Тоа може да се регулира многу лесно. Ионака, секоја коресподенција е контролирана од управата во затворот. Порпуст е на вработените во истиот.
Ова. Исто пожарот во к.вода, ојаде многу фамилии. Стоката се обеси. Како не се обеси пред да ги убие младите луге. Оффффф болна тема. Некој никогаш нема да прежали.
Управата на затворот пример во идризово па и насекаде допушта мобилни телефони, и дрога, и ги изнесува мафијашите ти за писмо ми збориш. Еве ќе му раскаже на некого тој, и тој другиот ќе пише на родителите. Ама те разбирам и тебе.
Тоа е проблем кој треба да се санира. Постоењето смртна казна не ќе ги натера вработените во затворот да си ја бркаат работата. Казни за нив ќе ја смени ситуацијата. Назад сме, знајш...
Ја би да има ама за некои ѓубриња смртта е лесна казна. Најубаво е да скапат цел живот во затвор и онака условите во затворите кај нас се никакви бар ќе живеат како бубашваби. А пример за педофили и силувачи може да има опција кастрирање. Баш со другар зборев вчера, и една година да лежиш во затвор после тоа животот ќе ти биде сменет а камоли цел живот.А со смрт ќе се спасат од патење само. Пола сум за пола не.
Искрено, не ја разбирам смртната казна, бидејќи како што кажаа и многу членки пред мене, за некои злосторници тоа може да биде ,,спас''. Според мене, многу потешка казна е човек цел живот да го помине лишен од слобода, во самица, или измачуван, без никаква можност да биде помилуван или пуштен на слобода кога било. Од друга страна, ако се земе предвид дека инстинктот за преживување е најсилен кај човекот, моментите пред смртта би предизвикале многу голем страв... Самото исчекување на смртната казна би било измачување. Лично јас сум повеќе против отколку за, но ги сфаќам и оние што мислат спротивно.
Не поддржувам државата да одлучува кој ќе живее, кој ќе умре и да спроведува егзекуции. Во мрачен вилает колку невини луѓе (и еден е многу) би можеле да наместат и да погубат оти едноставно им се може. А белки и злосторниците имаат право на рехабилитација и ресоцијализација во иднина, I guess.
Голем противник сум за смртната казна.Бидејќи само Господ дава живот и тој може да го одземе,а не државата.Во Македонија ако би имало тешко на народ со 8% доверба во судството.И невини ќе умира.Како и да е сум против смртна казна во 21 век.
Смртта е спас.. Во Идризово пример, тие што се на доживотен затвор осудени се во мали соби со решетки со една кофа и кревет во нив само, за нужда вршење и тоа е тоа.. Нема светло, нема надвор, нема ништо, единствена допирна точка со надворешност им е чуварот кој им носи јадење неколку пати на ден.. Тоа е милион пати полошо од смрт, верувам дека сите луѓе што се таму да ги прашаш повеќе би сакале да умрат него така да живеат..
Не поддржувам смртна казна, сметам дека не треба човек да одлучува кој кога треба да умре. А и статистиката покажала дека не делува превентивно кон останатите за извршување на кривични дела.