Хмм, како мала су мкажувала смешни зборчиња, но врвот ми беше ова. Сум седела кај баба ми дома и било време за ручек ијас секако месарка и сум сакала месо да ми направи баба ми, ама што, и сум отишла до фрижидерот, а неможам да го отварам и упорно фикака сум барала и после 10 минути расправање со баба ми, она ми го отвори фрижидерот, јас виршлите ги земав и и викам: E ова е фикака.
Од внука ми, само што наполни 2 години лода - вода јода - јогурт а кога незнае дали сака јогурт или вода вели - јоџа пак - лак тоти - зошто тале - цигари тани - стани мешо - месо гачке - играчки
Кога сум била малечка татко ми сум сакала да го викам Татичко, но не ми успевало баш да го изговорам зборот па сум го викала Такочо.
ајтуле-ајшуле нина мона-симона онана-јована мате-маче туте-куче дода-вода тоте-сокче дедо будо-медо брундо
Меѓу првите зборови што ги кажа ќерка ми беше нејзиниот термин за ЛАВ и тоа ни поише ни помалку АБАМ, тоа му доаѓа скратеница од АЛБУМ. Додека јас да сконтам дека на албумот од животинско царство лавот има највидно место доста време се чудев што зборува дететво Сега уста не затвара и полна е бисери, освен што зборува во рима најнов хит и е дека ќе оди на СТАДАДОН и таму ќе јадела ТИТИРИТИ (скарана е со буквата К) а дека името и е баш на таа буква хит е кога ќе ја прашаат како се вика.
чашиша-чаршија атата-вратата т’ка-топка јајам-карам ете-дете И разни приказни на негов јазик. Штом види оти му облекувам јакна, си ја бара капата и пробува сам да си ја стави и се тегне цел накај врата и вика се смее чашиша оти знае ќе шетаме. И ако кренам прст и му кажам полека не брзај, ома јајам(ќе те карам се смее и мафта со прсте у вис) Смешки живи сме со малиов палавковец мој
Ноел вие македонски си зборувате ? Ние мешаме и мак и германски ! Малава сега за сега си ѕбори по нејзин јазик Инаку многу е дружељубива , секој го поздравува со Халлооо и обавезно Tscüß Чусс За јаболко вика Апе Кога ке и реЧам да седне вика ЧуЧ