Ay Yapim несомнено се најпрестижната турска продукција и дефинитивно ги имаат најдобрите серии, се докажаа уште во почетокот со Yaprak dokumu. Kurt Seyit ve Sura не ја загледав на тв поради синхронизацијата, и општо не преферирам да гледам серии на тв поради тоа, ги наоѓам со превод и комотно уживам во вистинскиот шмек кој го имаат актерите. Моментално сум до 3 епизода и иако го знам веќе крајот мене ми се допаѓа и навистина е нешто многу поразлично од она што сме навикнати. Секоја чест на продукцијата за совршените локации, без проблем може да парира на англиските продукциски куќи.. Актерите се повеќе од совршени, имаат силна хемија.. Според мене преубава љубовна приказна, баш во мој стил.. Обожавам приказни поврзани со аристократијата , жално што ете серијата не го исполни очекувањето на публиката но нели ова е базирано на вистинска приказна а животот не е бајка. Моментално ми е една од омилените серии.
Не е ни Шула тулку Шура!! Така ја завикале од мала нејзините. Еве линк кој сака да ја чита книгата ( првиот дел ) на хрватски јазик. http://www.4shared.com/office/CU-T0NOPba/Sejit_i_ura_-_Nermin_Bezmen.html