Смислата на христијанското воспитување

Дискусија во 'Религија' започната од meleh, 12 април 2013.

  1. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Ние бивајќи навикнати да го гледаме секој поглед од нашиот живот во светлоста на Божјите заповеди, нашите желби во односот со нашите деца би можеле да ги изразиме на овој начин: децата за да се воспитуваат христијански значи да им се помага да го добијат она што Св. апостол Павле го нарекува „обличје, или образ Божји“. Во грчкиот јазик збор за образување е морфосис „образување, вообличување(обликување)“. Апостол Павле зборува за Христа, Кој бивајќи во обличјето Божјо, го зеде „обличјето на слуга“ (Фил. 2, 6 - 7). Како што и Светите Отци говорат, „Бог стана човек за да може човекот да стане бог“. Тука можеме да видиме дека постои взаемен однос помеѓу образувањето и Божјата промисла за наше спасение. За сè што ќе зборуваме ќе се однесува само на ова: кавов облик на битието сакаме за своите деца?
    Ако цел на нашиот живот е достигнување на Божествениот живот, тоа значи дека секој момент има премногу големо значење; кон секој поглед од нашиот живот треба да се пристапува мудро. Сепак, човечката мудрост не е доволна за живот според заповедите Христови, без Христос ние не можеме да исполниме ништо Божествено. Самиот Бог ни го нуди Својот живот и ние засекогаш сме Негови созданија, што практично значи дека сите ние, а не само духовниците, би требало да го го прашаме Бога што да правиме, што да кажеме и како да го изразиме она што го зборуваме. Во воспитувањето на деца, познавањето на детската психологија, или пак, најмалото чувствување на своет дете, нема да нè води он Вечниот Бог, доколку, исто така, не ја призиваме преку молитва Божјата благодат. Мораме да се молиме наутро, навечер, во секој моментт, кога ни е потребно да ја знаеме Божјата волја, и да се научиме да го препознаваме Божјото вдахновение. Со помош на молитвата ја постигнуваме највисоката цел: да се спасуваме и да им помагаме на своите децата да се здобијат со живот вечен.
    Децата во христијански дом растат во заедницата на бракот. Можеби зборувањето за бракот се чини оддалечување од темата, затоа што решивме да говориме за децата, но не е така. Се работи, за тоа како правилно да поставиме темел, пред да започнеме да да ја градиме самата зграда. Кога родителското сфаќање за бракот е искривено, или кога на родителите им е нешто друго поважно од сопственото семејство, нивните деца заради тоа страдаат. И друго - децата мораат да видат пример во своите родители и за сопствениот брак во кој ќе стапат подоцна.
    Во црковните кругови многу често може да се слушнат расправии во кои ги споредуваат бракот и монаштвото, при што се добива впечаток, врз основа на она што го зборуваат луѓето, дека овие го мразат монаштвото, а оние бракот. Децата страдаат, ако нивните родители го запоставуваат бракот и семејниот живот. Поради тоа би сакала да нагласам дека бракот е еден начин (пат) за човековото спасение. Од расправијата која ги споредува бракот и монаштвото ретко може да има полза. Секој мора да го пронајде сопствениот пат за спасение, барајќи од Бога да му покаже кој пат за него е најдобар – за да го „гради своето спасение“ (Фил. 2, 12) во околностите кои му се дадени од Бога. Ние го доведуваме во прашање своето спасение не со тоа што го бираме овој или оној начин на живот, туку со тоа што отстапуваме од Божјата промисла за нас лично. Никому не му е дозволено да стане монах затоа што го мрази бракот , никој не би смеел да се жени затоа што го мрази монаштвото.
    Христовите зборови за монаштвото покажуваат дека Он го смета за начин на живот кој не е достапен секому (Мт. 19, 11). (Затоа што тоа е така, тоа е тајна за нас – тајна на Божјата слобода и нашата слобода). Ние го имаме Неговиот збор како потврда, Божјата потврда за брачниот живот и благослов да му пристапиме: „Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена. Затоа човек ќе го остави татака си и мајка си, и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, тие веќе не се двајца, а едно тело“ ( Марко 10, 6–9 ). Христовото прво чудо било претварањето вода во вино на свадбата во Кана. Од обредот на венчавање во нашата Црква гледаме дека ова чудо се смета за знак на Божјиот благослов врз бракот. Самиот Бог на човечкиот род му го дол бракот како Света Тајна и начин на живот: ова значи дека бракот е пат за спасение, кој води во вечен живот. Христос не го наложил монаштвото како општо правило за сите – Неговата заповед е да го љубиме Бога со сето срце и душа и ум и сила, и нашире ближни како самите себе. Пред Христијаните кои веќе се наоѓаат во бракот и им се раѓаат деца, не се посставува прашањето: „Како да ги намалам своите семејни обврски до најмала можна мера , да би бил слободен да водам духовен живот?“, тику: „Како да развијам љубов кон Бога и кон ближниот во кругот на семејството?“.
    Еден оженет човек го запрашал духовникот: „Како можам да живеам во светот и да обитувам во присуството Божјо?“ Старецот одговорил: „Прави сè како оној кој соработува во Божјото дело“. Да се биде соработник на Бога, при бражна должност и одгледување христијански деца, е величенствена и света улога.
    Христијанскиот живот е живеење според ликот Божји во три Личности – Живот во заедница со другите. Многу ретко се случува некој од Бога повикан да оди во пустина, а таквиот и треба да живее осаменички живот. Но, за повеќето од нас, христијански живот значи живеење во еден или друг вид заедница. Дури и пустинските отци, обично мораат да поминат повеќе години, па и децении, во заедница, пред да почнат да живеат сами. Како што тоа би го рекол старец Силуан: „Мојот брат е мојот живот“. Сопругот за тоа може да каже дека тоа е единствен (од богословска гледна точка) правилен начин на живеење – и наместо „мојот брат е мојот живот“, „мојата жена (маж) и моите деца се мојот живот. Тие се соджина на мојот живот. Токму заради тоа живеејќи со нив, јас морам да се научам на Христоликата љубов.“
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Целата таа вистинска смисла би ја сконцентирала само на одговорот на едно прашање:
    - Зошто живеам?
    Кога ќе се почувствува тоа во душата, се отвораат нови хоризонти.
    Хоризонтите на вечната и вистинска Љубов, Бог :angel: .
    Од Неа се’ се учи, само кога ќе се види нејзината исконска убавина.
     
