Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смртна казна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 9 јуни 2010.

?

Дали ја оправдувате смртната казна?

  1. Да

    218 глас(а)
    52,2%
  2. Не

    200 глас(а)
    47,8%
  1. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    Искрено, смртната казна е најлесно решение за да се казни некој кој направил навистина страшно злосторство(мислам на убиство и сл.), но сепак за да злосторникот навистина ја почувствува казната од тоа што го направил, смртта би било најлесно решение за него затоа што ќе му се скратат маките, додека пак ако е во затвор ќе осети што е малтретирање, глад, далечност од блиските.. Но сепак во денешницава, поготово во Македонија оние што се невини или пак што немаат врски кај некој од државниве луѓе колку и да се криви или невини ќе го кркаат заради другиот кој што има врски.. Тоа е реалноста кај нас.. Некој и да убил, ако има врски ќе се спаси и ќе наклевети некој друг..
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не ја одобрувам воошто.. Со тоа ги скратуваат маките и ја спречуаат кармата да го добие своето место, треба секој да плати за своите грешки но не со смрт ..
     
  3. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Не ја одобрувам. Доживотна робија - да. Смрт - не. Ние ли сме им го дале животот?! Кои сме да им го одземеме?! Без разлика какво е злосторството.
     
  4. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Не го оправдувам ова ако сторил злостворство може да му врати само со маки,а смртна казна не.Мислам 21 век сме хелоуу уште одат некои земји по стар принцип.’’Изгубив член од мојата фамилија,и тие ќе изгубат’’.Подобро е мачење отколку една секунда болка ;)
    Смртна казна :shake: :shake: :shake:
     
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Јас сум за смртна каза и да, сакам и треба да се воведе во Македонија...

    Ама прво би можеле да ги мачат и малтретираат за да осетат болка како тие што им нанеле на оние што ги повредиле...

    Море две, три години да им се одмили животот па после ако сами не се самоубијат да се усмртат на електрична столица или не знам, отсекување на главата...

    Зошто некој педофил, убиец не заслужува да се храни доживотно и да си кулира во затвор..

    Многумина нема да се сложат со мене, но јас само си го кажувам моето мислење во темава...

    И не се согласувам со тоа кои сме ние да го одземеме животот на некој или како беше... Е како кои сме ние, кој бил тој што се осудил да убие некого( нели и тоа е одземање на живот) или да речеме педофил... кој е тој да се осуди да уништи нечие детство и нечиј живот..


    Затоа, во потполност се согласувам со смртната казна но со претходно мачење да осетат дека и некому тие нанеле зло...
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ја оправдувам во случај на педофилија, силување, трговија со луге. :) Без ич око да ми трепне би била срекна да го стиснам копчето на електричното столче. :)
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Имам пишано и порано на темава колку што се сеќавам,но пак ќе пишам дека сум ЗА смртна казна...дури ме чуди како може да немаме....како може педофилите и останатите изроди да поминат некоја годинка во затвор и ќе испаднат и си продолжуваат по старо...море за нив едно измачување,каменување,сечење на половиот орган и тогаш лично би да ги обесам на јаворон.
     
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Јас сум повеќе за измачување отколку за смртна казна, ама за казна затвор воопшто не сум и кога го пишувам ова најмногу мислам на педофилите... е нив на сред плоштад би ги мачела!!
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не мислите дека со самото тоа што предлагате смртна казна со најголеми измачувања, всушност се изедначувате со сторителите? Државата ниту му го дала, ниту смее да му го одземе животот на виновниот.
    Највисоката вредност која впрочем е заштитена со правото е човековото достоинство. Тоа значи дека тортурата, нечовечкиот и понижувачкиот третман е забранет, безразлика какви кривични дела сторил виновниот.
     
