Вов е воз Од вовче.. логички е вов. Слон си е слон, ама слонови е снолови... Оние играчки наочари, без стакла се дупнати...
Проаѓа синоќа покрај мене, ме удара по г’з и вика “Мое дупе” (не го праиме ова со мм пред неа,не знам кај и текна) Пред спиење се мачи да заспие веќе, и ми вика “сака да нане”, ја прашувам “да те нишкам?” Одговара со “Да ПУФЛО” Пржев помфрит за вечера и вика “сака јаде п*че” - сакам да јадам компирче. Безобразна.
Татко и ја гњави и доаѓа ми вика: тато зачака. Татко и ја закачкал. Стикер на фрижидер како Медо држи тенџере - Медо јуфки јаде
Мојава веќе почна со блебетање. Ајде пусти Шука - ајде пушти Бушава Азбука Тате дај кајче - тате дај ми кашкавалче Седи цуци тука ти - кога ја остава цуцлата во кревет, така ѝ вика Ајде мањам со шампун - ајде да се бањам со шампон+сапун Дај мене саата - дај ми салата Нема паче веќе - нема да плачам веќе Мало маче душа (кога гледа мачиња на тв) Дај пенкоо цитам - дај ми пенкало да цртам Вози сама коичка - сама да ја возам количката
Тако - трактор Катки - патки Нендо - мендо Зјаче - зајче Брмба/Буба - бубамара Јајце Нане Око Гоооол - топка Брм брм - кола Дода - вода Ече - елече Пато - палто Пата - паста за заби Ало - телефон Гро гро - прасе Ка ка - ква ква за шатка Коко - кокошка Уоф уоф - за куче Мау - маче Бееее - овца Муу - крава Дииии - коњ Иха иха - магаре Мама Тати/тате Деде Баба Дада Нека стои списоков, да знам како ќе напредува синко Моментално е скоро 17м.
@happygirl одлична идеја да запишеме до каде сме. Емили 15 месеци скромно: мама дада баба тата Папа- ква ква за патче Меее- овца Ав ав- куче Беј- Ози Ајде- одиме Веве-кре кре жаба Ам ам - јаде Мама ееее-вода
Манџа - помаранџа Подебив - победив Јатки - јаготки Типс - чипс Скити попала - попара млеко со бисквити Каса со топчиња - овесна каша со било кое црвено овошје: аронија, малини, брусница...
17+ месеци, да си имам и јас евиденција Основни мама, баба, тате, деде, тете, дете Имитира звуци од куче, маче, кокошка, пајка, пиле, крава, волк, лав и тигар исто прави На татко му некогаш му вели Аце (така се вика) некогаш тате. Мене секогаш Мама Сите деца се Коко (по другар му Коко) Сите жени и млади и стари се Баба Сите останати мажи се ТАТ Ете го користи кога ќе заврши некоја работа на пр. Миење раце, заби, јадење... Ајде - ајде Буф - був Вау вау и куце - куче (2 те ги користи во последно, прво вау вау сега има напредок куце Ммм и маце - маче (исто и за маче) Цице - чиче Апул - јаболко ова најново од пред 2 дена, од цртаните на англиски Нана - банана Абе ајде и абе дете, често си ги вели Грчи за спијање, демек тато спија тој Грчи Тоа ми текнува сега во моментов, има и други зборчиња кажано, испуштено би рекла, оти не ги повторува, само 1 ќе ги кажи и после не.
Чисто за евиденција и јас Ајде Ете Еве Тао Фала Дај На Да Не Пиле Бубе за бубамара Коко за кокошка Чела за пчела исто и зуи Пупи за влечки/патики Меме и за мече и за млеко и се што е млечно, па чуди се ти што бара Џиш за жешко Блјак за грдо Мјам за убаво Ам ам за јадење Бр за вода Ниш за нишалка Виуу за лизгалка Пиш за пишување Мет за да мети Бриш за бришење Меш за да меша кога готвам Миј за да се мие Ова е?.. за да и кажуваш што е или како прави или сама поврзува на пример ова е меме Мама/ маме на галено или маја ако се изнервира на име Тата/тате Баба Дедо Тете Бебе Биби Бобо Пипи и за пипи како име на една кукла и за пиперка Ги емитира скори сите животни кои сум и ги кажала како прават Пам за падна Бам за топка Брм брм за кола Вууу за авион Нана за спие Брои ено две тли пет... Поврзува по 2 до 3 збора од овие на пример ова е баба, ова е мјау, бебе нана, меме пам, биби ниш ниш, ова е џиш и сл прости реченици кои имаат логика. Има можи и други ама не ми текнуваат.
Ја глеаме месечината прееска и ја почнав да и ја пејам онаа српската песна Месечина .. Се возиме во количка после два саата и ја слушам : “Месечилааа,месечилааа,ооој ооооојјј”