Мама: Матео сместа да си ги собереш играчките, знаеш дека ќе ти ги фрлам во канта (еднаш божемски ги фрлив ама стварно завршија во канта) Матео: (собира играчки со наведната глава и ја врти лево десно) Леле колку уоша мамааа (замислете дека ги завлекува зборовите дури збори) Мама: Зошто е лоша мама? Матео: Ме ка(р)а! Мама: Зошто те кара? Матео: Зошо не сум умен!
Ме изнасмеавте. Мене целото негово дрдорење ми е ем слатко, ем смешно, не знам што да издвојам. Најинтересно ми е дека не можевме да дешифрираме што му значи ''атопуто коаке'' . После сконтавме, оно да ти било втората реченица од неговата омилена песна ''Мотори'' од Дивље Јагоде ''аутопутом пролазе''
Сара, ајде мама намести го ова(и многу други работи кои и кажувам да направи). Мама, омоми ми(помогни ми). Ас не можам, мала сум.
Матео: Мама ти се п(л)ашиш од нешто? Мама: Не Матео: А од ајкула се п(л)ашиш? Мама ние на пизичко (физичко) вака веџбаме (пружа во страна рацете и наизменично ги врти со дланките нагоре надоле) Носи супа, исту(р)и супа! Ајде сега да се чешкаме (со рацете се истегнува лево десно навалувајќи се) Многу ни е убаво на пизичко, чичкото ни покажува како да веџбаме.
Љако - чоколадо Апл - јаболко Колд - ладно Мама лууук - мама види Вааај? - зашто? Вааат? Што? Каман - ајде Оукеј - добро Уан ту гоууу - еден два тргаај Толку ми текнуваат сега... Има и зборчиња македонски ама тие чисто ги кажува Ама англискиов ја влече ептен Матичната ме искара... Ама брат и повеќе гледаше цртани па не збореше вака англиски толку.. она не гледа мн мн ама ете и од тоа малку памти
Матео: Мама ај прашај ме дали сакам б(р)атче?! (на нас ни е интересно бидејќи децидно кажува дека нејќе братче и сестричка) Мама: Матео сакаш братче? Матео: ДА! (шок) Оди донеси б(р)атче, СА КАМ Б(Р)АТ ЧЕ!!!! Мама: Иди да му кажеш на тато! (шлап шлап со голите ноџиња по паркет) Матео: Тато сакам б(р)атче, одма!
И мојава многу памти. Пепа вуц е пепа прасе Брудер Јако' и е омилена песна. Иде во сите верзии. И кажаа татко и еднаш Опа дедо и еве ја денес така ја пее Хепи б деј ту јуу Спремна е за роденден
Пред некој ден направив торта и однесивме кај дедо. Ме трга,стави столче сред соба,на него тортата и пее хепи б деј ту ју и дува на замислени свеќи. Значи и ние сме спремни
Иако збори се некои зборови не ги кажува правилно па така: Капаче е пакаче Покри ме е копиј ме Банана е бабана
Го знаете оној феномен мал сум ама се сакам да кажам? Епа син мајкин, Резервирано запна да го каже и толку Варзавирано излезе на крај Мамааа многу сакам кај тете да одиме на гости, и рачињата сакаат и ноџињата сакаат и очињата сакаат, сите сакаме Мама ќе одиме кај баба на 89 на гости, ама ти ќе си дојдеш на 90, демек он сакал да остане сам кај баба му, ме брка дома. Хит му е кај и да одиме да запамти кој на кој број живее, само да ја види бројката е доволно па кога одиме некаде покрај тој кај што одиме ја кажува и бројката. Лифтот е иначе Ракета. Во саботата се спремаме да одиме на гости кај тете и он собира играчки за да си игра таму и си збори, Ете сега ќе одам кај тете, ќе си играме, чао цвеќиња се гледаме после и мафта со рачето Баш ни е забавно деновиве дома
Син ми вака: Е-Деен, Д-Ваа, ти, с(ш)ес(ш)ии, пет, --- (6 се изозтава обавезно), Се-Дууум, осум, девет, десееет. Ги нашишав вака за да доловам како звучат.