа инфузии) Ленги-легни Бамбо-џамбо
Мендо - мечињата Пајо - патки Нани - уште да нанаше така ко што кажуваше Бејај - бегај Батко - буквата к чудно ја кажува (ја голта, ама се слуша некој звук). Толку ми текнува, ама нон стоп меле
Почна да збори вака: Копката- топката Чачето- чајчето И за сите зборови така.. Нешто како на пример дај гото хахаха Сврзува и повеќе зборчиња. Мамоо, дај аче, таниии Какана-какана сум Какам- ми се кака Уживам во овие моменти кога од бебе, преминува во мало човече. Брои до дејет А ла лу- i love you Од толку многу зборови, не ми текнува.
Сладолед- Фадоле Ждригна- Дринга Мравка- Главка со меко Л Портокал- Потрокавово Излезам- Злугам исто со меко Л Морков- Мокроф Кикирики- Крики крики
Пекоко - пеперутка Фонтана со акцент на фон Мамуче - мајмунче Бебе шак - бејби шарк Бега муа - брка мува Мао - мало Тота - торта
Најнови: Деде - дедо (по комшијата се дере, човек во години е Вистински дедо нема, за жал) Буба - бубачка Баде - балон Гол - топка И сеуште вика мате, само она и Господ си знаат што значи Не е маче, проверено , маче и’ е мау