Смртна казна? Уште „подобро“ е ако затвореникот добие доживотен затвор пропратен со секојдневни тортури. Така е полошо. Што е страшно наеднаш да му се скратат маките и притоа да не осети ништо. Треба да пати и да плати за тоа што го сторил, а смртната казна му доаѓа како олеснителна околност во споредба со сето она што МОЖЕ да се направи.
Да убие некој 15 души , ко што имаше сеа скоро случај и да го осудат само на затвор???? Само смртна казна за таквите, чим тој одзема туѓи животи зошто тогаш да не му го одземат и него кога и така и вака ке иде во завор..Размислете, таквиот човек е опасен, па дури и во затвор верувале или не може да се случат убиства. И, што е најбитно, во затвор има и невини, и луѓе осудени за поситна работа, и тоа не може да се споредува.
Не ја оправдувам смртната казна. Не ги оправдувам тие монструми , но го оправдувам доживотниот затвор. Ќе се мачи, ама ќе свати што направил(ако има малку душа останато во него) и цел живот ќе се кае за тоа, ама џабе ќе му биде. Затоа би им препорачала на тие прво нека размислат пред да направат нешто за кое можат да се каат цел живот или одземјаќи туѓ живот да платат со свој. Е ова е моето размислување.
Се согласувам во потполност..Би сакала да ви кажам еден пример..Сигурно знаете за оној случај кога таткото ја силувал ќерка му многу долго време и таа му родила 7 деца. Зарем заслужува да живее?? Или жената која што го убила син и, го исецкала на ситни парчиња и го запалила ? Јас мислам дека заслужува смртна казна )
За крадење се сечело рака, за навреда -јазик, а за убиство-живот. Сум за смртна казна , но се зависи од злосторството. За некој најголема казна е да го оставиш да живее за да се мачи, но луѓе што немаат совест како би се мачеле?
Ни јас не ја оправдувам смртната казна, затоа што се‘ се случува на брзина и осуденикот не осеќа никаква болка (ако е со инекција), а инаку тоа порано што го имало на електрично столче можам некако да го оправдам, бидејќи сепак осеќа некаква болка. Инаку јас мислам дека треба да се мачи, да му дојде памет, ако воопшто го има.
Се сложувам .. Ќе убие 15 души , затвор е малку . Да го убијат нема да осети ништо , треба да ја осети болката што ја нанел на сите што изгубиле особи . Доживотен затвор , па тоа за него супер е . Покрив над глава , храна за цел живот .. каде е казната тука во споредба со болката што ја нанел ? Треба да го мучат секој ден да види како е .
Јас не сум за смртната казна. Кога станува збор за тоа секогаш помислувам- А што ако тој не го направил тоа злодело, туку тоа било наместено? Па и за оние за кои навистина се знае дека се виновни, за нив треба измачување цел живот, да зажалат што се родиле, а не да го убијат и да не осети ни дел од онаа болка од онаа што ја нанел. Доживотен затвор и плус сурово мачење (ова важи за убијците, педофилите, силувачите, киднаперите), а за крадците доволно е само да доживотен затвор.
