Од ден на ден ја учам смислата на животот. Денес ја сметам за едно, утре можеби за сосема друго. Смислата на животот почнав да ја наоѓам во многу нешта, сметам дека таа лежи во секојдневното задоволство кое сами си го создаваме и во уживањето и ценењето на малите нешта. Смислата на животот според мене е да го живееме него максимално и целосно да уживаме, а животот е секојдневието. Смислата на животот е искуството, негативно или позитивно, тоа е она што не формира како личности. Колку повеќе искуства, толку подобар живот. Секако, соодносот треба да биде: позитивни искуства > негативни искуства . На крај на денот, некогаш во иднина, кога ќе имам деца, внуци, па и правнуци, сакам да имам што да им раскажувам, моите животни искуства, кои ете, можеби би биле и некаква поука за нив. Тоа според мене значи и да имаш добар живот- да имаш семејство, семејство кое ќе те сака и почитува и со кое ќе можеш да ги споделиш сите твои животни искуства и доживувања, авантури и патувања, а битен елемент тука се и пријателите. Поконкретно, смислата на животот ја пронаоѓам во семејството и пријателите. Сите моменти, сите искуства, ни се со нив. Здрави, среќни, радосни... со многу доживувања. Инаку под семејство го сметам и моето домашно милениче, многу битен дел од моето секојдневие . Добро, јас смислата на животот ја наоѓам и во патувањата, особено оние летните, покрај море . И во кафе, и во книги, и во музиката... и во многу други мали, навидум воопшто небитни нешта. Кои активности ме прават да се чувствувам дека го живеам целосно животот? - Времето поминато со моите најблиски, со моите сакани. Патувањата тука се битен елемент, тие ни ги даваат најважните искуства и поуки. Секојдневните навики и уживање во секојдневните, мали нешта, придонесуваат кон живеењето на среќен живот. Најдобар начин да бидеме среќни е да живееме, да живееме здрави, среќни и исполнети, по наша сопствена мерка и желба
Ајде прво ќе одговорам на прашањата па ќе изфилозофирам малку после тоа. - Смислата на животот ја наоѓам во времето поминато со семејството, воспитувањето на детето, создавањето и творењето, благодарноста за секој момент што го имаме на светов. - да живееш добар живот значи да имаш кров над глава, да имаш храна во фрижидер, да живееш во мир, да имаш мирен сон. Но исто така значи И да живееш по свои правила, да имаш чиста совест, да го работиш тоа што го сакаш и да си слободен. -се чуствувам дека целосно го живеам животот кога творам, кога патувам, кога учам нови работи, кога излегувам од зоната на конфор и кога ризикувам. - најдобриот начин да бидете среќни е да си ја гледате својата работа, да ги следите своите соништа, да не правите компромиси за работи кои ви значат, да бидете сакани и да сакате, да го живеете секој ден свесно, не чекајќи да дојде утре, петок, викенд, одмор, нова година.... За крај дали “среќата” е преценета?! и дали среќата е многу висока цел за постојано да се достигнува? За мене среќа е ефурочно чувство кое не изместува од оската, често после голема среќа настанува и голема празнина, зашто среќата не прави зависни. Повеќе би сакала да имам мир, да сум во хармонија со себе и со околината, да имам спокојство во душата и чисти мисли. Мисли кои нема да ми носат тежина туку ќе можам да се фокусирам на моментите од животот кои ми се случуваат овде и сега.
Многу луѓе се измачуваат себеси барајќи ја смислата на животот. Според некои смислата на животот е да се постигне голем успех и материјално богатство. За други да се основа фамилија и да се биде опкружен со блиските. За некои, пак, смислата на животот е да се пронајде внатрешен мир и да се постигне максимален развој на личноста. Но, она што сите го забораваме е дека суштината на животот се крие во малите, секојдневни работи на кои воопшто не им обрнуваме внимание и дозволуваме да се препуштиме на рутината и стресот наметнат од обврските и брзото животно темпо. Забораваме дека главната смисла на животот е да се биде среќен.
Смислата на животот е да седнеш, испиеш едно кафе во дворот, да го гледаш небото, да ги слушаш птиците. Убав човек има и убава мисла. Другото е свесно нурнување кон филозофското дно.
Кога за миг ќе застанеш и ќе се свртиш назад ќе забележиш колку е краток животот. Верувам дека ќе се покаеш за секое потрошено време на глупости, на кавги, расправии, за секоја солза и за секој момент кој го немаш искористено во целост. Тогаш ќе ја видиш и смислата на животот, ќе видиш дека животот е едноставен, дека навистина едноставни работи те прават среќен, ќе забележиш колку едно цвеќе може да ти го поправи денот, колку утринското кафе сама со себе ти влијае добро. Ќе сфатиш дека твојата фамилија и најблиската пријателка ти се се во животот. Ќе сфатиш дека секоја расправија со некоја личност е залудно изгубено време, дека секое паѓање во депресија е време кое некогаш ќе сакаш да го вратиш и да го поправиш но нема да можеш. Смислата на животот е во едноставноста, во сакањето, почитувањето!
Живеј си го животот како тебе ти прилега.Нема потреба да зборуваш за твоите планови на другите. Тогаш тие ќе ја изгубат смислата.
Смислата на животот ајде некако ке ја пронајдеме вака или така.Али да дознаеме од каде се почнува знаеме се има почеток и крај али свемирот нема почеток и нема крај ,навистина многу збунувачки.Никој не ја знае и смислата на животот ..имаме убијци ,мислам од луѓето нема полошо суштество и позлочесто.Колку можи еден човек да измачува друг човек или дете или неко живо суштество,дали тие сватиле дека тоа е смислата на животот.Многу пати ке слушнеме животно.Па и животнито има душа ,има осет и тоа чуствува болка.Многу емисии сум гледала во врска тајната на создавањето на светот и животот али секој почнува човеколики мајмун ,библија,па од каде човеколики мајмун од каде бог од ништо значи нешто и се во круг.
Не ни помислувам на темава, ама на моменти сум се запрашала зошто на некого се му оди убаво, некои луѓе се раѓаат во развиени земји и можат да направат достоен живот за себе и за нивните. Други пак се раѓаат на места каде што ни животни, ни никој не би издржал и шансата за основни услови за живот е минимална или непостоечка. Деца што умираат од страшни болести, а уште не ни виделе ништо од животот. Ова многупати ме има фатено во мисла, и неам претстава зошто е така, затоа и избегнувам да мислам