Па, во зимно време го сакам снегот, бидејќи некако ми ја разубавува зимата. Без него е само ладно и некако не ми се излегува од дома, а кога ќе заврне снегче си шеткаш, крцка под чизмичките мене баш ми е поубаво со него. Ајде нели од утре рекоа ќе заврне, баш да видеме
Ми текнува колку се радував како мала, кога ќе станев од спиење и ќе видев дека надвор заврнало снег...сакам и утре кога ќе се разбудам да се израдувам.
Hемам видено снег скоро 2 год.го обожавам тоа чуство на сабајле да погледнам низ прозорец и да видам белина да излезам надвор и да ми пагаат снегулки во коса,многу ми носи топлина и радост во душата да останам надвор до доцните часови,кога има снег,моето живеалиште е надвор би останала да живеам засекогаш со снег
Сакам снегчееееееее Обожавам кога се е бело и уште паѓааа паѓааа..мммм...а ти си облечен топличко и си шеткаш по него..убавиниии. Ама после тоа кога ќе се раскашка и ќе стане трчај вирче, трчај снегче ми е малко шубе, дека како што одам ко коњ, до колена се прскам, ко некое исшлакано дете сум
Ајде чекам снег за Нова година да биде попразнично Лани за 8ми март беше најпразнично снег колку сакаш,се изнасликавме Сакам така навечер да се шетаме со дечкото по снегот и да вее ама не многу силно
Сакам и јас снег, ама кога ќе се сетам дека не се излегува од дома и дека лани 10 минути симнував една удолница ми одмилува Да живеев во некој рамен град ќе го сакав повеќе
Што лажете дека сакате ? Кога ќе се направи како каша , а треба да искачате тогаш или во град или во школо тогаш сакате сонце . Кога улициве каша грда ќе се направат ќе праиме муабет
Па не го сакам многу снегот, повеќе сум за сонце и летооо, сакам само кога вее снег навечер и само таа вечер после го мразам..
Снегче мое најмило ако наскоро не заврнеш ќе се преселам во друг град па не ми даваш избор... ајде доста е ветренце и дожденце малку и од снегчето сакам да крцка под ножињата кога одиме да се помаваме со топки ,да се полизгаме и измеџувремену да изместиме некое ковче да направиме снешко снегот го сакам најповеќе затоа што е симбол за новогодишните празници кои со нетрпение ги чекам
Етеееее, конечно. Првиот снег во Прилеп за оваа година. Епа редно беше по толку чекање Ах колку убава е атмосферата Романтики, уживанција. Кој е за дружење нека повели во нашиот гостопримлив град Ќе се тепаме со снежни топки
ете заврна снег и сега шо!? ништо, лизгаво е мн, нигде не можиш да одиш оти студи, не можиш да се нашминкаш, не можиш да се дотераш ко шо треба, абе у пм да оди
Снегот од Крушево право кај нас Се е бело и чисто, лизгаво, ама смешно е, јас веќе го сефтосав паѓањето ама така ми е убаво дома на топло пред прозор Сакам снег Спојлер иако после ќе врескам кога ќе се расшлака
Супер си е снегчето, ама само додека паѓа и не се раскашува. Каква нова година и Божиќ би било ако нема снег
Да знаете какво беше Прилеп сношти во 2-3 часот. Снег вее мирни улици. Сакав да излезам и сама да си шетам. На никој снег му се немам радувано како на овај,толку радост ми донесе..толку насмевки ми украде сношти! Го сакам снегот........ КАпче,шалче,нараквици топла бунда и да ме нема надвор вечерва
Утрово кога се разбудив и погледнав низ прозор, ептен се израдував на снегот! Па зимско дете сум јас Обожавам снег..Само би сакала да се задржи подолго време, сакам Нова Година и Божик со мнооооогу снег
Сабајлево кога станав и кога го видов снегот прво му се израдував малку, ама кога ми текна дека треба да идам на факс по такво време почна и да ме нервира
Сакам снег кога сум во село и кога има навеано повеќе од 20,30 см. па да се радува човек. Тука не го сакам. Еве утрово само што излегов утоп се направив, се раскашавено, ни С од снегот, бел, убав.