    На Mama25 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  3. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Таа вистинска смисла е тоа, да не го опишам тоа на кратко, туку на долго и широко, затоа што ете таа Љубов, ни дала талент да твориме и преуспеваме во доброто, зашто ако подлабоко размислиме и видувајќи ги низата настани во пребивалиштето на Духот Животен (ЦРКВАТА), ке видиме и ке се поучиме дека некогаш беше спасението во рацете на луѓето т.е. ЖИВЕЕЊЕТО СПОРЕД ПАТОТ ВИСТИНАТА И ЉУБОВТА, а сега Serafima се буквално се е останато на Милоста Божја, зашто совеста и осетот за морал меѓу луѓето се изгуби, ;( ете затоа сега новите генерации кои сакаат да бидат со Христа се со Него, оти 21 век донесе многу нешта меѓу кои Сатанизам, безобразие, СЕКОЈ СТУДЕНТ итн. Тие нови верници не се во Црквата зашто мораат како некогаш, туку се водени од тие два хоризонта, ете затоа ВО ОВИЕ ДНИ, ДНИ НА МОРЕТО КОЕ Е РАЗБРАНУВАНО ОД БУРА имаме вистински верници кои иако се малку, по нивните молитви го вдишуваме денешниот воздух, ете затоа Црквата има СИЛЕН ГЛАС ДУРИ И ЗА НАЈТВРДИ УШИ оти има членови во вистинската смисла на зборот, воспитани во духот на Христијанството. Еден мариовски црковен учител вели:Христијанството не е само идеја, ниту некоја научна теорија, ниту општествено движење, најмалку политика. Христијанство – тоа е живот во духот, тоа е преобразување на срцето, тоа е секојдневно слекување на стариот човек – Адам и облекување во новиот човек – Христа. Тоа е живот во љубов и радост, во жртва и благочестие, во добра волја и блажен мир.
     
    На BY<3 и Serafima им се допаѓа ова.