Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смртна казна

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 9 јуни 2010.

?

Дали ја оправдувате смртната казна?

  1. Да

    218 глас(а)
    52,2%
  2. Не

    200 глас(а)
    47,8%
  1. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Потполно се сложувам!
     
  2. DayaThorneLove

    DayaThorneLove Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Со смртна казна им се олеснуваат маките.Јас сум за да ги мачат и од болка да умрат :devil:
    Особено за оние кој силуваат или тепаат жени и деца
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Прво и основно, за оние кои напишале НЕ за смртна казна, туку доживотен затвор - тоа му доаѓа скоро па исто. Животот во затвор не е живот, туку нешто како вегетирање. Подобро да ги убијат.

    Второ, затворот кај нас се вика КПД или популарно познат како Ка Пе Дом или најубаво кажано, Казнено Поправен Дом. Значи тоа е дом, за некои луѓе кои грешат и треба да бидат казнети, но и да се поправат. Оние кои ги стрелаат, се смета дека се непоправливи и несоодветни за општеството.

    Ако мене ме прашате, треба да се воведе смртна казна и кај нас. Животот на луѓето секако е преценет, особено тука на еден женски форум можев да прочитам мислења како „леле срцки се и тие заслужуваат втора шанса“, но реално во животот ретко кој добива втора шанса, тоа го има само во филмовите. :!:

    Повеќе смртни случаи, полабава планета, особено во Кина и Индија. А кога сме кај Кина и Индија...

    Таква политика е каква што имаат луѓето 1,7 милијарди луѓе и немаат ориз да ги преранат. Подобро е да умираат од глад или воопшто да не се раѓаат? Мислам, не треба да имаш „КнИ“ од 150 за да ги знаеш магичните техники на вадење пред да свршиш, апстиненција од секс и секако генијалниот изум - кондом.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Captain-Omni, не би да расправам за законот за едно дете во Кина и да пишувам офф топици, сепак темава е за смртна казна. Тој закон го спомнав само како пример за да укажам на тоа дека правниот систем на Кина воопшто не е напреден (како што спомена феминката која ја цитирав).
    Освен тоа, со Кина имаме сосема различни државни уредувања, па логично би било да го усогласуваме нашето законодавство со државите со демократско, а не комунистичко уредување.
    А што се однесува до магичните техники што ги спомена, земи предвид дека тие семејства едноставно имале желба за повеќе деца. Тука не се работи за несакана бременост (секако, освен ако не гледаш од аспект на власта).
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Ако се земе предвид дека ние како души во човечки тела не живееме само еднаш и постоењето на законот на сеење и жнеење (акција и реакција) станува јасно зошто смртната казна не само што е непотребна туку и мошне опасна за оние кои ја гласаат, подржуваат, потпомагаат и спроведуваат-извршуваат.
     
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Јас лично не сум за смртна казна затоа што со тоа ке му ја олеснат казната ,сите ние еден ден треба да умреме да заминеме од овој свет сепак тоа не е казна после тоа имаме вечност а за тие што не веруваат во бог ке речам дека имаме живот во друга форма и во друга димензија ,затоа смрта не ја сметам како казна,злосторниците треба да се казнат со доживотен затвор тоа е веќе казна.
     
  7. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    силуваш, малтретираш, тепаш,се изживуваш, одземаш живот ?!
    прво измачување па после смртна казна за таквите!
     
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Но законот за повеќе деца во Кина и тоа како не е оф топик туку е поврзан со темата. Веќе реков, планетата е пренаселена, а животот е преценет. Луѓето треба да бидат елминирани во голема мера, секако, оние кои не можат да се однесуваат цивилизирано и да ги следат едноставните морални рамки наметнати од мнозинството. Затоа и Кина е важна во муабетот.

    Патем, законот го укинаа, повторно може да се раѓаат повеќе деца, а и кога беше на сила, секој можеше да има повеќе од едно дете, но за секое следно освен првото се плаќаше данок. И тоа воопшто не е „назадно“, токму напредно е, како што и сама напиша, мора правниот систем да се прилагоди на ситуацијата, а нашата нема благе везе со кинеската, но во Кина има премногу луѓе и законот е многу добар.

