Со оглед на тоа какви дегенерици има кај нас, ја оправдувам смртната казна. Во најмала рака нека стои како заплашување за злосторниците. Јасно ми е дека се коси со човековите права дека секој има право на живот ама и никој нема право на некого да му го одземе животот или нанесе зло. Ние немаме нормално судство за да функционираат најпростите закони а не па смртна казна
Во зависност од грешката..но да ја оправдувам како на пример тоа што се случи во Норвешка тој убил толку луѓе а тие ќе му судат директно на бесилка
Ја оправдувам...за тешки убиства,за силување,за изживување врз животни и друго не ми текнува..ама сепак ја оправдувам посебно за силување...сакам да ја имам таа чест јас да го обесам или да го седнам на столица !
На прв поглед мислам дека секој размислува дека можеби одземање на туѓ живот е преголема казна. Постојат затвори, таму нека си ја издржуваат казната. Но кога ќе помислиш дека некој кој можел да убие 20 луѓе, притоа не само што е убиец, туку е и некрофил и канабалист и истиот тој лежи во затвор и притоа има храна и покрив над глава Кое право го имаат сериските убијци да одземаат живот, а да не ги стигне правда каква што заслужуваат? Затоа сум ЗА !!! Дури и мислам дека е многу хумано да се убиваат на начин кој го практикуваат многу земји, а тоа е т.н. успивање со разни инјекции. Ако тој се дрзнал да измачува, убива, силува или нешто сл, таква казна некако и преблаго ми делува.
И јас не сум за смртна казна,сепак животот е еден и не треба некој да ти го земе,но од друга страна ако се применува таа казна,можеби злосторствата ќе се намалат,бидејќи ќе знаат што ги очекува..но за тие силувачите аууу за нив најголемата и најтешката смртна казна треба да постои или пак за родителите кои си ги убиваат децата,да се мачат на најтешкиот начин и дури после тоа да се убијат...такви според мене не заслужуваат да бидат живи
Не ги подржувам од проста причина што со тоа му ја скратуваш маката ... сакам да ги гледам кај што се мачат во затвотр ... сакам да гледам кај што ги малтретираат како тие што го правеле тоа !
Да,сум за смртните казни...! Штом тој некој си дозволил да направи таков голем грев и да посегне по туѓ живот тогаш зошто некој друг да не посегне и по неговиот?!
На оваа тема правев есеј по казнено лани, па еве малку повеќе информации од тоа што истражував. Гледано од историски аспект, смртната казна била практикувана во скоро сите периоди од општествениот развој и нејзината употребата била позната уште од почетокот на т.н. пишана историја. Кривични дела кои резултирале со смртна казна во стариот век најчесто биле злосторствата против државата, а во средниот век под силно влијание на црквата, тоа биле злосторствата против религијата и имотот. Смртната казна или егзекуцијата всушност претставува правна санкција со која осуденикот се здобил по судски пат како казна за извршениот прекршок. Иако по Втората Светска војна настапил период во кој земјите масовно започнале со укинување на смртната казна, овој вид на казнување сеуште се употребува во многу држави. Најчест употребуван начин за извршување на смртната казна било бесењето. Осудениците биле бесени на дрва, порти или повисоки кули, а како посебен начин на бесење се споменува бесењето на крст практукувано во Рим, Грција и стариот Исток. Во текот на средниот век кај многу народи владеело уверувањето дека бесењето е потежок облик на извршување на смртната казна бидејќи смртта кај осудениците настапувала бавно заради глад, жед и други видови измачувања. Од тие причини, осудениците од повисоките слоеви биле усмртувани со отсекување на главата. Мошне стар и често употребуван начин за извршување на казната било и отсекувањето на главата со меч или секира. Во стариот Рим познато е пуштањето на бик во арена каде што врзаниот осуденик со јаже бил подиган при секој налет на разбеснетото животно. Ваквите гладијаторски борби биле користени за забавување на припадниците на повисоките слоеви во стариот Рим. Уште еден начин на извршување на смртната казна познат во Рим било т.н. убиство на тркало при кое осуденикот бил усмртуван од ударите со железни шипки по неговото тело. Други познати начини на усмртување на осудениците биле варењето во маст или катран, растегнувањето и черчењето, спалувањето, закопувањето во земја, давењето во вода, набивањето или прободувањето со колец и слично. Според мене, смртната казна би требала да биде укината и во оние земји каде што сеуште се применува бидејќи животот е неотуѓиво и неприкосновено право кое на осуденикот не му е дадено од страна на државата, па според тоа, таа нема право да му го одземе. Освен тоа, со спроведување на ваквата санкција, се изоставува една од основните цели на казната, а тоа е ресоцијализацијата. Смртната казна е штетна и затоа што претставува пример за суровост. Со самото нејзино извршување преку измачувањето и изживувањето, државата всушност се изедначува со сторителот на делото. Од тие причини, како крајна и најдобра солуција за санкционирање на извршителите на тешки казнени дела би бил доживотниот затвор со што ќе се изврши ресоцијализација на сторителот, а истовремено нема да се повреди неприкосновеноста на човековиот живот.
