Еден го дал животот, и тој има право и да го одземе. Но тоа не значи дека ги оправдувам силувачите, убијците, педофилите... за нив доживотен затвор, вечно страдање и мачење. Со смртта би им се скратиле маките. Не сум за смртни казни, не ги оправдувам. Посебно кога ова би го имало во Македонија, уште од сега се знае колку невини луѓе би умреле, нон стоп ќе се местат непријателите. Хаос ќе се направи во оваа несредена држава.
Ако убиеш убиец не си ништо подобар од него... Јас сум против смртна казна,јас сум повеќе за болно и бавно..Да се одземе нормалниот начин на живот.. Со смртната казна на осудениот всушност му се скратуваат маките,јас го гледам тоа како еден вид на спас..Смртната казна според мене е најмилостивата казна...
Едно големо ДА за смртна казна.Никогаш во животот не сум посакала смрт на некого меѓутоа се почесто има примери на луѓе кои свесно уништуваат туѓи животи,уживаат да гледаат како некој се мачи и јас дали треба да им посакувам добро?Едноставно не заслужуваат да живееат! Понекогаш се прашувам зошто Господ ги одзема луѓето што заслужуваат да живееат,кои се полни со живот а ги остава овие накази
А зошто да нема смртна казна???Има луѓе што направиле такви злодела што едноставно не заслужуваат да ја газата земјава ни ден повеќе.Дефинитивно сум ЗА ама во ептен исклучителни случаеви.
Да за смртната казна. (Татко си силувал своите малолетни деца, и да добие само неколку години затвор... Безвезe, само ектричен стол за такви)
Да сум за смртна казна ....се грозам од самата помисла дека татко би можел да си го силува сопственото дете и тој заслужува да живее? не !! тоа е одвратно како што правел така ќе му биде возвратено
Да!Јас сум за смртна казна.Некои накази како што се педофили,силувачи,убијците...не заслужуваат да живеат!!
да -сум за смртна казна за убијците и за оние кои сторила навистина грозоморни и страшни дела.не е фер за едно убиство да добијат 3 години затвор-срамота.или ако нема смртна казна кога би се прашала јас нека добиваат дошивотна казна,тоа би било и подобро решение,заради болна смрт долговремено.
Според мене смртна казна заслужуваат оние кои одзеле живот освен ако не било во самоодбрана. Затоа штo еден е Тој кој ни го дава животот а грев е човек да го одземе. А за другите манијаци постојат и поболни начини од смртта за казна
Па за личности како хитлер кои предизвикале катасрофи и ништење на милиони луѓе и предизвикале уште толку мизерни денови за нивните роднини па и треба да се ништат.Сидата се смета болест која е произведена во лабораторија,па зошто и тие луѓе да живеат кои им ја одредиле судбината на милиони поколенија.
море каков стол, такви бесење на сред плоштад и дерење, мамето нивно гнасно деца силувал, после 3 години казна и колку и да бидат пак ќе го прави истото тој е психички болен, нема за него казна!! само за овие смртна казна за други не сум размислувала, вскви кога ќе спомнат одма на тоа ми текнува!гнаси не видени, па тоа не е човечко!!!
смртна казна...? за тој што направил најјјјјужасни злосторства таквата казна е како подарок. таа личност заминува од светов и не трпи никакви последици. подобро да го затворат човекот во самица доживотно - барем ќе има време да сфати што направил и цел живот да го гризе совеста
според мене заслужуваат смртна казна луѓето кој извршиле инцест-силувале ќерка,внука итд.. ладнокрвните убијци, терористи... ... а уште полошо од смртна казна е да доживуваат пекол додека се живи, да се затворат и секој ден да се мачат (да ги тепаат и психички да ги малтретираат) ич не ми е жал за ваквите..
Треба да постои смртна казна за оние кои извршиле тешки злосторства. Кога некој се дрзнал да силува, малтретира, злоставува, измачува, да одземе туѓ живот, па зошто тој би имал право да живее??? Во најголем број од случаите, ваквите ИДИОТИ добиваа максимум 15 години затвор, а може да се случи да го помилуваат, или да му ја намалат казната? А што добива семејството на жртвата??? Смрт за таквите bastards!
Никако не се согласувам да постои смртна казна. Пре би им ги исекла екстремитетите на сите кои направиле тешки кривични дела, поготово на педофилите. Мислам дека тоа е поголема казна за нив отколку смртта.
Зошто толку суд? Може и вие еден ден ќе бидете доведени во ситуација да направите нешто што е казниво со закон или нешто што ’заслужува’ смртна казна. Второ, Бог не ни дал нам да судиме. Трето, се прашувам и дали тој на небото суди или помилува. Четврто, со самото тоа што би го убиле виновникот и ние сме убијци и застануваме на негово ниво. И шо сме напраиле на крајот? Сме се свртиле во круг. Ај што сме се погубиле, сме ги уништиле и животите на роднините на виновникот и си ствараме грижа на совест и непотребен товар на себеси. Смртна казна? Смрт за измислувачите би рекла..
Не сум за смртна казна ама сум за нешто многу подобро и покорисно. Сите оние кои правеле инцест, убиства, кои биле вмешани во терористички напади, педофилија и сл. да се користат наместо заморчињата и глувците за некакви лабораториски испитувања. Барем да бидат од некаква корист, а со самото тоа ќе се сочува здравјето и ќе се спаси животот на некое невино животинче. Јас како голем љубител на животните најмногу би се израдувала на ова. И не се согласувам со мислењето пред моето. Бидејќи јас имам право да ги осудувам таквите болни умови. Исто така имам право да им посакам се налјошо, но не и да одземам нечиј живот. Не планирам да си ја уништувам својата психа со тоа што би ги убила. Огромен исклучок ако е во прашање злоупотреба или одземање на животот на некој мој близок. Тогаш без ни грам размислување би се иживувала, никако не би го убила но би го измачувала. Би направила да ме моли да му ги скратам маките и да го убијам.