Изричито сум против! Затоа што: 1) Може да се пресуди по грешка, невин да погубат - ова повеќе пати се случувало во САД иако таму толку многу професионалци има во истраги. 2) Со одземањето на животот на сторителот не се враќа во живот убиениот. 3) Смртната казна постои одамна низ светот, па сепак сеуште низ светот имало и има убијци. Луѓето не се воздржуваат од убивање затоа што се плашат од казна, туку затоа што сеуште имаат барем трошка здрав разум и глас на совест во своето срце. Оние кои тие две работи ги немаат нив нема да ги заплашат никакви казни во момент на афект или доколку се умноболни, запоседнати и сл. 4) Убиецот и жртвата остануваат врзани еден за друг сè додека не си простат и искрено не замолат за прошка. Пресудувачите и извршителите на смртната казна но и оние кои ја подржуваат преку својата моќ и углед(на пр. политичарите), си ја оптеретуваат душата со грев вмешувајќи се во тие нешта. Порано или подоцна ќе мора да се сретнат и да го расчистат тоа со душата на човекот кого го погубиле, независно со какви аргументи. Можеби некој мора да биде изолиран доколку претставува закана за безбедноста, но тогаш со него треба да работат тим стручни психолози за да го доведат до спознанието и покајанието за своите постапки а не да се спуштаат на негово ниво - тој/таа убиец ајде сега и они ќе се претворат во убијци осудувајќи го на смрт. 5) Како би сте се чувствувале вие кога некој или група луѓе(судии, поротници и тн.) во име на правдата и световните закони би ве осудиле на смрт? Една од Божјите заповеди јасно и недвозмислено вели: Не убивај - кој сака може на линкот да прочита за длабокот значење на овој исказ примен од божествениот свет.
ДА! Но, после добро утврдени докази и со сигурност да отиде нечива глава. А не со глупи системи да дојде до тоа со недоволни или не дај боже грешни докази невин човек да биде убиен. Тоа никако, само ако државата и нејзиниот правен систем може да ги овозможи тие докази. Инаку за манијаци, педофили, сиувачи и други умоболни електрична столица е спасот. Како може татко да се помири со фактот дека ќерката му е силувана а болесникот е на слобода? Така да, сметам дека треба да постои како во минатото. Барем тоа е добро да остане без промени, но...
Ако е сто посто докажано дека е виновен ,јас колку и да звучи сурово сум ЗА.За оние педофили,сериски убијци...треба само тоа,мачење,па после смртна казна.Знам дека не треба да се одзема човечки живот,ама за некои...Како еден што го гледав на Тв.Прво мачел,па убил 70 луѓе и овие уште додека он е во затвор (дека е млад) ќе го финансиратт за да студира Јас на тој електрична столица,бесење на плоштад би му дала,не финансирање додека е во затвор.Некои луѓе навистина заслужуваат смртна казна.
Јас ја оправдувам смртната казна, особено ако се работи за педофили, монструми, убијци на невини луѓе и слични такви копилиња. Но не таква казна која ќе ги спаси од страдањата, туку некоја која ќе ги убава полека, ќе ги измачи толку многу што ќе бидат пишман што се родиле.
НЕ! Колку и да згрешил човек јас мислам дека не заслужува, кога и тогаш ќе си го добие заслуженото. Сепак се работи за нешто каде што и ние би можеле да се најдеме во така ситуација, поради на пр. лажно обвинение, и? Како ќе ни биде, прво треба да помислиме како ќе ни биде нас па после за другите. И он е живо суштество, колку и да се работи за лош, треба да се превземат други мерки а не смртна казна, сигурно и он има нешто добро во себе, и он има чуства, па како би се осеќале ние на нивно место, размислете малце, некој има се што ке посака, пари, среќа, а друг нема ни трошка од тоа, туку цел живот гние во затвори... прво треба да ја дознаеме причината. И уште нешто. Тие не се криви што им се случува тоа!!!
Според мене,не треба во никој случај,никаде,да постои смртна казна. Ако еден човек направил немилосрдно убиство или било што,што би се казнило со смртна казна,тоа не треба да се направи. Како прво секој човек го има правото на живот и никој не смее да му го одзима. Но тука доаѓа и прашањето Како да не казниш човек што убил 50 девојки кои пред тоа ги силувал,20 биле трудни а 1 родила дете во тие 10 години кои ги поминала во подрум кај него со сите останати жени а тоа бебе било убиено од истиот човек (ова не е вистина,само измислив причина или грев за смртна казна). Да,тој човек нема повеќе право на живот затоа што очигледно е психички пореметен и штом е способен тоа да го направи,тоа него не го прави човек и му го зема правото за живот. Но,тој човек не треба да добие смртна казна. Зошто? Заради тоа што таа не е доволна за него. Него му треба доживотна казна во самица,каде секоја недела по 2 пати ќе му праќаат 2ца хомосексуалци и 1 бездушен убиец без никакво оружје. Еднаш дневно да му се дава за јадење и 3 пати во месецот да јаде ќотек така добар што не ќе може да претне. А ако му се даде смртна казна,него многу му е гајле. Тој сигурно знаел додека го правел тоа зло дека еден ден ќе се открие и ќе му дадат смртна казна. Него не му е гајле за неговиот живот,тој само гледа да го уништи туѓиот. Да му било гајле немало да го прави тоа. И што ако му се суди смртна казна? Што ќе осети тој? Ништо,наеднаш ќе го снема. А со оваа казна што јас си ја измислив а треба да постават таква казна тој не само што ќе се покае туку и самиот ќе побара смртна казна затоа што нема да издржува повеќе. Но нема да добие ништо заради тоа што го заслужил. А ако има подобрување во неговото однесување и слично,може да се премести во затвор каде ќе добие доживотна казна ! Толку. :geek:
Ако е тој психички пореметен тој нема да се покае, ниту ќе биде во можност да разбере зошто го казнуваат на таков начин. Губат смисол и двата типа на казни - и смртната и таа другата што ја наведе.