Јас сум против смртната казна,повеке сум за нешто што ке го запамети цел живот,бидејки нема фајде ако умре,ке го/ја нема а направи го/ја инвалид нека се мачи..барем ке научи нешто..
Зависи за што се работи и за кого пример ако се работи за човек кој направил некое големо злосторство...тогаш заслужува... да има смртна казна...
Se soglasuvam potpolno,mislam deka nikoj ne treba da se lisi od zivot bez rzlika sto storil,drzavata ne go dava zivotot i ne treba da go zema,a kazete mi za smrtna kazna na nevini licnosti a toa,kako moze da se popravi,ima eden kup zagovori ne dovolno dokazi i bla bla...
Јас сум против. Се сложувам и со тоа дека има дебили кои не заслужуваат да живеат, но според мене тој некој повеќе ќе се мачи доколку му се одреди казна доживотен затвор отколку да го убијат, само ке му ја олеснат работата да не седи бесцелно таму кога знае дека веќе нема да види бел ден. Е сега друга работа е што ние немаме силна држава и може да се случи ако некој е осуден на казна доживотен затвор кога ке се смени државниот врв да се даде амнестија, па да не се издржи целосно казната. Или пак замислете ја следнава ситуација. Некој направил кривично дело за кое по закон следува смртна казна (доколку би ја имале). И сите докази водат кон него, дека тој е виновникот. Го осудуваат човекот и го убиваат. За после некое време да се открие дека сето тоа било испланирано и намерно биле наместени доказите да водат кон тој човек. Замислете да се открие дека уствари друг е виновникот. Што правиме после? Што е со неговото семејство и кој е тој паричен надомест со кој ќе може да се надомести одземениот живот?
Никако не се согласувам со смртна казна. Не сум религиозна па аргументот „играње Господ“ не ми е валиден, ама мислам дека никој, НИКОЈ нема право да земе да дели смртни пресуди, без разлика што и да направил осудениот.
Повеќе ми се допаѓа измачување до смрт односно долга и болна смрт. Можеби ќе помислите дека сум некој психопат, но сигурна сум дека на планетава постојат луѓе кои го заслужуваат тоа. Ќе наведам некои примери на такви луѓе: педофили, човекот што направи масакар во Норвешка, луѓето кои силувале жени/девојки, сериски убијци итн. Мислам дека оваа листа е доста долга.. Жал ми е за невините луѓе кои страдаат поради вакви психопати
Колку и да има моменти кога човечноста во мене е згрозена од постоење на одвратни и злобни дела и вришти да се преземе нешто најстрого, па и толку нехумано како смртна казна, сепак НЕ, не сум за нејзино легитимирање и спроведување! Една професорка по право во еден наврат рече: "Апсолутно никој нема право да одлучува за завршување на животот на еден човек!" Тогаш не знам дали го делев нејзиното мислење, ама сега да. Верувам дека е така, никој нема право да осуди на смртна казна друг човек, па и во случај кога тој го сторил истото. Не можиме да се правиме од една страна либерални и демократи, а да сме за кратење на основното право кое треба да му е загарантирано на секоја поединка. Јас сум за доживотна казна, да се воведе кај нас, и тоа да се извршува во строги услови за да му биде соодветна казна на сторителот.
Не, машината наречена општество, држава, што и да е, може да одлучува за слободата на едно човечко битие(иако незнам од кај тоа право) но не и за животот и кога ќе заврши. Помисла за мачење на педофили, силувачи, убијци итн. ми доаѓа само во стресни ситуации, читам некоја сторија и ми се крева крвниот притисок и си викам упм и луѓе и се и наеднаш станувам мизантроп и си замислувам најлошо хорор сценарио за дотичниот. Ама кога ќе се свестиш, свирепо е и не етички, некако варварско и примитивно. Пошо нали овај, сеа е модерно време, сите ко лабараториски глувци со пореметени мозоци во затвори со влага каде што откриваат нови сексуални искуства. И мислам дека е ова доволно.
Смртната казна е нешто што во миг ќе му ги скрати маките на осуденикот, а од друга страна никој нема право да одземе туѓ живот. Доколку делото што го сторил е толку лошо и неопростливо, може да се осуди на доживотна самица со корка леб и вода... тоа мачење повеќе би му направилно штета отколку смртната казна...