Уште сум за смртна казна. Да ја имаше овде, ќе посакав оние да ја добијат (ама прво да бидат измачени во затвор). Но, не може да се воведе овде поради скапаната ЕУ.
Еу и хуманизација. Кој парадокс. И ја сум за смртна казна дефинитивно без никаква можност за помилување. Сурово било и нецивилизирано? А тешките престапи шо се, за простување да не се? Море мрш, треба да се воведе. Ама да, прво измачување максимално, секој атом да им се здроби од болка и патење, да посакаат да цркнат шо побрзо ама да потрае голготата што е можно подолго и тоа со зголемен интензитет. Па на крај ликвидација со бесење.
Во Европска рековме сакаме, не назад во Отоманска така? Простете малце сум збунета, многу информации и желби се за пратење деновиве.
Не сум за смртна казна, бидејќи таа би значела спас за сите монструми, јер од кај да знаеме дали навистина постои пекол каде што би добиле се според заслуженото Како верник сакам да верувам дека на "другиот свет" секој монструм ќе гори во вечниот оган, но, ајде прво таквите на земниот свет малку нека поминуваат низ нехумани третмани, низ болни и бавни измачувања, како психички, така и физички, па да осетат лично на своја кожа како им било на сите оние невини лица на кои им одзеле живот. Да служат за пример Ама за жал, ни тоа не е трајно решение, како и да вртиме, отсекогаш постоеле, постојат и ќе постојат таквите ѓубриња.
И дел од оние што ја имаат веќе не ја применуваат. Се случило и невин да биде погубен. Ако некако законите се подобрат за да обезбедат истрага и процедура без грешка, ќе нема изговор зошто да не се применува смртната казна.
Јас како правник бев против смртна казна, но искрено, си го променив мислењето, не можам да имам милост спрема убијци - монструми, кои убиваат деца, тој што со умисла убил дете, не може да се нарече човек, не може да се нарече ни диво животно, тој е суштество - чудовиште, за кој не смее да се има милост, еј да убие дете, девојче, и тоа да го врзат и да го стават во гепек.... Не можам да коментирам ме фаќа гнев! Јас да бев судија најотворено и најискрено убиецот ќе го осудев на смртна казна без око да ми трепне, а неговите соизвршители на доживотен затвор, само ќе барав точни докази да се утврди кој е точно сторителот. Среќа за нив е што јас не сум судија и среќа за нив во Македонија нема смртна казна.
Тексас има најстроги казни вклучително и смртни казни а најсвирепи убиства токму во Тексас има. Се прашувам зашто не ги плаши смртната казна. Очигледно не е никаква превенција баш напротив, долгогодишно робување во затвор е полоша казна.
Сум строго против смртна казна. Зошто? Веројатно не за причини "чисти" и "емпатични" причини. Едната додуша е од место на емпатија. Најважно, можи да се погубени невини. А за тие кои не се невини, јас сметам дека во такви ситуации смрт е милост. Ако веќе некој заслужи да е доживотно во затвор/ смртна казна, сакам да се мачи.