Како и да е,не треба да постои смртна казна туку некоја ваква. А и да не го натера човекот да се покае битно тој ќе го доживува најлошиот пекол заради тоа што го направил.
Jaс сум ЗА! Убава политика имаат Кинезите. 10 000 вакви педофили,сериски убијци пред очите на сите ги убиваат со стрелање. Тоа е грубо за гледање,но младината ќе знае што ги очекува ако направат некој злочин. Затоа и се развиени.
Оние кои се умоболни-педофили,сериски убијци,силувачи се група криминалци за кои НЕ ПОСТОИ НАЧИН ДА СЕ РЕСОЦИЈАЛИЗИРААТ ВО ОПШТЕСТВОТО И ПРАВИЛНО ДА РАСУДУВААТ.Во случаи на вакви криминалци сум ЗА смртна казна бидејќи се опасни за самите себе и за општеството.
Јас не ја оправдувам.Колкава грешка и да има направено некој човек,мислам дека не треба да се заврши тоа со смртна казна,јас таквиот човек би го пикнала в затвор па нека си умре на природен начин.
И јас се согласувам со вас. На никој не би сакала да му се одземе правото на живот освен на тие таквите
Знам дека некои луѓе се непоправливи но сепак секој има право да живее и да добие втора шанса да направи нешто од својот живот.
Кина може да има само развиена економија заради производството, ама правен систем ни под разно. Каква политика е таа да ги принудуваш жените да абортираат заради преголемиот наталитет? На интернет можеш да најдеш еден куп статии со потресни приказни кои ги раскажуваат жените што биле истепани затоа што се бремени. Некои во порана, некои во подоцнежна бременост. Така што, во однос на донесените закони Кина е последна од која треба да земаме пример. Што се однесува до темава веќе сум се изјаснила, ама еве пак ќе повторам дека сум против смртната казна. Сама по себе, ваквата казна не дава ама баш никакви позитивни резултати. Доволно е да ги погледнете статистичките податоци за извршените кривични дела во државите во кои се применува.
Господ им ја дал душата-Господ да им ја земе. (Ако воопшто имаат душа ) Јас така велам. Ако постои смртна казна, убијците, педофилите и не знам кои се’, нема да пострадаат . Инаку доживотен затвор, ем ќе се мачи зошто го убил човекот со грижа на совест, па така паметот да им дојде . Јас сум против смртна казна. Ако тој направил грев, зошто и другите да прават грев со тоа што ќе ги убијат :geek: ?
Killing people is wrong so lets kill people who kill people.. - ова го прочитав некаде и навистина, од тој аспект гледано, смртната казна делува многу глупаво, ама јас сепак сум ЗА смртна казна.. Можеби сум сеуште мала за да коментирам овде ама баш ваква дискусија имавме на училиште, и покрај се што кажа наставничката, мислењето не ми е сменето.. Ваквите гнаси не верувам дека можат да се сменат, па дури и 100 години да поминат во затвор!! Мислам дека треба да платат за се што сториле, за секој невин живот што го одзеле... Тоа нема да ги врати невините жртви ама барем до некој степен ќе биди задоволена правдата.. И каква правда е оваа сега, некој што убивал луѓе без око да му трепне, да си живее како ништо да не сторил, па дури во некои држави и во луксуз да живее (чист пример затворот Халден во Норвешка) ?? За нив само мачење, не заслужуваат ни еден ден да живеат!! И воопшто не сфаќам како може некои убијци да продолжуваат истото тоа да го прават во затвор а на никој да не му е гајле ?? Нема смисла
Со смртната казна ништо не се постигнува само им ги кратите маките побрзо. Јас сум за доживотен затвор без можност за помилување, сепак со тоа се казнуваат многу повеке. Можете да замислите како би ви било до крајот на животот зад решетки да го дочекувате секој ден? Без никаква иднина, без никаква шанса работите да тргнат на подобро? Плус да не зборам и какви ''колеги" ке начекаат. Го знаете главниот муабет в затвор: Пази сапунот да не ти падне. Не за смртна казна. Премногу брзо ги решавате од мизеријата шо ке ја затекнат в затвор.