Не ја оправдувам смртната казна од повеќе причини. Како прво во една демократска земја правото на живот на човекот му е неприкосновено и загарантирано со највисокиот правен акт - уставот,па така државата ниту му го дала животот на човекот ниту пак може да му го земе. Како второ, смртната казна освен што се коси со одредбите во уставот, се коси и со основните принципи и цели на казнувањето. Основна цел на казнувањето не е одмаздата, туку ресоцијализацијата на затвореникот. Еве да речеме постои смртна казна, мора да постои и лице што ќе ја извршува т.е егзекутор или џелат. Е сега кажете ми дали тоа значи дека и егзекуторот станува убиец? Да, помеѓу егзекуторот и убиецот нема никаква разлика. Друго што сакам да напишам е дека смртната казна е непоправлива санкција. Што ако се случи едно лице да биде осудено на смртна казна и егзекутирано, а подоцна се докаже дека е невино, што и не е редок случај имајќи го во предвид нашето судство? Штетата не може да се поправи. Исто така сметам дека смртната казна е причина сторителот на едно убиство на пример, знаејќи дека ќе биде осуден на смртна казна, а со цел да го прикрие делото да почне да ги убива сведоците итн. Зборот ми беше дека смрната казна делува криминогено врз психата на сторителот тој нема што да изгуби, оди на се или ништо. Казните треба да бидат лични, смртната казна не е лична санкција, таа го погаѓа и семејството на сторителот. И на крај сметам дека смртната казна е благ вид на казна за лице кое извршило тешки злосторства, според мене казната доживотен затвор е постога казна(се разбира не вакви затвори какви што имаме ние во Р.М, туку затвори во вистинска смисла на зборот) во која што сторителот до крајот на својот живот ќе живее со грижа на совест, изолиран, но со можност за негова ресоцијализација.
Ни јас не ја оправдувам смртната казна, бидејќи како што кажа БоаВиста, со самиот чин и џелатот станува убиец, а кои сме ние да му го одземиме животот. Доволно е доживотен затвор, секојдневна тортура, измачување и кастрација за силувачите и педофилите.
замислете некој кој силувал деца и ги убил .. маа.. јас него би му го исекла, и би го оставила така да живее едно 2, 3 дена и после со бавна смрт би го осудила да се кае за се што направил. Па да видиме после дали некој друг ке се осуди да силува деца
Богами и јас! И нека видат другиве болни умови што ги чека. Многу се изнервирав со последниов случај во Велес Три невини дечиња бе луѓе, 7 години најстарото уште од 1 годинка го силувал и другите две исто! Што ќе биде со тие деца сега, ќе можат ли некогаш дасе опорават, да живеат нормален живот? НЕЕЕЕ ! А максимална казна што може да ја добие таканаречениот татко е 15 год. Ја на плоштад ми го обесила !!! Малку отидов офф, ама посилно беше од мене !
Подобро е измачување него ли смртна казна! Со смртна казна одма ќе завршат маките. Јас сметам дека кога некој ќе згреши треба да плати за тоа. Да ја почувствува болката која ја нанел самиот тој!
И мене ме инспирираше случајот во Велес за тој монструм, што соопствените ќерки ги силувал. За таквите треба дефинитивно смртна казна, ама пред тоа крвнички да го тепаат, да осети болка. Иначе неодамна слушнав дека во Србија, во некој затвор довеле некој педофил таму, го притвориле и кога останатите затвореници разбрале за што е притворен, тие го убиле.Замислете дека и криминалци и убијци,кои лежеле во затворот, се згрозиле од педофилот и го убиле. А,гледам кај нас ова секојдневие почна да станува, нешто и за во Гостивар кажуваа дека имало сличен случај.
На Велешанецот (се грозам од самото тоа што ми е сограѓанин) со извинение ама треба да му донесат 10 црнци и да му се редат додека не пушти крв од секоја можна дупка не телото.
Да ја оправдувам.Мене за некои монструми кои ги силуваат своите ќерки ич,ама ич око не ми трепка.Така да сум ЗА
Од една страна ја оправдувам, тој што одземал туѓ живот да плати со својот. Од друга страна, измачување до смрт е подобро .
Јас сум ЗА смртна казна. Доживотен затвор, ма дај те молам. Жив е, ќе јаде, ќе пие, ќе спие, ќе сонува. Гледа сонце, може да чита книги... Не. Убиј го и реши се од него засекогаш. Не туку ги полни затворите со педофили, ладнокрвни и сериски убијци. Па после, пу пу не важи, ама он не е педофил, он имал траума од детството, па со милион жалбички и добро однесување, ете ти го - 6 месеци во лудница, и потоа пак дома. Магепсан круг. Смртна казна под итно во оваа држава, ќе потпишам со двете раце. Нема милост за таквите.