Уфф..колку ме израдува оваа белина Обожавам да седам дома до парното,со топло чајче в раце и да гледам како паѓа и се повеќе ги трупа улиците :geek: Снегот ми носи насмевка и топлина во срцето иако не е баш топол
бела,бела белина како сон постелина,бел е ридот и гранките спустете ги санките да добро е снег романтиЧно надвор посветло ама да видите сто знаЧи снег ваму по 2 метра е бога ми нема да сакате повеќе снег насиот снег во мак е помек хахха со тој снег правиме топки и кога ќе мавнеме се руси а овој у норвеска хахах играј со таа топка и фудбал нема да се растури (ако снегот стои повеќе од три дена)
Кога ќе се разбудам и ќе погледнам низ прозорецот , ке видам се белина , ме обвива некое убаво чувство. Првиот пат кога заврна снег ,толку многу му се израдував што излегов и со другарките правевме снешко . И го сликавме , се маваме со топки и слично I JUST LOVE SNOW !
Снеег...Сите бараме снег,ајде нека падне снег,снег,снег!И кога ќе падна прво се радуваме,а потоа нерви.Гужва низ град,ми пропуштиле чизмите,замрзнал,па си паднал пред зграда... Го обожавам снегот без разлика на се.Трпам студ само за да ги осетам тие мали парталчиња на образите.Ми помодруваат усните од студ и сфаќам дека треба да се приберам дома.Но тоа не ми е доволно.Се враќам дома со жар црвени образи и се местам на прозорец по уште рајска белина. Едноставно го сакам!
Кога падна првиот снег зимава, мислам дека највеќе му се израдував, дури со цимерката излеговме и се гаѓавме со топки на терасата по пижами и собни папучи Но...наредниот ден, со маки стигнав до факултет, ги потрошив сите пари на такси бидејќи не можев еден корак да направам да на не се лизнам, а во четвртокот цел ден не бев на факултет бидејќи таксистите не сакаа да се качат до куќата каде што седам а за да се спуштам до доле ми требаше или санка или скии...така да...МРАЗАМ СНЕГ!
Сите снееег, снееег падна вистина избели се и мене ме израдува, ама ги зафркна неговите љубители. Сите фејс статуси беа поврзани со тоа ко падна . Дур имаше една недела имаше паѓање на задници , мавање со топки и по некој снешко , од ко се стопи ама потекоа со тоа дека немало снег за Нова година не им била доловена празничната атмосфера, абе луѓе ако нема снег, тоа нема да ја спречи новата да дојде и кај нас.
Деновиве го гледав Snow Day и си викам како не заврне кај нас барем малку снег, да ја почувствувам празничната атмосфера... Се надевам за Божиќ ќе падне, штом веќе за нова година немавме
Го сакам Скопје под снег. Ама го сакам кога сум дома, си пијам чајче и читам книга со нозете испружени. Не го сакам кога треба да станам од кревет, да учам или да искочам од дома.
Порано не го сакав многу снегот. Секако, се радував кога ќе го видам - тазе паднат, но често седев дома поради тоа што брзо се растопуваше. Но оваа година, го засакав многу снегот ... односно сега го обожавам. Првиот пат кога падна снег, кога ја видов таа волшебна белина, некои прекрасни чувства ми ја преплавија душата. Останував колку што можев подолго надвор. Но, и самата глетка на снегот ме релаксираше, така да често знаев да се наоблечам, да седнам на терасата и да уживам. И покрај се', од оваа зима си имам прекрасни спомени, па можеби затоа толку и ги засакав зимата и снегот.
Зимата ми е најомилено годишно време, обожавам снег и како што кажа Сефора и јас го сакам Скопје под снег. Секогаш кога паѓа снег се радувам како мало дете од срце, некако се во зима е волшебно.
Не да сакам, обожавам снег! Особено кога врне за време на празниците. Се чувствува таа еуфорија. Еве и сега ја почувствував Сакам кога одам врз него, кога го газам, и ми рупка под нозете. Па одејќи некогаш ми се има случено да заглавам во некој подлабок снег. Оди оди не бидува. Како во место да одам. Вака сакам да биде. Облачно, без сонце. И да вее. Е тогаш уживам да читам, учам или па седам покрај прозорецот со топло чајче в раце. Ајде побргу нека дојде зима
Снегг. Го обожавам. Го сакам неисчекувањето кога едвај чекам да падне снег. Сакам кога ќе се разбудам и низ прозор ќе видам дека се е бело. Сакам кога одам по свежо наврнат снег, кога ти крцка под нозете. Го сакам и дури кога сум без капа, па ми ја прави косата прееемногу виткана. Сакам кога се маваме надвор со топки. Празничната атмосфера, ма се е поубаво. Едино не го сакам кога ќе се раскашави, па по улицине све е поплава.
Не го сакам снегот, не ја сакам зимата... Најмалку ја сакам од сите годишни времиња. Сакам вечно лето. Мразам да излегувам некаде кога врне снег. Не сакам да носам чизми, капут, да внимавам да не се лизнам некаде. И целиот тој хаос по улиците ми оди на нерви.
Го сакам снегот, ГО ОБОЖАВАМ.. но само ако го има во поголема количина, некам таков раскашавен, па згазнеш пропаднеш во вода!
Ја сакам зимата, премногу, сакам снег, сакам кога е ладно, ги сакам светилките, украсите, празниците се што носи зимата.... еве некои мои фотографии
малце чудно во ова време на ваква тема да се дискутира..сепак ќе кажам го обожавам снегот, ама ептен и зимата(омилено годишно време) иако сум летно дете..кога вее за празниците најмерачки ми е..не сакам само кога ке навее ептен малце колку да се раскашави а посебно у школо додека сме..сепак уживам ..па и до пред некоја година идев и у маврово па скијање, валкање у снег ехехехеее..ептен под кожа ми е
Обожавам снег..Во мојот град ретко врне, но кога врне како мало дете се радувам Одвај чекам зима,снег, зимски празници, мир,тишина...убавина
Го сакам снегот, ја сакам зимата, ама зимските спортови-не. Се радував кога ќе се разбудев, и ќе гледав дека надвор е се бело. И многу сакам да се шетам сабајле, кога никој не е надвор, само јас, снегот и тишината.