1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смислата на животот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 27 април 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Смислата на животот...

    Луѓе од самиот почеток на човештвото се обидуваат да најдат одговор на прашањето која е смислата на животот. Па се разбира тоа е нешто што не прогонува сите овие години, бидејќи, тоа е нешто што го правиме на оваа планета која лебди во просторот што ние го нарекуваме универзумот,одма ќе се запрашаме: Што е универзумот? И сето тоа е некако бесмислено, барем за овие нашите умови. И од сето она што можеме да извлечеме еден милион прашања за кои можеби никогаш нема да се најде вистинскиот одговор. За нас ова е навистина многу мистериозен живот.

    Смешно или не,може ние сме нечив RealSims :D

    ....сеуште талкаме по смислата на животот = вечен пат?
    И така човекот сите овие години е во потрага по некои логични објаснувања. По сето ова пребарување и најде некои работи кои тој ги смета за смислата на животот....но дали е тоа вистинскиот одговор? Па секако дека е тешко да се прифати дека ние не знаеме кои сме и што сме бидејќи нашиот ум има за цел "логично објаснување" за сето она што се случува околу нас. Па зарем не е целиот наш живот "логичен"?
    Се што правиме служи за нешто, а ако нешто направиме и тоа нешто не ни послужи,одма тоа се смета за бескорисно.Логично е да се има амбиции,желби цели, нелогично ќе беше да ги немаше.А пак сите оние кои отстапуваат од правилата на општеството се чудни, за нив одма ќе се рече немаат "смисла на животот"....а вие имате?
    Човекот е таков, тој сака да дели правда и да осудува,а сопствените грешки не ги воочува и прави некои лични идеи за тоа како нешто треба да биде. А ако не, тогаш тоа е во ред...бидејќи тој смета дека е посебен и ја има смислата на животот.Ако ја има, кое е тогаш таа?

    Од своето основање човекот не е променет многу. Во суштина останал ист, егоистичени, своеглав.
    Како и да е, да не одоговлекувам многу,бидејќи постојат безброј примери во човековата потрага на овој одговор....
    Мислам дека не постои објаснување,со кое ќе се разјаснат сите чуда на светот, одговори на сите наши прашања, значењето на сите наши болки и разочарувања.Такво нешто е илузија да се бара, барем во оваа фаза од нашиот животен развој.
    Можеби еден ден ќе воочиме и ќе разбереме кои сме и што правиме тука,која е нашата цел, но до тогаш (секако по многу илјадници години) ние треба да се помири со фактот дека одговорот на тоа прашање нема да го знаеме во ова време на нашиот живот, туку само ќе можеме да си направиме лични дефиниции за смислата на животот.

    Знам дека можеби многумина не би се сложиле со ова, но ајде да видиме различни мислења и ставови за тоа која е смислата на нашите животи?
    Мојот одговор би бил: штом сме тука каде и да сме,има нешто имаме некоја цел, а тоа е градење на задоволство и успех,основање на семејство-оставње на свој потомок.
    За жал кога ќе увидиш колку невини луѓе умираат, колку војни се водат ЗОШТО? :(
    Иако, пак ќе речам сигурно не е точниот одговор, тоа е мое размислување,зошто сметам дека не постои сеуште точна дефиниција за смислата на животот, но сепак...ајде да видам и ваши размислувања.
     
  2. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Јас мислам дека смислата на животот освен да оставиш потомци исто така е и да постигниш нешто повеќе од претходните генерации,да му овозможиш подобар живот на твоите деца.
    Смислата на животот е што ти дава шанса да се усовршваш во текот на целиот твој живот,да го изживееш максимално,а притоа да оставиш некаков белег.
    Исто така е и мотивацијата и целта која самиот си ја поставуваш,без нив нема никаква смисла животот. :)
     
    На ubavica25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.057
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано една добра изрека, дека поентата на животот не е да живееш вечно туку да создадеш нешто што ќе живее вечно. Мислам дека тој што го кажал ова е во право и ја погодил суштината на нашите животи.
    Пример за ова се Никола Тесла, Марија и Пјер Кири, Џејмс Ват, Александар Бел и многу други кои создале автомобили, авиони, бродови и се она што го имаме денес. Нашиот живот го имаме за нешто многу повеќе од само одење на училиште, на работа и создавање семејство. На човекот му е дадена огромна моќ но не секој ја користи. А треба, затоа што во неа е суштината, да создадеме нешто за идните генерации па макар тоа да се и само совети и патокази кон нешто добро и корисно. Да не заборавам да ги споменам и музичарите, прво класичарите од кои се' почнало па потоа легенди како Фреди Меркјури, Курт Кобејн, Тупак итн. Па режисери и глумци кои зад себе оставиле филмови. Писатели кои на наредните генерации им оставиле цели богатства - книгите. Секој може да направи нешто што ќе продолжи да живее, само ако има волја.
     
