Во Скопје моментално вее, ама бидејќи врнеше дожд мокри се улиците и снегот се топи. Едвај чекам да почне да вее од оној снегот што не се топи брзо.. Обожавам снег!
моментално вее премногу снег, сето бело е за само 10 минутни. прекрасна е глеткавааа која долго ја очекував
Конечно дојде и ова прекрасно волшебство и ме наведе да почнам да ја чувствувам новогодишната еуфорија.
Не сакам снег. Не знам зошто оваа година ништо не сакам Сакам лето да дојде, топло да биде, смрзнав, уште снег ми фали.
Поздрав од Тетово. Овде цел ден паѓа... Сликите се матни затоа што се тресев од студ додека сликував , ама морав да споделам колку-толку, иако не е тоа тоа, во живо е прекрасно...
Кај нас во Скопје нема мн снег но доволно за се да е бело , и прекрасно е чуството кога ќе ја видиш насмевката на 5 год девојче кое станува од кревет оди до проззор и почнува да вика даде види снег ајде да правиме снешко душичка моја.
Леле,станав пред малку од спиење ,јадев и реков ај да испушам една цигара.Излегувам надвор на тераса,и имам што да видам.Прекрасно е..
Значи се измрзнав за да му го напраам кефот на дечко ми. Мече едно, на снегот му се шетало.. И така Хана со ладни и водени нозе заљубено си тапкаше низ снегот.. Не дека не уживав.
Песна за снегот стара неколку века (од Германија) Es ist ein schnee gefalen - Наврна снег http://www.youtube.com/watch?v=1NXYqOmYm88