    А ние, Македонците и македонските закони велиш дека треба да се усогласат со демократските општества? Како кое на пример, како американското општество кое се смета за најдемократско? Бидејќи Америка најчесто спроведува смртни казни.

    Да резимирам, да не се расплинувам :) законот во Кина е добар, зашто ја намалува глобалната популација, што е во директна поврзаност со мојот став дека смртната казна треба да постои, зашто планетава држи исклучително многу луѓе кои не припаѓаат на неа. :angel:
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Каква Америка, никој не ја спомна Америка...
    Ако хронолошки ги следиш нашиве закони, ќе видиш дека цело време се стремиме кон усогласување на нашето законодавство кон европското. Впрочем, ние ја прифативме Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со која ја преземавме обврската за хармонизација на нашето законодавството со правото на ЕУ. Така што, Америка е out of the question.
    Ама за оваа полемика во некоја друга прилика и тема :)
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    јас не го подржувам овој вид на казна , бидејки постојат многу казни и санкции што може да се спроведат.жИВОТОТ Е ДАР ОД БОГА И СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ДА ЖИВЕЕ БЕЗ РАЗЛИКА ШТО И ДА НАПРАВИЛ !
     
  11. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    па во право си nana19 животот е дар од бога и секој заслужуват да живејт.. со кое право тогаш чоек му одземат живот на некој друг ? :worried: па штом тој го прајт то на други, нека си го осетит и на своја кожа :)
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Зарем некој педофил што се изживувал врз мали деца, сериски убиец на жени и стари баби и брутален силувач заслужува да живее? Не. Ја оправдувам смртната казна. Сметам дека доживотниот затвор може да се избегне. Жалба, помилување, смена на власт, ако има некои пријатели ќе му помогнат, а вака е сигурно. Зошто да зафаќа место во затвор и да троши храна и воздух кои не ги заслужува?
     
    На RiRii и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Но тогаш што се оние кои наредуваат и го извршуваат одземање на животот на убиецот??? Исто така убијци. Имено, на тој начин се спуштаат на неговото злосторничко ниво!
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    не му направиле ништо на некој што не заслужил ;)
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.307
    Пол:
    Женски
    И јас долго време живеев со истата мисла, дека тие живот на оваа планета не заслужуваат. Но ако само им го скратиме животот ние истовремено сме им го скратиле и страдањето, а тие заслужуваат да страдаат.

    Самите затвореници во самите затвори им даваат "посебни" третмани на педофилите и силувачите, сите стручњаци тоа го потврдуваат. За еден педофил и за еден силувач затворот е пекол, зошто тамо ги снаоѓа нив се она шо тие го праеле надвор од таму.. и многу поише од тоа. Јас сум за доживотен затвор без можност за помилување за нив, меѓутоа правото на нашава земја не се согласува со мене.
    Патем, нашето право, поточно кривичниот законик се менува и усогласува според оној на Хрватска. Секоја промена во Хрватскиот законик, подоцна се реализира и кај нас. Од непроверени информации наслушнав дека Хрватите ги затегнале казните за педофили пред поише месеци, што значи дека ако тоа е точно, истото ќе се промени и кај нас.
     
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Против смртна казна сум од една проста причина.

    Смртта не е доволна казна за некои луѓе. Педофилија, убиство со предумисла, силување.... Дефенитивно се за НАЈЛОША КАЗНА. Ама најлошата казна според мене не е смртта.
    Смртта би ги спасила од нивните мизерни животи и побркани умови.

    Заслужват да гнијат во затвор 20, 30, 50 години. Нели заробеништвото и досадата се најтешкиот дел од животот. Најлошото го заслужват.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Сигурна си? А невините осудени на смрт по грешка???
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во секој случај не оправдувам,кои сме ние да пресудиме дали и колку некој треба да живее? тоа е божја работа,не сме веродостојни на никиој да му пресудиме макар тоа и да е најлошиот убиец и силувач,има некој горе кој гледа се и казнува се!
     
  19. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    немат потреба да се осудуват невин. за оние другите ти вика - правда си е правда :!: ;)
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Секако дека нема потреба, но проблемот е што во праксата досега за жал тоа повеќепати се случувало.