Обожааавам снег Како мала знаев да застанам во дворот и да гледам како паѓа Спојлер Уствари и сега го правам тоа .. понекогаш и не влегував дома се додека не моите не излезеа да ме бараат Некако зимата ми е совршено годишно време, без разлика на студот. Снег наоколу, па и плус ако е украсен градот за време на празниците, сите наоблечени како мечиња, со црвени образи, звукот на снегот под нозете.. Едноставно најубаво .. Па уште и спомените што ги имам од детството .. Возењето со санки, правењето снешковци, борбите со снежни топки .. И сега еве едвај чекам да падне снег, ама никако не сака ..
Сакам снег Се радувам ко детенце на сладолед Не го сакам кога е премногу кашест или како вода... И мразот го сакам (во одредена мера ) . Си се лизгам, и не еднаш имам паднато
не сум голем обожавател на зимата и на студот,ама ги сакам оние денови кога не е мн ладно и кога врне по малку снег ,кога снегот крцка под нозете
Убаво ми е чувството кога врне снег, па со саканиот се гушкаме и шетаме по снегот. Но, таа убавина трае само еден ден, а потоа кашкастиот снег ја убива цела убавина на зимата
http://www.youtube.com/watch?v=CoRruPeIUSA ...само поради снегот нејќам снег...не дека нејќам снег туку општо нејќам СТУД...со студот доаѓа снегот и така оди тоа...
Обожавам снег. Порано, кога бевме мали едвај чекавме да завее за да правеме снешко и да се маваме со топки. А, и сега е така. Ќе се облечеме и ќе одеме да се маваме со снежни топки или пак ќе се лизгаме со санката, како кога бевме мали и кога се спуштавме од еден рид. Убави спомени ми носи снегот. Кога ќе завее го насочувам лицето кон небото и снегулките ми паѓаат врз него и косата. Сакам снег, зашто и сум родена во овој месец, па немаше роденден, а роденден ми е една недела пред Нова година, да нема снег. Но, тоа беше пред неколку години, сега и нема толку многу снег.
*************** сакам снегчееее......ајде па веќе нека падни еднаш...ми фалат прошетки во зима...ммм...колку убаво и романтично.....па и уште се украсено......прекрасно!
АБЕ КАКОВ СНЕЕЕЕЕЕГ! Неееееееееееееееееееееееее.. Сакав да падне првиот снег, ама сега кога знам дека ДОАЃА полека но сигурно, си викам зошто те барав снегу?! НЕ САКАМ !
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedon ... index.html Леле А јас уште чизми не сум си купила Го обожавам снегот кога ми крцка под нозе, али кога се топи
Сакам да го гледам од прозорец кога паѓа, и сакам да шетам на снег додека не подмрзнал. Кога ќе подмрзне не го сакам,оти многу пати ми се има случено да излетам и да се испокршам
Сакам снег ама само додека паѓа,а кога ќе се растопи или замрзне не ми се излегува од дома, зошто или ќе се вратам со потопени нозе,чорапите да си ги исцедам или ќе се зализгам по улициве. Страв ми е да одам по замрзнати улици,страв ми е!
Го сакам снегот да се знае дека е зима,кај нас денеска завеа,но после некое време престана ... Ама кога се топи смрт ми е
САКАМ СНЕГ!!!Многу ми е убаво...бело абе мераци.Ама кога ќе се раскашави отпосле,па испрскана,па чизмите лом Ама како и да е сакам многу многу снег
Толку многу сакам снег што честопати ми се случува да ги занемарам модриците што ги имам секоја зима поради мојата способност за одење на снег/мраз