Смртна казна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 9 јуни 2010.

?

Дали ја оправдувате смртната казна?

  1. Да

    195 глас(а)
    52,1%
  2. Не

    179 глас(а)
    47,9%
  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Повеќе од 60% од светската популација живее во земји каде се применува смртната казна и најверојатно нема да биде укинета во најскоро време. Што мислите затоа? Дали ја оправдувате смртната казна или не?
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.872
    би го затворила пример човекот до крај на животот,ама смртна казна незнам некако одвратно ми е,каков и да е човекот и што и да направил.незнам некои злосторства можеби се премногу,па љугето тоа го решаваат на тој начин :^) мене тоа ми е некако одвратно :puke:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    80.877
    Пол:
    Женски
    Не ја поддржувам смртната казна иако знам дека е честа практика за казнување на извршителите на сурови злосторства во повеќе земји, а особено во муслиманските земји. Не ми е морално, ниту човечки. Ниеден човек не го заслужил тоа, да го наречам планирано убиство. Но тоа не значи дека ги оправдувам суровите злосторства (педофилија, сериски убиства, убиства со накана и слично), ама не мислам дека треба да се применува смртната казна. Порадо нека биде доживотен затвор, мислам дека поголема казна од тоа нема.
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Ако му го одземат животот ќе го спречат од страдања. Затоа мислам дека не би требало да постои смртна казна бидејќи доживотниот затвор како казна може да биде многу полоша.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    ZA smrtnata kazna, seriski ubijci, pedofili, siluvaci uff ne zasluzuvaat kislorodot da ni go trosat, a ne pak do krajot na nivniot zivot da gi hranime
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    4.396
    уф може имам горчина премногу за некој луѓе ама стварно што ме повредиле многу во животот. е за таквите една клада и на плоштат жива би ги горела па да служат за пример на другите да се освести народов што прави и колку повредува :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
  7. Elisa

    Elisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Смртна казна, ама не од овие безболни, со инекции или како и да се не знам баш.. туку да бидат измачувани, да посакаат да дојде смртта побрзо и тие моменти да посакаат да не се родиле и тоа на плоштад за сите да гледаат па да видат шо ги чека. Можи е грдо ова вака шо го кажувам, ама каков морал и какво човечко имало кога тие убивале, силувале и што уште не.. море најтешка смртна казна да бидат измачувани и низ душата да им излезат сите маки што ги имале другите додека им наштетувале.... Се извинувам за грубоста ама многу мразам кога некои си се извлекуваат со лесно, ако имаат пари или моќ.
     
    На Lady Phoenix, black-angel и UbavkaBube им се допаѓа ова.
  8. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Се сложувам со ова мислење. Смртна казна со мачење за сите оние што сурово измачувале и убивале без ни тронка грижа на совест. Доживотниот затвор незнам колку би помогнал, би си го сфатиле тоа еј и онака сум до крајот на животот тука, па ајде сега и тука ќе убивам, зар малку такви примери имало? Луѓе осудени на доживотно поради тешки злосторства, продолжиле да убиваат и во затворот, зашто тие и онака немаат веќе што да изгубат, таму ќе бидат до крајот на својот живот, па продолжуваат да измачуваат и убиваат. Затоа сум за смртна казна или пак штознам... самица до крајот на животот, ама никогаш повеќе ни на секунда да не видат бел ден и да излезат од таму. Е ова можеби би било и подобро за нив.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Човекот ако остане до крај на животот во затвор самиот ќе побара да го убијат. Што ќе му е таков живот, затворен во четири ѕида? А и треба да им се врати со иста мера на тие сериските убијци :devil:. Знам дека е греота да се одзема човечки живот, ама што не размислеле и тие пред да го направат истото?!? Кај им бил паметот тогаш? Зошто невини луѓе да страдаат? Затоа јас сум за смртна казна ма колку и сурово да звучи.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Јас сум против смртните казни. Ако злосторството треба да се исплати, тогаш нека не биде со лишување на животот туку со бавно, тешко исплаќање. Инаку, од една страна, би се скратиле маките. Има секакви умови, болни умови кои ладнокрвно убиваат нечии животи, и тие ми се чини кога ги ставаат на електрична столица се насмеани. Тој ништо од себе нема да даде, нема да исплати за сите сторени дела. Нели лишувањето од слобода и самотијата претставува најтешкиот психички терор? (да, можеби има и полоши, но мислам дека тие сега се забранети). Е сега има различни видови на злосторства, не можеме во исти кош да го ставиме крадењето и убивањето.

    п.с. Може да се воведе и анкета во темава за да се разработи ;)
     
    На PrinceOfPersia и kalinaka им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.508
    Допаѓања:
    37.773
    Браво за темава :)
    Мислам дека не треба да има смртна казна. Тоа е премногу лесно. Треба да се затворат и да плаќаат до крајот на животот. Може и да се искористат за некоја полезна општествена работа.
    Ако има смртна казна, луѓето што ја доделуваат не се ништо подобри од да речеме убиецот што одземал живот.
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Смртна казна не. Ама доживотно измачување би требало да има, без око да му трепне на некој. Се само најлошо на оние кои заслужиле смртна казна. Со смртта само ќе се спасат. Затоа нешто што цел живот ќе го трпат.
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Јас сум подржувач на ваквата казна затоа што ако постои смртната казна ќе постои и стравот кај луѓето од вршење на деликти. Смачено ми е да читам во весниците за тоа дека педофил силувал 9 годишно девојче или го принудувал на орален. Ако отворите црна хроника сешто ќе прочитате. Бесење на плоштад, електрична столица, пиење на отров... сеедно. Па после да не им текне да малтретираат или убиваат некого.

    Добра опција бил и Голи Оток во времето на Југославија. Најдобра можна солуција, ама ние немаме остров, освен Голем Град во Преспанско кој е премногу мал нажалост за да ги собере сите криминалци во Македонија.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Аууу згрозена сум од ваквите постови искрено.Незнам кое е задоволството да знаеш дека некој пати и се измачува,па макар тоа било и некој злосторник или сериски убиец.
    Не велам дека ги оправдувам таквите дела ама нема потреба од такви работи,секако злосторството е веке извршено,најбитно е да се спречи злосторникот да продолжи со своите дела.
    Сум за смртна казна,ама не од причина што посакувам најлошо за криминалците(дури и ги разбирам во некои случаеви) туку заради тоа што секако живот помегу четири ѕида нема смисла,па вака на некој начин ке и бидат скратени маките.
     
  15. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    jas ne sum za smrtna kazna..prvo ,radi toa sto mnogu cesto posle izvrsuvanjeto na smrtnata kazna se doznava deka vsusnost toj ne bil vinoven...vtoro, zatoa sto toa e mnogu necovecno,ni sme mu dale nie na nekoj zivot,ni pa treba da sudime dali treba da zivee ili ne...ne sme nie lugeto kompetentni da odlucuvame za necij zivot....treto,toa moze da se resi na mnogu podobar nacin,toj covek koj sto sigurno ima nekoi psihicki problemi ne e za vo zatvor tuku za vo druga ustanova...a sto se odnesuva do tie manijacista i seriski ubijci i slicno tie poveke ke se macat so dozivoten zatvor,taka da i toa im e golema kazna ,mislam i pogolema...
     
  16. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    и јас сум против смртната казна, смрта не е казна за педофилите, силувачите... туку маките му ги скратат (што за нив е подобро) се сложувам со фореверјанг, злостворството е веќе извршено, доволно е да се спречи злосторникот, доживотен затвор за таквите луѓе е најтешка казна
     
  17. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    За некои потешки дела (убивање, силување) мислам дека не би требало да има смртна казна, тоа е најлесниот начин човекот да се извлече од тоа што го направил, според мене иако може ќе звучи грубо и злобно мислам дека треба да се мачи тој човек толку мноу што на никој дру не би му паднало на ум да направи такво нешто...
     
  18. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    281
    Дефинитивно ЗА смртна казна, за силување, педофилија, изживување врз луѓе, треба да постои да. 8)
     
  19. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    se soglasuvam so ova mislenje,navistina nemame pravo da odzimame necij zivot bez razlika za kakvao zlostorstvo stanuva zbor...no eve dali znaete kolku "nevini luge " zavrsile so smrt na elektricna stolica poradi bolest,koja togas se uste ne bila odkriena,i se smetalo deka istite se opsednati od demoni :( .....samiot zivot e najgolemata kazna na sekoj od nas ,no se razbira deka treba da postoi dozivotna kazna za zlostornicite no daleku od toa da e smrtna..
     
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Јас мислам дека смртната казна е подобра од вечниот затвор.Што е живот за некого што целиот живот што му преостанува лежи во една затворена ќелија? Подобро да се скратат маките..не знам ... ова е само мое мислење