Ааа, Детската улица е најубавото место во зима... Онтопик:Обожавам се што е поврзано со зимата и снегот...Го обожавам звукот на пропаѓањето на чизми во снег Едвај чекам да дојде зима...
Го сакам снегот, ја сакам зимата, Кога ќе заврне се радувам како мало дете. Наинтересно ми беше кога ќе ме разбудеа а надвор е се покриено со бело. Кога бев мала најмногу ми беше интересно украсувањето на елката, сијаличките и се што е поврзано со зимата. Се собиравме децата од малата правевме снешко, се мајавме со топки. Сепак повеќе го сакам летото
Не сум голем фан на зима , бидејќи не сакам кога е многу ладно. Ама снег сакам! Сакам да правам снешковци или пак да лежам во снег ама мразам кога некој ме мава со снег , поготово во глава.
не го сакам снегот, не ја сакам зимата, мразам ко ќе ми студи, сакам лето нон стоп, мразам чизми вентијаги и такви ми ти ствари ..сакам лето ,базен,сонце цело време!
Не го сакам летото од неколку причини, а од друга страна пак, на зимата неможам да и' најдам мана. Ако е ладно, ќе се намотам во ќебе и со топло какао ќе се згреам, или ќе се наоблечам (капче, шалче) и пак ќе си поминам убаво. Ако е лизгаво, ќе си купам добри чизми. Незаменливо е чувството да читаш книга, потпрена на парното и во исто време гледајќи низ прозор како паѓа снег. Истотака, најубави се божиќните филмови! Некако мирна и тивка ми е зимата. Јас тоа и сакам. Едвај чекам!!!
Ахх нека дојде прво есента, па после со душа ќе ја чекам зимата и снегот. Многу се радувам кога ќе наврне многу многу многу Како детенце малечко сум
Дождот го обожавам, а снегот три пати повеќе! Кога врне, за 3 дена е обавезно стопен, ама тие 3 дена квалитетно ќе се измаваме ко мали деца. Единствено ме нервира тоа што кога се топи се' е калливо.
Обожавам снег. Посебно обожавам кога снегот наврнал и вечерта како да им кристалчиња низ него. Ах... Штета што последниве години не има наврнато некој асален снег, се или малце или одма се растопува... Ах колку сакам кога снегот ми крцка под чизмите.
Многу ми е убаво и романтично кога има снег . Убаво ми е, се додека не се замрзни снегот е после не ми се излегува од дома.
Леле не! Кога ќе го споредам времево денес, перфектно, тамански, со температурите под нула и оваа снежна покривка аааааа ми се плаче, мајке ми. Нејќу снег бре! Мрзам зима, мрзам снег. Арно ајде, под ќебе тутни се, лежи, ќутни си-дупни си на топло, ама она надвор ?! Абре не сакам! Подобро гола ќе одам, со едно парталче на мене, него ли боди, блуза, џемперче, капут, марама... Џабе сум зимско дете, кога не ја поднесувам зимата. Јас сум како мечка со зимскиот сон. Пролетта се будам и ги отворам ширум очите. Булка бе!
Обожавамм снег ама во мојот град ретко има и дури зимата почнав да не ја сакам оти одвај снег гледам.
Блјак снег Снегот како снег ми е океј убаво ми е да гледам како врне ама кога ќе ми текне колку е ладно надвор аууу мразам зима и тоа многу !
Буквално го обожувам снегот но за жал последниве години ни е за никаде Се топи, малку паѓа а се сеќавам, порано окга бев помала кога ќе напаѓаше.. ее не моеше да се помине Заклучок Снег највише сакам
Абе снег.. Убав е на слика, личен тој и супер ми е кога сум дома и од прозор гледам како врне, ама ич не ми е супер кога среде олуја имам работа надвор од дома. Па и како ми лепи капутот за 5 секунди се претворам у снешко. that's not cool.
Обожавам снег, прекрасните пејзажи, крцкањето под чизмите.....но мразам што еден ден паѓа и сите му се радуваме, а потоа цела недела се лизгаме на мразот и шлапаме по истопените вирчиња...да не ти се излегува од дома