^ Говориме за спроведување на смртната казна од страна на оние органи што се задолжени за истото. Гневот заради убиство на некој твој близок е огромен исклучок, да. Никој нема право да суди. Ако си атеист, не би можела да ја продолжам расправата со тебе.
никој нема право да суди и да донесува одлуки за нециј зивот или неција смрт но кога станува збор за органите сто го спроведуваат тоа малку сум скепти4на не ми е сеедно кога некој сериски убиец или педофил или било каков стетник и болен ум не ја добие заслузената казна едноставно мислам дека ваквите смртната казна е несто најубаво сто мозат да го добијат ним им треба несто од кое бавно ке умираат тоа е така и во секојдневниот зивот ако сакас одмазда потруди се бавно да го унистувас спротивникот да пати избегав од темата сепак сум против
Теоретски сум за. Неможам да тврдам како ќе размислувам за неколку години, ама сега сум ЗА. Точно е дека е случај на - јајцето или кокошката, како може држвата да казнува за тоа а да го прави истото, се работи за голема репресија и е надвор од речиси сите Меѓународни Конценции за човекови права и слободи, ама во мојата глава е тоа многу едноставно... Некои луѓе, не се луѓе. Не се ни животни, туку се монструми. И државата нема душа ни срце ни не знам таму што, туку има апарат на присила со кој го обезбедува извршувањето на своите прописи и ги штити своите граѓани нивниот интегритет живот здравје и добробит... Во рестриктивни и исклучителни случаи, во едно средено општество, јас сум ЗА.
Јас сум против смртна казна. За такви монструми кои ги силуваат своите деца, ладнокрвно и зверски убиваат луѓе, смртна казна е лесен излез. И цел живот поминат во самица е малку. Море цел живот да се измачуваат треба, да ги мачат, малтретираат...Доволно јако за да осетат прав пекол и доволно слабо за да не умрат од мачењето, туку да дочекаат длабока старост, живот поминат во неиздржливи маки.
Против смртна казна сум. За педофилите,силувачите,кастрирање едно фино лепо,и после во самица да јаде ГЛИСТИ ЦЕЛ ЖИВОТ! За оние останатите,кои извршиле убиства со намера,доживотен затвор... Во исламските земји,им ги сечат рацете ако украдат нешто,тоа ми е некако грубо кога се работи за дете или човек што немал што да јаде па ете украл...
Јас сум за!!! некои луѓе едноставно не заслужуваат да им се прости! ок, не како во иран, кина, ирак и тие таквите, што убиваат за свашта Ама за убиства, сериски убијци,силувачи, инцеси, монструми е за такви богами електричен стол!!!
да сум јас на власт ќе му кажам убаво на сите: за убиец- заслужува да биде убиен да му се врати со иста мера за силувач- да му се пресече половиот орган да се мачи едно добри неколку сати и да умри за крадец- како што спомнавте да му се пресечат рацете (па ако нема да јаде ќе се најади ако укради нешто? ќе почне да си работе човекот) и тн
Сум за смртна казна, но во земја како нашата никако нашето правосудство, на сите ни е познато какво е, какви грешки се прават така да мислам дека ќе има невини луѓе осудени на смртна казна, додека оние кои навистина заслужуваат ќе бидат пуштени на слобода. Можеби една од подобрите казни би била доживотниот затвор, но исто така и оваа казна кај нас би била тешко изводлива, ќе се наоѓаат врски (мала земја сме, секој со секого се знае) и така ќе се спасуваат од оваа казна. Можеби би требало да се вратиме назад со векови (не дека сме многу напред ние), во времето на lex talionis или "око за око,заб за заб" па така ако украде некој да му ја сечат раката, ако силува - да му се сече половиот орган итн...
