Не сум некој голем љубител на снег. Го сакам само на почетокот додека врне, а потоа ми станува досаден, а особено го мразам кога ќе почне да се топи, раскашавува Абе златно лето
најмногу од се го сакам снегот... особено кога надвор врне а јас сум покрај печката на топло мммммм :wink:
И јас сум од тој тип мразачи на снег. Едноставно го мразам, подобро да се печам на сонце, отколку да замрзнам кога ќе го допрам.
Го скам многу снегот кога ќе се разбудам наутро зимно време и кога ќе ги дигнам ролетните да ја видам таа бела идила особено кога цела ноќ ќе паѓа снег и утрата ќе бидат бели а јас во топло внатре набљудувам тогаш сум најисполнета исто така сакам да паѓа снег а јас да шетам, да ми крцка снегот под нозе,да се маваме со снежни топки, да се санкаме да правием снешко ( да се вратиме во детството) зимава што сега пројде мераци се утепавме шетајки со дечко ми нема везе што ќе биде -30 ние уживавме
И јас го сакам да, ама дури врни да бидам дома и да посматрам одстрана спремајќи се за празниците, се има некоја посебна атмосфера кога има снег, зима без снег некако не ми штима. Амаа пак кога ќе треба да одам на училиште, да се враќам или ако имам било каква обврска надвор од домаа па сум се лизнала, па чизмите ми пропуштиле вода, па автобусот касни а надвор не се седи повеќе од 5 минути, па внатре преполно не се диши, касниш на час автобусот заглави во снегот ее тогаш е*ати снегот лето си е лето.
Само околу нова година колку да направи убава атмосвера инаку не го сакам во Скопјево ИЧ .Така за годинава да се договорам со него да не изненадува предвреме .Сепак обожавам прошетки по снег ,посебно навечер кога е прилично ладно а се разбира дека е мн романтично и да врне снег во моментот
Кога е август 40 степени барам снегче да се освежам...кога е -7 барам сонце да се стоплам така да си го сакам снегоот посебно овој период го чекам со нетрпение
....снегот е одлика на белина,чистота и свежина... го сакам снегот....онака да си шеткам да крцка под моите нозе...сакам да правам чоечиња ,да легнувам.да станувам да си го машкам лицето со него.....да правам топки и да се гаѓам.....
едвајјјј чекам да заврне снег ми недостасува хахах многу многу многу сакам снег...да крцка под моите нозе...снешко е неизбежен дел
Едвај чекам снег,како лани. Да биде барем малку како што беше лани,да ме потсетува.Многу ги сакам снежните ноќи на плоштад..
Многу, многу сакам снег. Сакам кога паѓа и кога ми крцка под нозе. Ама ич не сакам кога ќе заврне малку и ќе се стопи за некој ден. Убаво е така многу да има и да си стои што подолго.
Како помала, ќе погледнам низ прозор, и ако врне снег... Радости, ќе облечам чизми и одма надвор. Снег е возбуда за секое детенце, со некои исклучоци кај повозрасните. Снег не асоцира на најубавите времиња во годината.
Го сакам само кога го нема ,или оној првиот снег .Е тогаш се радувам ко мало дете ,правам снешковци ,гаѓам со топки ,лудувам до лудување ,се фрлам в снег и правам ангелчиња Ако се задржи подолго време ми одмилува и ми се смачува од самата помисла на снегот и сето мрзнење на моите ионака премрзнати стапалца.
Сакам снег, ама само кога сум дома на топло, покриена со меко ќебенце, со топло кафенце или какао покрај мене и да го гледам снегот од прозор како си врне. Ич не го сакам кога треба да станам рано, се надвор е наврнато, патиштата неисчистени, кога брзам за на работа или детето да го однесам во градинка, посебно не го сакам кога ќе почне да се топи па ќе замрзне....