    На BoaVista, Sanniii и anneyy им се допаѓа ова.
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Баш и ние тоа учевме дека правото на живот е загарантирано и дека не смее да се одземе,него,ако правиме така муабет,дека државата ниту му го дала ниту има право да му одземе на некој живот,тогаш ниту убијците на некој му дале живот,ниту пак смеат да го одземат,но го прават тоа...нема тука правдина.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Смртна казна за педофилите! За оние кои силуваат малечки девојчина, баш имаше таков случај, ако го најдам ќе го постирам. Таткото ја претепал својата четири годишна ќерка а потоа ја силовал. Ама нормално пред тоа мачење!! Абе ноктите од рацете на живо би им ги корнела! :@ Смрдовци никакви!
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Некои од вас велат дека не им го дале тие животот за да им го одземат со смртна казна. А оние кои убиваат невини деца пред се, тие да не случајно им го дале животот па да им го одземат? Или татко кој силувал и убил керка треба да не биде казнет бидејки тој и го дал животот и сега тој нека и го земе така? Нема смисла некако, за такви монструми не треба да се има милост.
     
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    А да си ги замислите малку своите деца како ги силуваат, или како некој педофил ги држи дома и си снима порно филмчиња или пак да ви изчезне детето и да ви јават после неколку дена дека е најдено телото негде фрлено и тогаш ќе викате дека е свет животот на виновникот?? Ај ве молам бидете малку реални! Се додека не почувствуваш на своја кожа, лесно е да изиграваш светец!
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да,сум за тоа да се воведе смртна казна.
    Од причина што сметам дека за некои дела како педофилија и свирепо убиство не е доволна казна неколку години затвор и потоа оние кои ги извршиле овие дела повторно да шетаат на слобода и покрај се што направиле.Ако тие ладнокрвно одземале човечки живот,зошто нивниот да е повеќе вреден? Трауми и болка за цел живот им нанесуваат на жртвите конкретно педофилите и сметам сите педофили најмалку што заслужуваат е да им се одземе нивниот беден живот.Никакво сожалување и минимални казни не треба да има,само електричен стол.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Подобро да се направи затворот најригорозен што е можно па криминалецот да се мачи долго време во него, ама стварно долго време отколку да умре. Не е смртната казна начин според мене, па тоа дури е и спас. Многу се самоубиваат во затвор не можејќи да ја издржат долгогодишната казна, па си се спасуваат самите. Јас сум за ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР! И тоа не само за убиства, и за други страшни криминални дела :!: Е тоа ќе биде воведување на ред, а не ова... па оди биди криминалец после.
     
  16. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Во многу примери да нпр. педофили, серијски убивачи но и да го затворат човекот до крајот на животот ке посака сам да си го одземе животот така да не знам 50/50%
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Јас си стојам на оноа...не сум ти го дала животот јас, не сум ни таа што треба да ти го одземам.
    Но доколку некој човек го погази тоа, и биде ласнокрвен, одземе нечив туѓ невин живот, ... тогаш и би рекла ДА.
    Сега изгледа ладнокрвно кажано.
    Но, тој штом еднаш го направил тоа, пак ќе го направи, а тоа дека е во затвор не е сигурност. Па и да е доживотен затвор, и тоа не е сигурно,може ќе избега.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    педофилите би ги сместила во затвор,на доживотна казна осуден се разбира не би го убивала во затворот ќе му покажат на ѓубрето гнасно што е силување и малтретирање таму ќе го осети тоа на своја кожа доста време....гадој одвратни
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Јас сум за мачење на силувачи, сериски убијци, педофили и другиве умоболни суштества! :!:

    Многу е убаво да се исчисти ѓубрево од планетава со смртни казни, али кога ќе размислам, тоа е всушност ништо за нив. Така да, јас сум за мачење!!! Тешко, умирачко мачење! Тоа може да биде едно 5-6 годинки така, па после електричен стол нека им бапнат!
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    И да и не.Пред се некој добива казна за некое стварно лошо дело.Ако некој се осмелил да убие некој зошто и него да не го убијат и него.Ајде бе луге во кој век живееме.............