Ова што го опишуваш се вика шеријатски закон и го има во некои муслимански земји-значи, со која рака украл, да се исече раката, ако силувал се сече „онаквото“ итн., односно, казна според злосторството. Во Библијата тоа се вика „Око за око-заб за заб“. Смртната казна е некогаш единствената праведна казна, но треба високоразвине и високосвесен правосуден систем и плус, да го цитирам проф. Марјановиќ, има еден голем недостаток-непоправлива е. Може да осудите човек на 20 години, и ако се докаже дека не е виновен, да го пуштите и после 10, 15. Ама ако осудите некого на смрт и потоа се покаже дека не е виновен, а сте ја извршиле смртната казна? Нема простор за пу, пу, не важи.
Никој не вреди да биде убиен (освен во крајни околности). Доживотна казна да, но смртна... Па би рекла не. Впрочем со смртта би им ги скратиле маките. Некои луѓе не вредат да бидат ни убиени...
Дефинитивно сум против смртна казна, без разлика дали станува збор за убијци, силувачи, крадци и слично. За убијците-доживотен затвор во самица, за мене тоа е многу потешка казна од смртна казна. Исто така и за силувачите.
Во земјите во функционира смрттната казна, правото на живот не им е загарантирано со Устав што е спротивно во нашата држава. Всушност, тоа право е најпрво на листата на права загарантирани со Устав . Јас за ова веќе незнам што да мислам.. Од една страна, на пример: Човек кој што си ја силувал ќерката неколку години по ред и таа има деца од него заслужува да умре. Но поради фактот што сум религиозна личност, освен Бог, никој не смее да одлучува кој кога ќе умре, и кој кога ќе се роди...
Незнам дали е подобро смртна казна или да го мачат како што тие мачеле. Кога ми текне дека постојат луѓе кои измачуваат мали невини деца и на крај ги убиваат и ги фрлаат некаде како да се ѓубре Некои кои убиле 100+ луѓе на суров начин, оние кои јадат човечки делови од тело, мозоци Оние кои силуваат, деца, девојки, момчиња, стари луѓе , и на крај ѓи убиваат. Оние кои те оставаат да умреш бавно, со болки, или со години да бидеш роб на некој За вакви луѓе смртна казна е малку! сакам да ги мачат и измачуваат додека не почнат они да молат да умрат! Исто како и нивните жртви, да осетат што значи болка и мачење!
Смртна казна - ДА. Или може и полошо, прво да го мачат некое време, па потоа да го осудат на смрт. Е таква екстремна казна е потребна за тие што убиваат без милост и грижа на совест, за педофили, манијаци.. и ред други луѓе кои се непријатели на сограѓаните, што другите трпат заради нивниот кејф. Ама за нив само строго треба, камшикување, каменување, бесење . Нема лабаво.
незнам повеќе пати имам размислувано до некаде ДА бидејќи некои луѓе навистина заслужуваат а лошо со лошо се враќа нели??... убивале, силувале, што уште не.. не сакам да помислам од друга страна НЕ бидејќи со смртната казна одземаме живот, а тоа е една од најсуровите работи, без разлика на тоа каков бил човекот... тешка одлука, а најтешка за оние кои мораат да одлучат дали некој ќе казнат со смртна казна или не
Не сум за смртна казна. Не гледам од аспект, ау па тоа е премногу лесно, треба да гние во затвор цел живот. Не, тој и од затвор може да се извлече, исто како што може и од смртна казна, а не верувам дека смрт треба со смрт и да се казни. На крај краева, тоа и нас не прави убијци. Во најлош случај може да станува збор за погрешна личност, што е уште поголем психички товар. А низ историјата не се среќаваме со малку такви примери. Во Египет се сретнав со најнелогичниот закон за смртна казна. Во Сахара и пределите каде се населени племињата, никаква улога нема државата и тамошните установи. Племенските владари венчаваат и судат. Постапка за истрага секако не е возможна, не во такви услови, тука владее пустината. И од гледна точка што секој може да осуди кого сака, без притоа да биде разгледан случајот, јас сум против. Личноста директно оди на судење, а единствена опција да се лиши себе од смртна казна е да го изгорат со жежок метал по јазик. Доколку по горењето нема никакви знаци на изгореници, тој е невин, односно ја говорел вистината цело време, дека ништо не сторил. За цело време на ваквите судења многу јасно се нема ниту еден докажано како невин.