1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Смртоносна загатка

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Diamondkiss, 27 март 2012.

  1. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    38
    Ок еве една интересна приказна. Ме интерсира дали мислите дека е вистинита или не. Инаку приказнава е од книгата на професорката Биљана Перчинкова и кој ја запознал женава знае дека е една од најдобрите и најклалификуваните професори во Македонија,а во својата област и во странство.
    Пред да ви ја раскажам приказната сакам да ви кажам дека таа потекнува од доверлив извор - од научно популарната книга "Релативност, хаос, Гедел" на Биљана Перчинкова. Проф. д-р Биљана Перчинкова е професор на Електро-техничкиот факултет во Скопје, после декан на Југоисточниот Европски Универзитет отсек Компјутерски науки и технологии и денес е декан на МИТ.
    (напомена: поголемиот дел од приказната е цитат од горенаведената книга)

    Па вака:

    Во 1981 год., во својата книга The Mind's I, Christopher Cherniak, (инаку професор по филозофија на Универзитетот во Maryland), го објавува својот извештај за чудната кома во која западнал истакнатиот истражувач Dizard, непосредно по успешното завршување на својот проект "Загатка". Дизард не успеал да му се израдува на својот неверојатен успех, на кој би му позавиделе и најгенијалните математичари - да направи компјутерска програма која го ДОКАЖУВА проблемот на четирите бои. (Е сега, тука би сакал да кажам дека јас не можев да пронајдам ништо за овој проблем и не сум точно запознат за што се работи).
    Дизард бил експерт во областа на вештачката интелегенцја. Иако тој бил познат по својот обичај да работи деноноќно, хранејќи се само со сомнителни артикли од блискиот автомат, сепак комата во која западнал била тешко објаснива и по многу нешта необична - Дизард бил пронајден неподвижен пред својот компјутер, со поглед вперен кон екранот. На прашањата не одговарал, ниту пак на силна бука, ниту на обидите да се потресе. Сите настојувања за да се разбуди човекот пропаднале и тој набрзо починал.
    По ова една негова дипломирана студентка била ангажирана да ги среди неговите заостанати хартии и програми; Иако подот од неговата канцеларија бил прекриен со книги до значителна височина, студентката изјавила дека малку нешто од тоа е од посебен интерес. Меѓутоа, една седмица подоцна, нејзините колеги ја пронашле како седи неподвижно пред компјутерот со поглед втренчен во екранот!

    Набргу станало јасно дека не се работи за некоја невкусна шега, туку дека кобната кома повторно нападнала. Неврологот кој бил повикан бил немоќен и по забрзаните консултации Одделот на Дизард бил затворен, а неговите соработници ставени во карантин. Имено, се појавило сомненние дека некој редок вид вирус се вгнездил во силиконските плочки на компјутерот.
    Иако биле во карантин, некои од програмерите сé уште ги примале податоците од проектот "Загатка", преку телекомуникациската мрежа. Еден од нив по некое време побарал помош од својот супервизор. Овој ги погледнал линиите прикажани на екранот, забележал дека материјалот не изгледа значаен, но одненадеж запрел на сред реченица, го вкочанил погледот и паднал како покосен.
    Тогаш станало јасно дека не се работи за некој вирус, туку за можеби апстрактно парче информација, кое може да биде сместено на лента, прикажано на екран или испратено преку телефонските линии (не заборавајте, станува збор за 80-тите години).
    Потоа почнале да се редат низа случаи: истакната математичарка од Париз, (експерт по топологија), подлегнала на чудната кома - иако не работи со компјутер. По неа и теориски лингвист и филозоф од Калифорнија. Дури и студентите кои слушале предавање од предметот вештачка интелигенција! Во последниот случај интересна особеност е тоа што некои од преостанатите слушатели подлегнале 3 часа подоцна, извикувајќи претходно "Аха!"
    Истражувачите биле потполно немоќни, а прашањето останало: Во што е загатката?
     
    На anakonda88, angelche16, emiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е дека не е вистина, бидејки од сосем логичен одговор не може човек да падне во кома од туку така, без причина, а најмалку со гледање во компјутер или друго нешто.Дали некоја кинга е вистинита или не, треба да знае човек која е реалноста за истото да биде точно, плус книгата не би привлекла внимание ако нема енигматична содржина.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    А аутопсијата што вели?!?!
    Дај факт за да верувам дека е точно.
     
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Мислам по мое дека не е вистина :?: