Ја оправдувам смртната казна бидејќи тоа е пример за другите да не го прават истото и ако го направат да тоа дека и нив ги чека истата судбина. Но за некои дела подобро е доживотна казна затвор за луѓето да платат за се што сториле за нив смртната казна ќе биде награда подобро е целиот живот да го минат во измачување во затвор.
Дискутабилна тема, има многу за и против и за двете страни. Најмногу од се што мене ме прави да сум против смртна казна е грешно осудување. Знаеме колку луѓе грешно лежат и скапуваат по затвори, додека виновниците шетаат на слобода, а тоа е секаде во светот. Па навистина не е фер грешно обвинет да го загуби животот, оти немал добар адвокат, или му наместиле докази или незнам што.
Ја подржувам смртната казна само во случај на педофилите, најодвратните и најмизерните луѓе,можеби за нив треба и кастрација да има.Мора овие морони да се осудат на смртна казна за да не го повторат делото
не ја оправдувам смртната казна од неколку причини кои сега ке ги набројам и образложам: -сите имаме право на живот - правото на живот ни е гарантирано со уставот што значи дека никој нема право да ни го одзема или да не лиши од него. -доколку некого осудиме на смртна казна и ние би станале злосторници како личноста која е осудена на оваа казна -што доколку веќе сме ја извршиле казната, а потоа се појават нови докази кои би ни укажале дека лицето на кое му била изврешена смртната казна не е виновно по делото за кое е осудено. има уште многу причини поради кои не ја одобрувам смртната казна но засега се овие. ах, да не заборавам.. и осуденикот да е виновен и да ја оствариме казната каде е нашата човечност, ако тој/таа заборавил на човечноста не значи дека треба и ние да заборавиме на неа.
Јас сметам дека во идеален правен систем, педофилски напад, силувања и останато вршење физичка тортура при која бил одземен или упропастен нечиј живот, треба да се казнуваат со смрт (се разбира, откако ќе бидат обезбедени цврсти докази/признанија и се ќе биде утврдено без простор за негирање). За други категории престапници, НИКАКО смртна казна.
Ја оправдувам смртната казна бидејќи постојат луѓе кои ја заслужуваат. Во Европа никаде не постои, ама затоа постои во Америка. Имаше еден случај каде што некој човек се ''спасил'' од смртната казна, со тоа што умрел додека го чекал извршувањето.
Зашто да му се скратат маките? Доживотно во зандана, нека се мачи и он малце, сам со себе цел живот, изолиран... Од друга страна, можеби некој погрешно е осуден, па вака ќе има шанса да излезе од затвор. Не е се црно и бело, луѓе...
Заборавате дека на највисок процент од луѓето, најголем страв им е стравот од смртта. Дури живее, ќе се надева. Со монструм никој не треба да се занимава веќе. Нека умре. И жртвата и нејзините блиски би нашле поголем мир.
поголемо мачење е доживотен затвор, со смрт барем се прекратуваат маките. меѓутоа, ако општество смета дека укинување на живот е оправдиво, најчесто заради што самите казнети одзеле живот/и, нели, со самото усмртување на индивудуата, општеството спаѓа на неговото ниво? на ниво на убиец. така да, смртна казна - не.
Треба да се воведе.. Саздо го утепаа 3 години само Пино Секондо 19 а од политиката нешто што беше поише од 3 год беше
За сум,но да не се извршува во брзо време бидејќи многу пати се случило вака да казнат човек кој не го извршил делото.
Зш? Јас можи ме апсолутно, ама релативно сум за. На Тед Банди на пример, што да му на праеле? Да го чуваат на доживотна на сметка на даночни обврзници? Или многу други крволочни убијци за кои нема рехабилитација?
Не знам, немам некој цврст став, но повеќе ми е накај против. Некако помалку аргументи гледам за. Тоа дека само ќе бидат трошок да се издржуваат во затвор или тоа дека барем ќе се осигуриш дека нема да го повторат делото. За разлика од тоа, секогаш има шанса да биде погрешно осуден некој невин и да биде убиен. Нема никако да ги спречи таквите луѓе како ете, Тед Банди што е пример погоре, да го извршат делото. Многумина од нив радо би се самоубиле, наместо да бидат фатени. Па од тој аспект, испаѓа смртната казна би била олеснување за нив. Исто страшно би ми било при корумпиран систем колку би можело да се злоупотреби ова. Кој би бил критериум за ова? Денес ако е само за сурови сериски убијци, дали утре нема да почне да се применува и за сурови убијци кои извршиле само едно убиство? Потоа дали нема да се применува кон други сурови дела како педофилија, силување? Поентата ми е каде би ја повлекле линијата за тоа што е прифатливо за да некој добие ваква казна?
Америка, Кина, муслиманските земји повеќето имаат смртна казна, што не значи дека криминалот е намален во нив. Казната е казна. Има доволно злодела за кои не може да се замисли поправедна казна од смрт. Не само ради суровост, гротескност, туку знаеш дека со тотално непоправлива особа си имаш работа. Е сега за неправедно осудени,да, се случува и тоа, некои дури по смрт се ослободени од вина, некои никогаш. Не знам. Веројатно е индивидуално ова чувство . Ни оддалеку не сум конзервативец и сум про чојс, но за смртна казна би гласала за. Овде ја нема каде што живеам и смешни се казните кои ги добиваат сериозни криминалци, ништо не ги спречува другите да не пробаат слично. Доживотниот затвор е бољи од полош хотел во Македонија.
Колку што читав живееш во Холандија и тотално те разирам од тој аспект, бидејќи е развиена земја и затворите баш им е подобри од хотелите кај нас. Одма ме асоцира на Брејвик во Норвешка, што масакрираше толку деца и за "казна" ќе си го лади доживотно во ќелија, која изгледа подобро од и мојот дом. Апсолутно никој не верува дека тој ќе може да се рехабилитира, без разлика на тоа какви се условите во затвор. Но, тоа е перспектива од развиена земја. Во други земји не верувам дека имаат толку убави услови. Точно е дека казна е казна, но смртната казна е дефинитивна, за разлика од доживотна робија.
Те разбирам. Јас мислењето го имав и во мк кога живеев, ко тинејџер ме интересираа стории за серијски убијци, мафија бла бла. И тогаш некако чувство ми беше дека за некои дела ,и смрт е малку. Можеби болна, бавна смрт. Знам дека не ме прави нешто возвишена особа тоа, ама некој да страда а убиецот да се награди со доживотна бесплатна храна и покрив, хмммм