Точе - точак Такто - трактор Џанче - филџанче Таша - чаша Таша - Наташа Окче - сокче Ена бам - Елена ја бутнала на земја Еза - Елза Маче - маче Тета Ула - тета Јуле Мача - Маца Инка - калинка Мешо - месо Манџа - манџа Тајче - зајче Тато беги - тато бегај Ефки - цефки Ече - сече Доле - долу Пато - палто И уште многу зборчиња кои не ми текнуваат. Сврзува и по две - три зборчиња, се поинтересна е. Слатка е кога раскажува случка Ена бам, Таша не не! - Елена паднала, тетка Наташа ја карала! Ана папи, бам! -Ана имала опавче и ја кутнала на земја!
Дете мое ко навиено станува За нејзини 16месеци некако многу зборови ми учи одеднаш Мак-дедо Мраз љаи-ореви (ова дека на дијалект ни е орАИ ) мака-мастика бонте-бомбонче ајде папа-ајде надвор дај ака-дај рака ека-елка батка-батко ко Тошо од к15 е со баткава татко тетка Некогаш им вика убаво тато,тете, по ново татко/тетка научила Со денови ми вика “мама ека баааамм” и се смее и мава со рачињата,и дури синоќа ја прашувам свеки шо се десило дур ме нема, уствари елката паднала и на бебе му е пресмешно тоа И слујачно ја прашав што сака Дедо мраз да и донесе? И замислете ми рече “БЕБЕ” Три пати истото го повторува на истото прашање. Ах свеки свекииии
Ми се гледа рано некако А и уште на неа не сме и се изнарадувале доволно, башка цицалче залепено за мене.. осеќам грижа на совест уште сега дека нема да сум и толку посветена па затоа ќе одолговлекуваме.
Лили ме потсети, Жирафа - јаша Од другите: Јогдуг - јогурт Игајат- си играат Јепче - лепче Патки - патики Чојапи - чорапи Кеече - креветче Пеена - пелена Иже - лижавче Ценка окот - Црвенкапа и волкот Гои пашката - на волкот му изгорела опашката
Жирафа - јираф (демек англиски) Ни фалат букви, С, Ж, З се вон употреба. Мамо мамо иди јајче таму гое ( види зајче таму горе) Мамо дај чококака / чоколако (чоколадо на два начина) Нејќе нагика (не сакал градинка) Мое вози бела кола ам (ам/сам) Ради овие букви ќе тргнеме на логопед да му го исчистам малце говорот, мислам дека не секој го разбира, а три наполни сега . Друго е се како навиен.
Каваче-чоколатче Портокала-портокалова Ивапче-лижавче За жирафа велеше ивавапа ама сега правилно го кажува Кезеро-покрај езеро
Ја пееме песната Јас сум Црвенкапче мало девојче и она пее Ас сум клпчеклпче мао деојце... Доста песни научивме амаа кога ќе почне да ги пее ептен е смешна со зборовите
Дедо Мраз - Маз Цвеќе - цеќе Нос - нош Уши - ушшшшии Уста - ута ам Бебе е бебе ама послатко кажано. Надвор - таму (накај врата) Матеа (тетка и) - Мате Нема веќе - ашшшшш Бљак - бак Какано - как
23 месеци има ќерка ми! Мљаш - Дедо Мраз Мае- Маре Ика - елка Ебе - ќебе Шокче - сокче Шака тато доде - сакам тато да дојде ( ова е најдолгата реченица која ја има кажано досега)
Не знам од кај ги вади кованициве али пазите... Госкобине - господине Госкобјо - госпоѓо Госкобјице - госпоѓице
19 месеци ќеркичка и по цел ден зборува. Еве некои зборови кои во моментот ми текнуваат: Меме - Мече Јаје - Зајче Уоде - Вода Еуко - Елка и желка Тит тит - кога бара да цица Бојци- боички Гол - топче, лампион Тај - чај Иби - риба Апи - апче Поли - повели Баби - бамби Мау - маче Паче - пајче Буба - буба мара и сите други инсекти Кука - кукла Дојди, дај, да, на, мама, тате, баба, деде, бебе, ало, очи, нема, има. Англиски зборови: Апл- јаболко Ноу ноу - не Уајт - бело Јелоо - жолта Бај бај - чао
Сабајле и ја пеев Никола Никола. Попладнево ми вика Никоуа, не ја разбрав од прва, па ми светна дека сака да и ја пеам Никола Никола. После го усоврши Никола ама го кажува Ни Кола.
Татико-татичко бабко-бабичко дете *Јас и викам убаво дете на мама, и кога ќе почнам “убаво..” она довршува со “дете” дојдиии кај сиии *најчесто куклата бебе коа ја бара и вика “бебе кај сииии” и шпарта по сите соби и вика ли вика амм-кога сака да јаде моко-мокро моко е и за смоки некогаш кап кап-капки (кога треба да пие д3,сама бара) б’ка-јаболка (пак по дијалект, јаб’ка) меце-мевце аице-јајце коко-за киндер јајце емце(најслаткото Ц на свет)-кремче Пред некој ден пред спиење ја слушам вика “Тао меме, тао емце, тао Мак, тао еко,тао шишо,тао куке” или у превод “чао мече,чао кремче,чао дедо мраз,чао елко,чао шише,чао кукло” Од сите се опрости пред спиење. Кога излегуваме од дома и на телевизорот му вика чао