Исто на истата песна, игра се со ред, раце, нозе, очи, уши.... и тоа и на англиски и на српски најсмешен ми е ко ќе мава со ногата
Оваа и е омилена песничка уште од мн мала и ја играше демек плескаше со рачиња, а и онаа исто со раце горе долу што беше и таа креваше рачиња. Сега исто многу ја сака онаа што е head, shoulder, knees and toes. Покажува како што прават тие. Мн се интересни.
Почна да отвара со говор А чи- кивање Ајде ајде Дај дај Многу почист говор и поразбирливо. Почна да ги пее песните од кокомелон Џони Џони јес папа она вика ха ха на крај точно знае кога е тој дел.
И кај синко има напредок не ми текнуваат сите ама секој ден кажува нови зборчиња т.е. повторува по нас, пробува се да кажи на пр: Кола - коа Пајче - паце Мотор - момо Камион - мио Ирена - нена, вчера цел ден Нено, Неноо Исто и мамоо, мамооо Исто си пее еве неколку дена, вака е песната Мама, тато, баба, Гого, мама, тато, баба, Гого......
Ќе се чудиш колку ги знае сите песнички. Допрва интересното ви почнува. За жал моиве само англиски слушаат и од таму научија да бројат, азбуката, па јас се трудам и на македонски напоредно да им кажувам.
Кола Тетка Паи-пари Чаши Око/ока за множина очи Има уште неколку нови овие дена ама не ми текнуваат во моментов.
Маска Мога - нога Мата-Маша Мока - Мочка Кака за какање и за се што е ѓубре Буба-бубачка Лака-рака Мој *Мамо види воа коњ Каде мама? *Нема Почна секој збор да го повторува по нас.
Врзува по 2 збора последниве 2 дена. Пр. Мама паи - мама пари Мама кола, и нешто слично, песните си ги тера уште, Мама, тато, баба....вечерва си пееше Мама кола, мама кола, вчера Мама паи, мама паи Нови зборчиња, колку што памтам: Паи - пари Кола е сега кола Топ - стоп Аче - зајаче Вода Спасе - Спасе ова денес не пресмеа Ото - возот Нема (често го употребува кога ќе снема нешто, на пр, тв кога ќе исклучиме И најинтересно сега го прашуваме, Ја сакаш мама - НЕ баба, тато, дедо НЕ НЕ само Не
Хаха копија и мојата. А прашај а дали сака на папа, да и трга на кај врата Нови: Тао-чао Давоо-здраво
Бак за бакнеж Пиј за пиење Кико за другарка ми Кристина Беј за бегај Маки за маче Леле има уште многу нови, ама ањ блокирам кога сакам да ги запишам. Сврзува многу посложени реченици, на пример вчера викаше - мама чаши пиј пиј, или - ајде капај бебе и сл.
Аман бе дружино,и тука сте ја запоседнале темата Не збори сеуште за да го разберам што е што, освен : Папа-Врапче
@hello-kitty.90 така одиме заедно во пакет секаде, ајде бујрум Еве од денес Сабајле ко станавме се гледавме на огледало и му велам: Гого мој. И тој вели Мој, Мој вака можи не е нешто Вау ама за мене е достигнување Вчера бевме кај фонтаната и му велам Ајде да одиме кај фонтаната и тој вели Тана Секогаш кога поминува камион, дома се слуша од главниот пат и само прави Моууу Мооо (ова само кај нас се употребува, а Битола е Боо) се фаќа за глава демек Моо колкав е камионот голем, за се големо вака прави Морам да запишувам одма во моментот оти ништо не памтам
Ее и јас се радував на мој ама веќе не. Грабе играчки и му вика мој на децата. Исто ако ме чепне мене некој, вика мој. Многу е себична станата, не беше воопшто.
Нос - мос, и тоа завчера ги забележав дека цело време м викале Дома - мома (и ова тешко се заприметува и само препрашувам од што ми е преслатко да ги слушам) Жаба - шаба Бинго(кучето од комшииве по песната го завикавме Бинго) - Биго, а малиот вика Бимбо Има еден куп ама овие така си ги памтам оти ми се смешни.
Пупа-пупка лепче Макам - ново сакам, претходно беше акам Вчера цела вечер во сон викаше неќам, и со прстето караше некој Кис - kiss Бај - чао