Сакам да ми крцка под нозете кога одам А најмногу мразам кога ќе почне да се топи и се е лом надвор,или кога врне дожд и снег во исто време како денес и ништо од снегот И чудо ама оваа година многу го сакам Декември
Го сакам затоа што ме потсетува на зима, на Нова Година, Божиќ. Особено обожавам кога ќе излезам надвор и ќе видам голема снежна покривка. Ако не е разгазен и стапки си правам. Единствено не ми е по желба кога ќе се растопи, па дома си доаѓам испрскана до коленици. Исто така не го сакам и кога е замрзнат затоа што постои голема веројатност да се исполизгам.
Многу сакам и одвај чекам да падне оваа година. Декември ми е омилен бидејќи тогаш е баш онаа-студено, снегот, па санките со дечиња со црвени носиња. Обожавам зима
снегот го обожавам (ми ја осветлува куќата ) ... многу се радувам на снег,нова година,божак,подароци и сета атмосфера...
Иако оној денот кога наврна многу влажен снег ми се искршија неколку големи гранки од цедрусите во дворот. Тоа што го мразам е кога ќе помине возилото со песок и сол, и ќе ја претвори снежната покривка во кал. А порано, кога ќе наврнеше снег, можевме и неколку дена да се скијаме на улицата, пред да дојде камионот со песок. Камионот тогаш беше сосема обичен, а песокот го истураа луѓе со лопати. Сега сето тоа е посовремено, и снегот го чистат одма... човек да се запраша колку корист имаме од цивилизацијата.
Здраво,здраво. Имам пар нови чиЖми и никако да заврне снег?! Па да му е*ам мајката,кога планирате да го пуштите?! А да,сакам и дечко да си фатам,ама без снег не можам да го уловам! Евентуално симпатија за сериозно! Ама стварно бре,сивило,ни орелски криља не можех да си метнех и Русија да си прелетнех! Зима да видам,Сибир да видам,па си Санк Петерсбург на бели ноќи љубов да водам! Ово није нормално бре! Леб нема да имаме да јадеме до година!!! Пченичкана јадна на поле се измачи ! БлагодарИм!
Па каде е тој снег што "паѓа" секој понеделник ајде овој понеделник што иде нека биде со снегче,кога ќе се разбудам и кога ќе погленам од прозор да биде беличко за 10 дена нова година ќе дојде не иде без снег да ја дочекаме
Нека падне на 31. За зимски. Да ми крцка под нозе, да биде се бело околу мене.. Па не за џабе се откажав од красни патики и купив чизми. Ама додека сум во школо ни под разно! Учам со страшни манијаци и... После нека паѓа, за зимски ке бидам со некој кој ќе ме заштитува.
Денес за прв пат во моето мило мало сакано Кичево падна првото снегче.Не дека е покри земјата...малце врнеше..Но уште се бели само планините,по улиците снегче немат.Ај да се надеваме дека ќе заврнит,па ќе го покриет. Иначе ПРЕМНОГУ го сакам снегот.
Го сакам снегот,се радувам на него како мало дете во еден случај -кога е свежо наврнат. После тоа - кога ќе замрзне,како што сум несмасна,голема е веројатноста да паднам и да се искршам Кога е раскашавен и поминувам низ него - МРАЗАМ!Со големи букви. Убаво е чувството кога врне,а ти газиш по него,или си седиш и си уживаш во чајчето дома. Ама ова малку трае... Тие случаи што не ги сакам,траат далеку подолго
Сега викаат дека во Четврток ќе вее снег и на сите места ќе се формира снежна покривка(негде над 10цм).Дај боже...
Леле не сакам Воопшто не сакам зима,мразам ладно....снег како снег да,ама на планина ,уживање на сонце и снег (малку фантазија-за мене) инку раскашавен по улициве,подледено насабајлечки,трчање по автобус,чадор во една ташна во друга раka,вцрвенет во обравчиња, уф кој знае разбира колку е зезнато...... Oва ми прави мерак,немам против
Ааааа денес провејна така убаво, големки парки паѓаа. Си седиме така ние во библиотека кога.... поглед на десно и снег. Од големите прозорци убаво се гледаше. Штета што не потраја.
Утре започнува зимата со снежно бело утро среда, 21 декември 2011 Зимата на северната Земјина полутопка почнува утре во 6.30 часот, а со оглед на најавеното паѓање на снег во текот на целата ноќ, утрешното зимско утро треба да биде идилично бело Јеееее