Сакам снег, но само да го гледам и да му се восхитувам. Додека паѓа, јас паметно да си седам дома со шоља топол чај или какао и низ прозорецот да гледам како мирно паѓа, па потоа да уживам во белата глетка. Не сакам да сум надвор додека врне снег, особено не да одам на училиште. Не сакам ладно воопшто, љубител сум само на снежните глетки.
Еее... СНЕГ!!! Баш го обожавам, особено да гледам кога паѓа, дома топло, Љубов , филмче, ова, она, мераци. Сепак сакам и малку да се разиграм со снег, онка за опуштање , а инаку воопшто не сакам кога е подмрзнато, тогаш не сакам нигде да одам (страв ми е по малку ).
Waa... кај нас уште нема снег, ама едвај чекам да има.. ака се белкоо.. Уфф.. многу сакам снегг, а кога врне и кога одам напред без чадор и ми крцка под нозе, ехх.. брее.. уште и кога се е толку убаво и романтично.. Ахх.. едвај чекам.. Ухххх беееее!!!
Не беше којзнае каков снег, ама ете годинава денес ги видов првите снегулки кои паѓаа. Е сега ќе чекам убаво да напаѓа па и да го газиме,....зошто денес набрзо дожд стана.
Сите саат снег, ги прави роматични, го носи пранзичниот дух, саат прошетки по снег, и не змам уште што, но кога паѓа снег скопскиве уилици се празни... кај сте? Јас сакам снег, но да сум дома
Го мразам снегот бидејќи прво и основно ми смета снегот ме боли главата кога гледам дека се е бело, едвај се оди сите одат како кинези цупаркаат пополека да не паднат да се испокршат, отежнат е сообраќајот настанува општ хаос возачите се нервози, човек не може да стаса на време кај што тргнал на работа, на факултет.... што знам. Тоа е мое мислење. Па сега не дека јас го мразам премногу снегот и да не испадне дека сум голем хејтер, сакам снег АКО седам дома и да гледам како паѓа, топло во собичката да ми биде, да немам никакви обврски е тогаш ДА ќе го сакам. А бидејќи станувам сабалје за на работа и имам обврски еден тон преку ден така да во овој случај мразам снег.
Се' она што може да ми ја наруши рамнотежата и отежни движењето ми пречи. Снегот е една од тие работи, а тоа што не сум обожавател на студено време е само бонус. Ама мора да признаам дека уживам во пејзажот на топло со шоља чајче...градот изгледа поубаво, поидилично, почисто.
Зимско човече сум си јас,така да обожавам снег ! Оваа година не' залажа малце ама да се надеваме дека ќе наврне пак.
Баш сакам да заврне снег додека сме на распуст ама еве абер нема Го сакам снегот ама ако врне нека врне сега додека сме на распуст, да си го гледам од прозор иначе ме нервира кога идеме на школо, па се плашам да не се лизнам, па идење со автобуси...
Само заради снегот ја обожавам зимата,иначе да немаше снег во зима,немаше да ја поднесувам,пренатрупано облекување,настинување ако не си добро облечен...Не ми е важно колку години имам,кога ќе заврне снег јас се радувам,како петгодишно дете на слатки.
Јас 2 години немам видено снег СЕга сум во МК и потајно си се надевав дека ке се израдувам но ништо еве најавуваат во сабота дека ке врне снег па ајде да видиме , ако не па следната година
И јас бев во очекување за снегчеее...Ама немааа... Го обожавам, ама ако наврне така добро.. А не само 2-3 см само колку да се закашка се