Мислам дека е нормално тоа, сите така се чувствуваме. Јас заспивав со Investigation Discovery, што се не се изнагледав. Баш тоа, те тера да станеш како нив и да ги примениш истите работи кои ги извршиле против нив. Како што кажав, уште еден момент за е дека ако некоја жртва преживеала, ќе се чувствува послободно ако знае дека веќе 100% е сигурно дека тој човек нема да и наштети. Сепак, пресудниот момент кај мене е тоа што не можам да ја прифатам колатералната штета, некој да умре ни крив ни должен. А неминовно ќе се случува. Инаку далеку од тоа дека ќе жалам ако некој сериски убиец бил убиен со смртна казна.
Смртната казна, не е казна, туку крвна одмазда. Тоа прво. Второ, ни еден систем не е 100% безгрешен. И невини ќе бидат осудувани и убивани од државата. Доживотна робија, без условна казна после хх години е одлична алтернатива.
Апсолутно сум за. Нема зошто пример родителите на силувано и убиено дете, преку даноци, да го хранат и негуваат убиецот на детето им. Не сакам ни јас, мои пари да одат,за такви монструми. Не дај боже кога би била како у погоре наведената ситуација, не би чекала системот да му пресуди, јас би се погрижила за тоа.
И што има одлично овде ? Некој засегнат од злоделото да лежи 2 метра под земја, а сторителот да продолжи да живее, на грб на државата, на грб на фамилијата на починатиот ? Нонсенс.
Брејвик ко што го спомнаа, ќе ужива сега. Па уште и се жали немал доволно интернет ил нешо слично не знам што беше. А толку млади во гроб.
А ако го убијат, ќе оживеат мртвите? Нема closure во такви трагедии. И цел свет да го убиеш(казниш), пак ќе ти недостига тој што си го изгубил.
Секако, ама драга Вајлд. Замисли си, само замисли си....некој твој да убиеше. Нешто твое најмило, не дај боже. Нема клоужр. Ама ќе го исецкам на ебени парчиња ( извинете на простоќа , овде не се цензурирам) и ќе ги расфрлам пред мене и ќе чекам да ме уапсат. Мојот живот ионака ќе нема смисол веќе заради него
Според мене не е. Толку. Знам дека ќе го имам нагонот и желбата да го убијам (казнам). Ама тоа не го менува фактот дека не е казна, туку одмазда.
Пак викам милион пати не дај боже, не дај боже, не само што ќе го имам нагонот, туку и ќе се посветам на тоа, колку и да звучи психопатски, ако законот не го скини. Не одмазда, како сакаат нека го наречат. Не барам јас џелат да работи за мене, туку онај што убил соодветно да се казни.
Кога ќе ми текне какви злосторства имаат направено некои луѓе, не можам да имам сожалување кон нив ама ич и сум за смртна казна.Живеење во затвор со сите удобности е за џабе трошење на средства.Колку сурово и да звучи. Само се појавува моментот што можат да настрадаат невини луѓе и тоа мислам дека е единствена негативна страна.
Крвна одмазда е ако ти го убиеш поради твојот гнев,не државата која го прави тоа според закон. За ова се сложувам со @lovestoneddd , не е во ред сторителот да јаде и пие од парите од даноците платени од семејствата на жртвите.
Врз братучетка ми имаше обид за силување и убиство. Му доделија смешни неколку години.Мир немавме нити утеха. Еден ден осамнува на вести починал(убиен) затвореник во Идризово, дознаваме дека е тој. Еден од најубавите денови во мојот живот.
Јеп...ама неоправдано благ е кон некои. Па уште има и психопати што им пишувале на родителите на децата со детали. Ма ќе го запалам сосе решетки. Ич не ми е гајле колку ќе го лежам.