Година без снег Или па можеби во април месец ке не израдува Мислам дека е боље вака таман да поживееме ние замурливите
Чим нема снег сега сигурна сум дека ќе не изненади во март или крајот на зимата. Сакам снег да има, ама уживам само да го гледам, а не уживам и да се лизгам на мраз.
Ич не сакам… т.е. убо е ако си дома и не треба да бркаш обврски низ град. Највеќе мразам кога ќе почни да се топи, се шлакутница.
Сакам да има снег ради воздухот. Ко што пишав претходно, бар два дена.Иако би сакала и појше да стои, да натрупа убаво.
Да, неќам снег. Ме потсеќа на ладните зими во Битола. На лизгање по Партизанска и Шеталиште. Темните плочки га*от ми го имат видено 100 пати. Ме потсеќа на нечисти улици и патешествие дури да стигниш. Ме потсеќа на хулахопки со фармерки, 6 пара чорапи, водени. На цистити. Единствено добро е то шо често шетавме на Пелистер, црвени и ладни обравчиња, па ќе си одиш на топол чај и ќе се вратиш изнадишан чист воздух. Од тука имам спомени вредни за памтење, другото бубрезите си го памтат. Ме интересираше низ годините како било во јануари. Обично за Водици е мнооогу ладно, денес беше пролет. Спојлер 2019 Паѓање по Широк Сокак 2021 Пелистер 2022 Патешествие по возоЈ