потпис на ова пишуваново-како да е од мене пишано, значи само заради родендените(на дечко ми,мојот,сестрами,и многу други пријатели),празниците и славите ја сакам зимата,а снегот не е веќе како што беше ееее порано,кукички правење,криенки, абе до кожа мокри,трчи до дома да се пресоблечеш и па надвор....лудница а во денешнинава децава изгледа чекаат на фб да заврне снег
Го обожавам снегот и ептен сакам да има за Нова Година.Слушам дека во другите градови има ама во Скопје никако да падне
Кај има? Јас не сум слушнала. Можеби на планините... Кај нас нема, како што кажав вееше малку пред една недела и толку. Ни С од снегот нема
прашај ги битолчаните, баш сабајле со една колешка се чув, она од битола е, се жали вика веќе едно недела дена камен,снег колку сакаш
Вее снег во Штип. Ама, некако многу е чуден, кога паѓа некаков чуден слух се слуша. Топчиња мраз паѓат, утре се’ ќе замрзне.
Снегот е убав само првите неколку саати и на планини. Во град е се освен убаво-кал на сите страни, лизгаво, за никаде буквално. Така што јас да се прашував зима немаше да има воопшто, а не пак снег
Ама врне снег иии несвест сакам кога врне снег и кога ќе биде се бело, некој мир се создава барем тоа го имам приметено
Нацртав јас нокти Let it snow и одма заврна снег Спојлер http://forum.femina.mk/telo/vasite-nokti-t4509/2050.html#p905990 ако не да зимам ацетонот и да ги бришам ноктиве
^^ Е ајде де! Вечерва кога се враќав од факултет по пат ме фати и на почеток мислев некои бели партали од некаде летаат. Не ми се веруваше некако дека е снег. Патем, согласно со темава, бев Битола претходната недела. Убава Битола имате Битолчанки, убава. Со снег.Имавме и во Охрид и тоа баш за Божиќ, но ни го снема, па остана да се радуваме на некоја замрзната грутка и на белата планина во далечина.
Ја видов темава и отидов до прозорецот и гледам мокро и како да врне снег си викам до темава ли е или стварно врне ? И стварно врнееее во Штип од денот пред Нова година нема врнато
Го сакам се` додека улиците и се останато не стане раскашавено и лизгаво. Убаво ми е да шетам додека врне, убава ми е и глетката од прозорецот во паркот пред зградата додека е недопрен. Тогаш изгледа магично..
Не го сакам снегот.Да сум негде на планина и да уживам да,ама вака кога ќе се раскашави,па лизгање неееее