Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смртна казна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 9 јуни 2010.

?

Дали ја оправдувате смртната казна?

  1. Да

    218 глас(а)
    52,2%
  2. Не

    200 глас(а)
    47,8%
  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Имам поделено мислење на оваа тема.
    Во една рака, убиец, силувач уништил не само еден туку многу животи (родители, деца) и они зарем заслужуваат да живеат.
    Во друга рака па, блага казна е. Што, не осеќаат некоја голема болка, не патат, не плаќаат за стореното дело.
    ама па тука се и невините кои се осудени. Ни криви, ни должни да им се прекине животот.
    Ова не е лесно прашање ама сепак повеќе сум кон тоа да не се одобри смртната казна.
     
  2. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Смртна казна не, поради тоа шо тоа за оние суровите злосторници е најмала казна.
    Тие треба доживотно да се во затвор и да се мачат, цел живот низ нос да му излези.
    Затоа смртна казна не, преблага е :)
     
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Се согласувам со емоушнл123 и со христина да тој уништил повеќе животи а ние дискутираме дали неговиот 1 вреди или не, според мене не, ама исто се согласувам и дека е блага казна.
    Со ова тој умира и толку а силуваната девојак, родителите кои го загубиле детето или сопругот кој ја загубил сопругата(или обратно) жали цел живот, според мене НЕ за смртна казна, но ДА за доживотна самица како замена за смртната казна, наместо да го убијат нека пати сам цел живот, нека живее а сепак да е мртову тоа би било многу подобра казна
     
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Смртната казна како решение и казна за некој злосторник ? :geek:
    ПРОТИВ дефинитивно ,никој несмее да одземе нечив живот ....Да, има контрадиктрост сега дека ако е убиец и он и сл .Но постојат други законски правила ДАЛИ,како,зошто итн го направил тоа ?Во краен случај само доживотен затвор под јак мониторниг на системот и се разбира искористен за системот да функционира (нешто да работи и придонесува а не само фрлен во 4 ѕида ) Да се нема контакти со надворешниот свет и реалност,да се држат по мн строги правила и да им се постават мн строги и опасни критериуми за се они што прават (едноставно роботи ... ) .Најголема казна е тоа сам-и таквите ке посакаат да не направиле до тој степен злодело а можеби некој од нив ке се опамети и пренесе на некој начин порака колку животот е убав и носи убави работи кога имаш слобода :| ...
     
  5. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    За тешки злосторници смртната казна е премалку. Сепак би гласала за доживотна.. нека се мачи цел живот како што се мачеле и жртвите.
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    За силувачите би направила избор или смрт или кастрација,па они нека му ја мислат...
    А смртта е прелесна казна за тешките злосторници како убијците.Башка има разни видови на убиства:од оние во самоодбрана до оние направени во сериозно психичко растројство.Ако дете го убил татко си за да ја заштити мајка си од удари,се важи ли тоа?
    Убијците грешат што глумат Бог и им пресудуваат на луѓето,ама и останатите би згрешиле ако би вовеле смртна казна за нив,би станале и они убијци.
    Да не се напомени колку невини и жртви на околности има по затворите,и на нив ли со смртна казна?
    Затворот бил и ќе си остане најправедната казна за сите по ред.Затворен меѓу 4 ѕида,без можност да го осетиш времето,без да ги видиш оние што ги сакаш,тоа е најголема казна.
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Насилството врз децата не запира, за жал!
    Некои молат за дете да имаат, а некои ги тепаат, фрлаат по хауби, просат со нив, ги продаваат и им прават најгрозни работи.
    http://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-skopj ... o-po-skali
    и после да нема смртна казна?!!! не никако, тоа мора да се воведе, за да им служи како пример на сите насилници
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Проблемот е што тој пример досега не дал никакви резултати - луѓето продолжиле да посегаат по туѓи животи, затоа и е укината.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    По друго би било кога би имало смртна казна. Едноставно, казните во Македонија се смешни и премали за големи злосторства. И јас сметам дека тоа е причината поради големиот број на злосторства. Знаат дека ќе излезат за неколку години.
    Конкретно за случајот, немам зборови. Не ми е јасно како една мајка може да биде толку ладнокрвна спрема дете, кое е дел од неа, кое е излегло од нејзиното тело.
     
  11. Andrianaaaaa

    Andrianaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    41
    Да за смртна казна дефинитивно.
    Постојат монструми кои одзеле незнам ни колку животи на какви не свирепи начини, па така да дефинитивно треба да им следува смртна казна.
    Зошто тие да си живеат уште 40 или повеќе години. Има затвори каде затворениците се како на одмор. И плус во затворите исто така има поделба меѓу "појаки" и "послаби". И што ако тие кои убиле и што не, незнам колку луѓе спаѓаат во првата категорија?? Тие можеби ќе го поминат остатокот од животот во затвор но нема да бидат мачени од никого, ќе имаат три јадења во денот, итн, додека некој останал без саканата личност и ќе мора да го помине остатокот од животот без неа.. Е тоа е мачење
     
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    За оние најопасните,најзлобние треба смртна казна,ама првин да бидат измачувани.
    Педофили,оние кои силувале,убијци,ама секако претходно да постојат цврсти докази,да не средат некого по грешка.
    И само на овој начин можеби ќе им дојде паметот на тие,а не им се прават затвори со спа центри,фитнез,игралишта,интернет,компјутери,телевизори и друг луксуз.Затворот го направија како хотел со 5 ѕвездички,од мерак да отидеш таму и да уживаш да јадеш,пиеш,спиеш,да се грееш,се за џабе.
    И како ќе ги одвратат разбојниците од разбојништво,крадење,убивање,силување ако притоа како казна им доделуваат неколку години во луксузен затвор,уште поголемо базенче па како на одмор.
    Па со тие услови и ја ќе опљачкам некоја банка,па ем ќе имам пари,ем ќе одам да се луксузирам на сметка на државата.Срамота
    Се знае како треба да изгледа затвор кој ќе служи за оние со помали разбојништа,па никогаш да не им текне да направат нешто слично,а на останатите да им служи како пример.А за оние со потешки дела,смртна казна,па да видиме тогаш каква ќе ни е државата,нема да смеат да помислат,а не па да направат нешто лошо.
     
  13. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Болна ми е секоја дискусија во која се бранат психопати и не можам да поверувам дека добар дел од народот секогаш на некој начин бара оправдување за говеда од типот на сериски, ладнокрвни убијци, педофили, силувачи и слично.

    Имаше пред неколку години еден таков дибек во Скопје кој се соживеа со Раскољников и идол му беше Достоевски, па си зема за право да направи втор дел од Злосторство и казна.
    Лудакот изврши неколку убиства на постари жени низ домовите во Скопје, ги обезглавуваше со секира и ограбуваше. Факт е дека имал шема за убивање и одредена таргет група на жртви, не убивал рандом луѓе со моторна пила на плоштад, а тоа го прави сериски убиец со предумисла.
    Повеќето ја бараа вината во социјалните работници поради неговото болно детство(?), а некои се обидуваа да објаснат дека на тој начин ги лечел своите фрустрации (од детството) и дека не бил свесен за делата.
    Ниту една социјална служба не треба да сноси одговорност за некој што не побарал помош, бидејќи тетките што работат таму немаат магична кугла ниту пак гледаат на графчиња дали некој има родители и какви се, дали живее во лоши социолошки услови, и како влијае околината и опшеството на неговата психа.
    Се фатија за тоа дека имал `сурово` детство и колку `сурова` би била смртната казна за удрениов. А нели е сурово кога некој ќе убие 70 годишна старица со секира за дрво, што си ја дочекала својата пензија (што е таа крива за неговиот неуспех?). Или не е сурово кога некој педофил ќе силува 15 годишно девојче?

    Не дека барам оправдување, но еве се обидувам да ги најдам и разберам корените, за да си одговорам сама на себе.
    Ниту еден фактор не е крив за изопаченоста на човековиот ум. И ниту еден човечки живот не може да биде издувен вентил за лечење на проблеми, никој од страна не е виновен за да биде убиен.
    Голем е бројот на оние кои пропаднале, на оние кои не успеале во животот, на оние кои останале без работа и без девојка, ама не сите посегнале по секирата и мавале баби по глава.
    Ако погледнеме околу нас, има по некој несоцијализиран, во секоја фирма има барем еден мобингуван, има луѓе кои преживеале пеколно детство, и што сега? Дали тоа значи дека треба да правам масакар, да ја извадам секирата од подрум и да мавнам по бабите, да си земам за право да лишувам од живот?
    Зборувам за човек кој цепи глави како ќе му дојде при рака, човек кој обезглавил 5,6 баби, и ова створење од човек не е умоболно и удрено од Господ? Па поубаво да си ја зденал секирата во својата глава, а не да бара кривица за изопаченоста на својот ум.
    Знам луѓе со секакви проблеми, луѓе од дом за деца без родители, луѓе кои поминале низ сито и решето па никој не посегнал по секирчето.

    Ако некој некаде вели дека психички растроените треба да бидат ослободени од вината, не значи дека јас лично треба да го прифатам.
    Донекаде можам да ги разберам причините, но не и да го оправдам убиството. Признавам секакви искушенија, ама потреба да убиеш некој, `да се покаеш`, и повторно да паднеш во искушение е нешто за кое нема оправдување. Можам да разберам некоја жена да трпела насилство и да и `пукне филмот` па да го искасапи, но тоа не значи дека изреагирала правилно.

    И која е `казната` за горенаведениот скопски Раскољников?
    Самица во затвор, или лудница во Бардовци, каде одреден период ќе изиграва пуканка меѓу гумените ѕидови, па после неколку години и помилувања, ќе искочи пак на слобода.

    А со продолжувањето на неговиот живот, јаде, пие, спие, се топли и ја прима својата терапија од парите на родителите и блиските на жртвите (преку данок!!!). Што е повеќе еден оваков дибек кој убил неколку жени за да продолжи да живее? Вишок во општеството кој седи во затвор и за џабе само кревет ќе фаќа.

    Моите очи не гледаат една добра причина за лудаците од овој тип да бидат поштедени од смрт.
    Можеби не е казна за него, но е спас за идните потенцијални жртви, и некоја сатисфакција за блиските на жртвите.
    Во земја каде што нема смртна пресуда, ако некој од моите најблиски е жртва на ваков монструм, јас ќе бидам таа што ќе му пресуди на идиотот и ќе му го свирнам куршумот меѓу рогови, без око да ми трепне. И без разлика на последиците.
     
    На kjukli, Sunshine.Sunshine, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  14. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Не сум за смρтната κазна бидејκи ние луѓето не сме тие што тρеба да одлучиме дали неκој ќе живее, господ е тој што тρеба да одлучи и κазната што тој ќе ја даде е најголема, поготово самото одење во пеκолот. Мислам деκа смρтната κазна пρетставува само спас за осудените, сметам деκа поголема κазна е да се мачат додеκа де живи.
     
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Да ја оправдувам, ама не на електрична столица, туку бавно и болно. :wasntme: Ако се воведе ваква казна, владата би требало да прима писма од граѓаните со различни начини на мачење.
    Но смртната казна единстно би била успешна во земја со нормален правен систем (не Македонија), каде што за некој да се убие ќе има доволно докази.
    Исто така мислам дека не треба да се изведува директно, од некој човек, туку индиректно, на пример затвореникот да се остави во ќелија само со малку храна и вода, па да умре мачејќо се.
    Мислам дека само со ваква казана ќе се намалат убијците и психопатите.. :devil:
     
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    9.377
    Пол:
    Женски
    Па исто кало претходните феминки ја оправдувам.
     
  17. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Смртнава казна е дискутабилна. Ќе пишев можеби дека сум против, но сум размислувала од различни аспекти на оваа тема.

    Ајде, да речеме, сите овие силувачи, педофили, сериски убијци, терористи и други тешки психопати дека ќе ги ставиме во затвор. Што понатаму? Некои велат поголема казна е доживотниот затвор. Но според мене тоа е помалата казна и полесниот пат. Зошто? Затоа што како што веќе некој рече погоре, живее, јаде, спие, дише и воопшто - постои, и покрај животите што ги уништил или одземал. Тие луѓе не верувам дека некогаш би се покајале за тоа што го направиле. Со самото тоа што егзистира, во таа негова болна глава фантазира за тоа што го правел и што би правел доколку повторно би се нашол на слобода, а тоа предизвикува огромно гадење кај мене.

    А каде е можноста за бегање од затвор? Не сите затвори на светов може да бидат обезбедени како Алкатраз. Си постојат и случаи каде таквите успевале да си го најдат патот до слободата.

    Друга работа: Дали толку сте сигурни дека нема „своето дело“ да го продолжи на некој начин? И што во овие случаи? Да му се отсечат рацете за да не може да убива понатаму? Да му се отсече јазикот за да не може да ги кажува своите болни идеи? Или едноставно да му се одземе животот? Не знам што е поправилно и похумано, ако воопшто треба да се запази тој хуман аспект кон ваквите „суштества“.

    Не знам. Дискутабилно е...
     
    На cresa-jagoda, YoungandBeautiful, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Против смртна казна сум.
    Еве зошто...
    Со смртната казна го куртулувте некој од секојдневни страдања.
    Ќе умре и толку.Не му се дава шанса да преживува тешки моменти и да си ја посакува својата смрт.
    Ако се осуди на доживотен тогаш бате е тешкото...за педофили, силувачи и такви видови идиоти во затвор е многу тешко бидејќи самите затвореници ги казнуваат.
    Остај го нека ,,капи,, во затвор во влага во никакви услови за живот за да осети што сторил.
     
    На shnolichka, citiesinflames и realGirl им се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    ^Тоа е проблемот, што тие никако не можат да сфатат што сториле. Да можат да се покајат тие никогаш не би ни направиле такво нешто. Во нивниот болен мозок тие си имаат оправдување за силување - го провоцирала, пред него се бакнувала со дечкото, носела провокативна облека и тн. , си наоѓаат тие оправдување за се.
    Сум за смртна казна на таквите, бел ден да не видат. Уништиле нечиј живот и тој некој не треба да се прашува дали некогаш ќе го види својот силувач на улица, дали пак ќе се врати и ќе проба да го направи истото...одобрувам смртна казна бидејќи жртвите заслужуваат извесен мир.
     
    На Lady Phoenix и kjukli им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Јас ја оправдувам. Само што смртна казна би требало да биде за некое стварно тешко дело, а не како што прочитав дека во Тајланд смртна казна можело да се добие за криумчарење дрога и некои други ствари поврзани со неа.