    На browneyes_, Tanjamm и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Хедонизам.
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.718
    Допаѓања:
    42.934
    Пол:
    Женски
    Секој живот има своја смисла, верувам дека секој човек си ставил барем 1 таргет кој треба да го постигне.
     
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе чекорам низ животниот лавиринт и колку повеќе мислев дека сум на правиот пат до излезот...колку повеќе менував мислења, колку повеќе се менував сама себе......и колку повеќе се приближувам до крајот на животот кој нема ретурн на играта ..СФАТИВ дека НЕМА никаква СМИСЛА животов...ама баш никаква.

    Понекогаш го прашувам Бога која му била причината што не створил!??
     
    На Dashing:), orevka и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Јас својата ја пронајдов

     
    На Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ахххх, душо моја, да знаеш само и јас колкупати сум го рекла тоа, колку пати сум помислила дека сум ја пронашла смислата на животот!

    не, нееееее..животот е една огромна сложувалка во која секогаш недостасува едно делче, а тоа е тоа, смислата на животот..и така ние местејќи ја сложувалката, го минуваме својот живот и секогаш чувствиваме некоја празнина, некое незадоволство, некоја неисполнетост, некоја чудна состојба дека не си постигнал тоа што треба и се така....Некои верници велат дека тоа делче што ни фали во сложувалката всушност бил Бог...
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Се сложувам потполно и ваква сум каква што сум бидејќи го пронајдов Бог, а на крај сфатив дека треба да се пронајдам одново себе си.
    Научив дека нема одење по план, реализација на макотрпните дела и сл. но го сменив начинот на доживување на нештата, медитирам, се молам, разговарам со себе и доживеав откровение по кое максимално уживам во секоја секунда од денот, и кога боли и плачам го правам тоа со гордост и уживам зошто тоа е нешто што во моментот е најдобро или за моето тело или за мојата душа.
    Околинава не ме препознава, начисто сум нова личност, и стасав до едно психичко ниво кога буквално во секој момент сум во состојба и место кое за мене е најсовршено предодредено од страна на универзумот.
    Силна е моќта на нашата потсвест, штом еднаш го откриеме начинот на управување со неа - чуда се случуваат
     
    На baba Rada и cooll им се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Јас по природа сум нихилист, или еве во најмала рака поддржувач на апсурдизмот. Така што ако се водам по второто, сметам дека животот нема смисла, ама штом сме веќе тука треба да уживаме во него, зошто и така брзо поминува. :D

    Сакам да се препуштам на задоволствата што ги нуди, пример да јадам храна колку и каква сакам без да ги бројам калориите, да одам таму кај што ми се оди, со тој што ми се оди без премногу да го анализирам секој чекор и работа дали е правилна или не (а сепак, во последно време често ми се случува ова преиспитување).

    Или еве ако размислам, нека биде љубовта - онаа универзалната, кон се' на светов. Да оставам некој печат на светов нема, како и многу други луѓе, од причина што кругот на луѓе што ќе ме знаат во текот на целиот живот е мал, и тие еден ден ќе ги нема, така што и јас еден ден ќе отидам во заборавот, колку и да сум значела на некој и нешто значајно да сум направила за нив.

    Некако, се прашувам зошто сме дојдени на светов кога се' што правиме е учиш добар дел од животот и потоа работиш до крајот на животот, со неколку "мали задоволства" вметнати ваму и онаму. Не велам дека треба се' во животот да биде задоволство, далеку од тоа, но не може а да не ме копка дека мора да постои нешто друго освен овој, типичен живот што го водиме.

    Иако сум агностик, сепак си велам можеби на крајот ќе дознаеме, и нешто ќе се случи после смртта, дека всушност на некој начин ние вечно ќе живееме. :) Не го поврзувам тоа со Господ, туку имам некоја нејасна замисла за после смртта, што ќе видам дали ќе ми се исполни за едно 50 години. :D
     
    На Angie24 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  12. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Понекојпат мислам дека ништо нема смисла и се чуствувам безнадежно
     
    На Nalutena1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Најголемата животна заблуда во која со години опстојував е дека сум поинаква и веројатно попаметна од другите. Воспитана сепак, не го покажував тоа, животот го живеев по ред, но постојано во потрага по неговата смисла.
    Зошто се некои среќни и смирени без особена видлива причина, а други кои имаат навидум се, проклето немирни?
    Ме фасцинираше човековата природа, генетика, животните и семејни кругови.
    Мислев дека сама ќе ги откријам сите вистини.
    Но, испадна дека сум имала помош, дека постојано заштита ме пратела.
    Открив дека човековата гордост е толку многу голема да ја замаглува вистината лесно.
    Открив дека многу луѓе за себе мислат дека се поинакви и неправедно животно оштетени.
    Открив дека давањето во било која смисла, најголема исполнетост прибавува.
    Открив дека онаа поговорка дека добриот и будалиот се браќа ја разбирам погрешно.
    Научив да се стрпам, почекам и заблагодарам.
    Научив да се отварам пред познати и непознати, да давам и барам и секогаш добивам токму она што ми е во моментот најпотребно.
    Толку многу непроценливи моменти на спокој, откако го открив Божјото во себе.
    Откако открив дека сме сите исти и од исто направени. Дека сме во сета шареноликост од народи и раси сепак толку многу еднакви и слаби како единки, а јаки кога сме заедно.
    Се што ми наликуваше на медиокритетство сега ми е блиско и мило, бидејќи се чувствувам како дел.
    Ова парче време што го живеам е само дел, многу мал дел од вечноста.
    .
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Вечниот живот е ветување од Бога за оние кои веруваат во него.

