- папи - пари - папа - капа - иш - џиш (врело кога е) - брм брм - кола, количка, велосипед и се што вози - моо - мое ( и покажува со прстето кон себе дека нејзино било) - муу - крава (конечно научи а е едно од првите што ја имам учено) - так так так - квак квак квак (квакат патките)
Мојава почна да членува. Мамата, татото, името си го членува, конот, се. И конечно стана права женска - Купи тато
Аника- градинка Пикенет- пуканки Уната страна -другата страна Есечината- месечината Давница- продавница Мама, чувај ова, џими земе- мама, чувај ми го ова, џими сака да ми го земе(мачето) Ако одиме под сенка и излеземе на сонце одма вика, жеко е тука... покажува на сенка, таму не жеко...
Одиме во куќа број 89 (кај баба му живеат на број 89) не во куќа број 90 (ние живееме на број 90)! Ќе се симнеме кај 128 (улицата е обележана со некои бројќи по ивичњаците, ја поправаат)! Моментално е занесен по бројките, колите малку потпоминаа, сега бројки и бои. Мама може да пијам сокче од лимунче? (не чека одговор)Ако сокче од лимунче, да пијам!
И мојот викаше јода за вода, сега демек голем (накај 3 години) и му кажувам како ја викал водата кога бил мал - зајдува од смеење
Не го закачувувај Матуец! - Не го закачај Матулец (така го викаме) Матео готов ли си? - Уште 1 минутка! (кога го прашувам дали е готов со мочкање)
Дода - вода Иба - риба Капа - краставица Ама оди - сама да одела (да се пушта на лизгалка на лулашките во маало ) Аон - Арон (кучето) Дуда - дунда Тите - цице Тонте - сонце Ова што ми текна во моментов, иначе нонстоп меле нешто
Со месеци викаше фики туи и не можевме да дешифрираме што сака да каже. Конечно за неговиот роденден сфативме дека тоа значело свеќи дува После тоа дојде тучка кое исто долго ни требаше да сфатиме дека така се викало мечето од еден цртан што го гледа Сагаичка - слагалица Има многу зборови, ама дека меле како мелница веќе не ми ни текнува калви се не бисери има.
1 година и 8 месеци Типка - штипка Тики - кучето на комшиите Тики Пипче - чипсче и се што е грицки Ала - фала Тинки - маслинки И името си го кажува!
Јејеее... Ми го утепа газето! - викендов го згмечивме од гризење, штипење, не знам што ни бидна многу го замаравме и зема се соблече надоле гол и го шлапам по газето демек направил беља И сходно на сето малтретирање викендов почна на крај сам да бара, јас работам нешто у кујна иде соблака тренерка, крева маица и ми вика, Ај закачувувај ме Си става перница на земја и демек се сопнал, Татооо ти се утепа дететоооо.... тоа татко му го видел дека се сопнал и рекол ми се утепа детето и он си направил негова верзија А ако се сопне на трева одма вика Фаул!
Мамине - мамина Мау-маче Ау ау-куче Меме-мече Гоу гоу-топка Титааа-чиче Тите-цице Ла’а-Лара (мачката) Нане-кога и се спие исто и перницата ни е “нане” ам ам-кога е гладна оШе-вода
Тао - чао Бао - браво Како се викаш? - Еај (блиску е) Ако нешто скриеме - кај е? Аш. Тате Мама е - намама. Патка - ква Патики - АИ И еден тон што не ги разбираме сеуште.
Тцан - цртан Татко - трактор Отопок - октопод Кига - книга Туку само мојов ли не е заинтересиран за бои. Не знае ни една боја
Види мама мо(р)е! Абе не бе, не било мо(р)е, (р)ека со мост би(л)о! проаѓавме на мостот кај Хром, па божем не зеза. (л)Игавешче - лигавешче
Трча, трча, се мава некаде: ауч, мамииииии!!!! Доаѓа до мене. Мамуш, удив тука, тави ми нешто. Тоа нешто е фластер, ханзапласт. Во состојба е цела да се излепи. Исто и татко и, се удрил на раката а таа ми вика: мама, тато удил аката, дај ми нешо ставам. И му залепи ханзаоласт. Збори букваклно се, а ние уште дешифрираме.
Бобо - маалко кутре Ачо - Ацо комшијата дада чишш (и покажува со рачето на пупето) - дада и мочкала боол - топка чичо - чичко там- таму та - таа па - пак тао - чао И повторува се што ќе и кажеме ама не ги употребува баш во говорот сама. Важно цел ден збориме и дообјаснуваме за да се разбереме
Пак конверзација: Мама: Матео зошто си тажен? Матео: Се ска(р)ав со Та(р)а! Мама: Зошто? Матео: Ме закачувуваше. Мама: Ти што и рече? Матео: Немој Та(р)а, не ме закачувувај, ние сме д(р)уга(р)чиња, т(р)еба да се сакаме и да си иг(р)аме и да г(л)едаме заедно тевевизија! Мама: Ах син на мајка, прерано почна со проблеми со жените!
Сара оди земи ги патиките Не можам мама оди ти земеш Зошто не можеш ти? Неможам бои гбчето. Ова дека јас така и викам кога бара да ја носам во раце.