Искрено не проверив дали постои темава или не, но се извинувам доколку е дупла. Бидејќи во последно време постојано ги разгледувам огласите и не често налетувам на смешни, да не речам прости огласи, каде објавувачот или незнае што бара, или за позицијата има поставено такви критериуми што ти доаѓа во еден момент да незнаеш дали да плачеш или да се смееш ко луд. Да навистина правото за поставените критериуми е негово, а твое е да одлучиш дали ќе одговориш или не. Но, мислам дека редно време е малку да им ги спуштиме тие критериуми и на некој начин да допринесеме за нивна едукација во однос на објавувањето на огласите за вработување. Па така вистинското име на темава би било Ѕидот на срамот на огласите за вработување. Претпоставувам дека повеќето луѓе кои барале работа некогаш наишле на некој смешен и бесмислен оглас. Ваше е да го постирате овде. Но не би рекла дека е потребно да се постира и фирмата, односно објавувачот, со цел да не настанат некои правни недоразбирања. Затоа што во нашата мила земја се е возможно па дури и невозможното. Е сега свесна сум и дека огласите на секој различно ќе влијаат. Некои од вас нема да се согласуваат, некои можеби и ќе се пронајдат во нив. Но, како и да е, ова е сепак личен став за што треба да стои а што не треба во огласите. еве еден пр. Целосен оглас: Се бара лице за продажба на пијалоци од женски пол до 35 години со завршен испит TOEFL. (баш ме интерсира која платата ќе ја исплати господинот затоа што полагањето на тоефелот изнесува 180$)
Имаше еден оглас Пицерија бара пицер Друг пак имаше пишано дека им треба фрижидер со работно искуство. Штета што немам слики од огласите но ги имаше на интернет.