    И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.
    И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”
    Откровение 21: 4,5
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.057
    Пол:
    Женски
    Како верник, смислата на животот ја поврзувам со Бог. Но ќе објаснам од поинаква перспектива, да не испадне проповедам нешто. :D
    Смислата на животот ја гледам во љубовта. Избор на љубовта над злото. Затоа што, само кога живееме со љубов во срцето, тогаш сме среќни, тогаш ни е убаво, тогаш сме живи. Злото го предизвикува обратното. Животот е постојана борба меѓу овие две сили. И ние се бориме. Љубовта е победа, а злото пораз. Треба да победиме. Ете тоа е смислата. И до крај да останеме на нозе, колку пати и да паднеме, секогаш да се дигнеме. На крајот, да бидеме најдобра верзија на себеси, затоа што тука не завршува сѐ. Секој крај, нов почеток.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    Смислата на мојот живот е: одмаздата.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Да бидеш среќен/на, и да ги правиш луѓето кои ти значат среќни како што знаеш и умееш - притоа без да ја жртвуваш твојата среќа. Што и да значи тоа индивидуално за секого.
    Толку.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Од биолошки аспект, животот претставува само правилно функционирање на органите по раѓање на одредено суштество и главните карактеристики за тоа суштество да биде одржано во живот е да преживува врз основа на своите инстинкти, и под влијание на хемиската реакција на хормоните, да се размножува со цел да не изумре како вид.

    Така е и со човекот бидејќи и самиот тој претставува суштество. Со појавата на свеста, когнациите, моралот, интелигенцијата, човекот станал многу збунет и се прашувал зошто воопшто постои.

    А одговорот на ова прашање е дека човекот нема посебна цел за животот. Тоа останува како една празнина која никогаш дотогаш не постоела, и до човекот зависи како тој ќе ја пополни таа празнина.

    Би рекла дека ова е како една последица која не била предвидена во рамките на сите животни, но кај човекот тоа сега преставува еден исклучок.

    Многу луѓе со векови, уште со самата појава на античките цивилизации, луѓето ја барале причината за своето постоење, а најголемата мисконцепција е тоа што претпоставиле дека смислата на животот е дел од објективната реалност, а тоа не е точно.

    Кога смислата на животот би била дел од објективната реалност, тогаш и сите други суштества на оваа планета би го знаеле тоа, и истата би била универзална за сите.

    Но бидејќи кај човекот, како исклучок, се појавило ова прашање, тој не е свесен дека мора самиот да создава норми, правила и принципи по кои ќе живее и тоа бидејќи тој едноставно не може да живее како животно.

    Така, смислата на животот е дел од субјективната реалност, слично како што во неа спаѓаат и сите човекови илузии.

    Човекот, би рекла, дека чувствува притисок. Притисок кој постојано го прогонува со помислата дека залудно го троши својот живот и своето ограничено време на планетата Земја.

    Тоа е бидејќи тој не може да психички да поднесе дека нема никава цел во животот. Затоа многу луѓе кои се соочуваат со егзистенцијална криза се најчесто под депресија.

    Па, мојот заклучок од ова е дека, оригинално, смислата на животот не постои како објективна реалност и зависи до секој човек посебно да одреди што ќе прави во неговиот живот за да се чувствува исполнето.

    Со други зборови, смислата на животот е вметната во субјективната реалност поради една причина, а тоа е дека човекот никогаш не би можел да остане ментално и психички здрав кога само би живеел во објективната реалност, како животните.

    Смислата на нашето постоење е само уште една илузија која не спречува да извршиме самоубиство, бидејќи сме премногу нарцисоидни да го прифатиме фактот дека сме само уште едно животно во шумата.
     
    На Angie1432, BoneMachine и blueeparadise им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
  20. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.385
    Пол:
    Женски
    • Во кого или во што ја наоѓате смислата на вашиот живот?
    • Според вас, што значи да живееш добар живот? Дали постои добар живот?
    • Кои активности ве прават да се чувствувате дека го живеете целосно животот?
    • Кој е најдобриот начин за да бидете среќни?
    Ајде малку да пофилозофираме на оваа тема. :)