Блонд сериозно Ах значи блиску е и до мене Сега ќе си легнам среќна и со желба утре кога ќе се разбудам се да биде бело. Тато ми вели абе седи до сабајле, не мора да спиеш само разбудиме кога ќе заврне (снег).Хаха многу смешно Спојлер Да знаете ако нема утре снег кај мене ќе ви мрчам по темиве Да ве предупредам де.
Снег... Поради него и секако зимските празници ја сакам зимата. Кога ќе заврне снег од секогаш сум се радувала, а се радувам и сега. Со радост го исчекувам секоја година. Не сакам да одам на никакви зимски одмори, скиања. Поубаво ми е да останам во мојот град, да излезам да се поршетам надвор на снегот. Оваа година заврна снег, но се стопи за неколку дена. Се надевам дека ќе заврне повеќе снег наредниве денови.
Го сакам снегот, затоа што ме потсеќа на детството кога го гледавме од прозорецот како паѓа, и му викавме сип, сип (надевајќи се дека ако заврне многу, нема да одиме на училиште), Го сакам снегот заради детската радост, смеата и џагорот кој се слуша, и затоа што и возрасните на снегот понекогаш стануваат деца, Го сакам заради крцкањето додека чекорам по свежо паднат снег, тишината на снежното утро, воздухот кој мириса на чисто Муабетите - леле, снегов....колку ќе падне, каде ќе падне, колку ќе држи, кој ли ќе го чисти, леле како утре на работа, леле НЕ ИЗНЕНАДИ И го сакам снегот заради ваквите моменти
Снег го сакам премногу, му се радувам, уживам во звукот на крцкање кога чекорам по него. Но не сакам кога почнува да се топи и си одам дома целата наводенета. Шетање по снегот нешто прекрасно, иако е ладно
Сакам снег, ама кога ќе се стопи се нервирам на шлапкањето . Инаку ептен обожавам зимски пејзажи. Кога е зима секој ден ги гледам кога одам на училиште. Дрвја, тишина , снег, кој би посакал нешто друго.
Да, не е многу пријатно кога се топи снегот, кога шлапкаме по вирчиња. Но само така ќе се наполнат коритата на нашите реки и езерца. А водата живот значи!
Што е со снегов? Изгледа насекаде го има само во Скопје не. Провеа еднаш, се стопи за некои 10 саати и толку беше нема трага од нов снег. Ваљда ќе падне до Нова Година, не иде да ја поминеме без снег
Леле супер си е снегот, си го сакам мн , ама кога ќе се растопи, после какво паѓање има на мразот, тоа и4 не ми се свиѓа, ако сакаш да одиш некаде како робот ќе се движиш....
Сакам да гледам снежна зимска слика надвор, но снегот не го сакам. Зимава, одкако заврна снег немам ни мала топка напраено. Повеќе сакам сонце отколку снегче
Уствари ја не ја сакам зимата воопшто. Единствена причина што ја сакам е што во зима ми е роденден инаку вака би сакала да ја преспијам целата. Да паднам во зимски сон, како мечките Снегот исто така не го сакам. Порано друго беше. Се сеќавам мала кога бев, имаше убав снег, се живо потрупано, па снешковци правење, санкање она-ова...Милина. А сега? Вее сат време и толку, престанува. Па и кога ќе навее, за ден-два се топи и се станува по кумановски кажано "шљакатарник"!!! И што сега јас со кал ли да се гаѓам? Само џабе мокри нози и постојано чистење на чизмите одоздола улепени од солта што ја пуштаат по улиците...А за ледот и да не зборувам колку ми е страв да чекорам кога се е замрзнато... Снегу own: