Мојава на сите стари луѓе што ќе ги виде им вика баба/деде. И негувателката во градинка ја вика бабо. Многу е интересна кога отворам фрижидерот и се нацрта пред него и најчесто чоколадо или нешто блачко што догледа го сака, па и кажам дека тоа е благо после ќе го руча, а она почне да се дере благо, благо За срце вика т'те, маче-мау, куче-ап/ауу, пиле-пије, не сака-нете, точак-токо, лежи- јежи, уста- ута, чао-тао. Исто така почна и името целосно да си го кажува, ама наместо Р кажува Х.
Во секоја реченица си се спомнува себе си многу е смешна (Надја и е потешко па си се вика Надија Надија сака јади Надија оди даница (продавница) купи леб Надија сака оди клески ( крлешки) Надија мочка/кака оди солата (шолјата) Тетката боцна Надија во главчето Надија стана, Надија се азбуди (разбуди ) Надија земи куната (кујната) паи тота( прај торта) И најсмешна е сама си пеј Хепи бдеј ту ју, хепи бдеј ту ју, хепи бдеј мила Надија, хепи бдеј ту ју, Надија дува свеките
Ај и јас да пишам во темава Мау - маче Аф -куче Нани - спие Гув гув- прасе Аууу- волкот Мама- мама Папу - тато Каки каги - ова нонстоп го збори појма немам што и значи
Куче- Ау ау Маче - Мааааам Коњ - Ди диии Крава - Муу Штрк - Ишш Пајка - Пак пак Кокошка - Иииии Мечка - Бууууу Омилени ни се животните ахахаха За жешко - ф ф ф(дување) Мама- мама Тато - Папа (порано тата) Бебе -бебе И нешто кинески шо не ни го разбирам кога се расправа
Куче е 'ае ае (од лае лае) Почна многу да вика мене мене демек даде мене. Нане мене.. Не знам, знаат ли да се идентификуваат? Јас мислев мали се за тоа уште.
Најновото Ребра-зебра (одвај ја разбрав што е, прво мислев ребра за јадење ми зборува) Тирометри-километри од влатко лозановски
Паче, мац- маче Кола - бррр Тато - тата или татоооуууу Баба- бабоо Деде, мама, тета, нине Јајце- ајче Бега - бегај ( ова кога со сила и давам да јаде или кога ја пресоблекувам) Аде тао - ајде чао Крава - ууу Деца - дета Бебенце - бебече Нана - кога и се спие Ало- зборува на телефон Едно мама едно баба кога дели нешто Брои еден, да, ти, че Дај - дај Каки - кога ќе се искака Баамм- кога ќе и падне нешто Има уште ама не ми текнува. Еден куп зборови кажува кои појма немам што и значат. Знае да се "замуабети на телефон", со раката ставена на уво и си кажува нешто, се смее, ја ниша главата демек слуша од другата страна што и кажуваат Штом слушне нешто одма повторува. Си пее песнички по нејзино, многу е смешна.
Кога и прскам спреј во нос уште не почната ми вика Отовооо, бавооо Следно е пумпица, татко и уште не се доближил, отовоооо отовоо.. Столчите- столчињата Од стол-столчето- столчите... има логика хахах Ајде да смениме пелена и викам, а таа ми одговара- не какана... Бебето тука нани- и покажува на нејзиното креветче. Брои: еднии, дваа, тии, четии...пе, ше, седум, осум, дејет.. ама нагласокот е смешки.
Синоќа му викам дојди да те гушнам да спиеме, сам јас гушнаш ми вика Се стутка преку глава се покри со чаршавот, битно гунаш е, а нозете откриени и газот, ама он е гушнаш. Го гушнал прекривачот и мисли е гушнат Мислев заспал веќе станувам да средам низ дома, го гледам по мене станува Ежни тука и со прстето покажува на перницата, ежни бе паааа....