Прво да ви упатам едно големо БЛАГОДАРАМ за идејата која ми ја дадовте! Имено, татко ми планира да ми ја реновира собата по мој вкус и сето тоа е океј. Кај и да е ќе почнеме! Но, имаме една соба во која спиеја баба ми и дедо ми. Сега таа не е празна, има мебел, но се надевам дека тато ќе го среди и него, па таа соба ќе си ја направам орман!! Дури можам да си го искористам и тој мебел, не е лош!! Ќе средам јас некако, само татко ми да прифати!! Па ако ми успее ќе бидете благовремено известени, со слики и се останато!!
за жал сеуште немам ваква соба но набрзо ќе ја имам .... иначе желбата ја добив од мојата братучеда која во својата вила има една ваква соба која е 3 пати поголема од мојата спална (огромна значи)..прекрасно уредена е. се е според бои, марки, време на носење...за се има посебно место...едвај чекам и ја да добијам ваков простор
Јас баш би сакала вакво нешто, но немам простор каде...но ако решиме нов стан да купувам една соба ја резервирам одма за ова.
Фала што ми дадовте прекрасна идеја До сега имавме заедничка соба со сестрами ... Ама уште малку цел спрат ке биде наш и ке имаме посебни соби Едвај чекам да почнеме со правење и обавезно ке имам една соба-орман
бидејќи ми се ближи роденден ја видов темава и му кажав на татко ми и он вика не е проблем бидејки одма до мојата соба има голема поточно кажано огромна тераса и може да се направи се е океј само татко ми ми вика дај ми 60 иљади и ќе направам и јас останав втф? зарем за се треба 60 иљади? цименто бела боја и цигли стварно толку?
хахахах, цементо, бела боја и цигли да. А плакарите ги заборави? Треба ли да се стави изолација, под, вградени плакари што ти ги спомнав Ахх, убаво е се вака на слики да се гледа ама ништо не е бесплатно
вака да ви објаснам како што е тарасата таа си е за дзидана од една страна а треба уште две страни два дзида тоа значи цигли боја и цементо а дзидот може и без изолација бидејки и детската соба ми е без изолација грбав е дзидот а мајстори не треба бидејки вујко ми и татко ми и чичко ми се монтери и не треба плаќање за работници а плакар си имам
Темава предлагам да се затвори,зошто не уништи Мислам дека нема девојка која несака вака организирана гардероба,чевли,чанти,аксесорис онака се на едно купче,уредено со мн вкус и љубов...И вчера баш ја читав темата демек што после 10 години,што замислувате/планирате...дефинитвно ваква собичка најскромна сум
ЛЕЛЕ! да ја имам 24 часа нема да излезам од нејзе .. најубавото нешто што секоја жена би го посакала, би заплакала уште малку не постирајте пемногу слики штетно е
Мислам дека цел Сексот и градот 2 беше у врска со плакаров. Нормално дека сакам, ама сега за сега не, кога ќе се отселам од дома ќе си направам, не мора големо ама сопче да е, со огромно огледало. Само, ципели да редам онака по полици нема никад да се деси, јас во кутии ги чувам секако. Не можам со тоа шо газам низ град, во спална па во плакар па на полица да го ставам. :geek:
И јас сакам а прв пат слушнав што е тоа од песната на Еминем- Ајм сори мама. Мислам дека ова е единствено решение за целата кука да не ми изгледа како плакар. Оти без ова кај што стигнам фрлам облека. Имам две0три вишок соби дома и многу вишок рафтови, плакари, уште огледало големо ми фали, многу закачалки и ке купам од тие пластичните фиоки таму шминки ке си ставам оти и од нив не можам глава да кренам вака бар таму и ке се шминкам. А плус нема да го има тоа менување на летна зимска гардероба од плакар во плакар се ке ми биде на едно место. Фала за идејаа
Зарем има жена која не би сакала ваков орман? Нормално дека сакам, ама немам услови. Сите соби ми се зафатени, или испланирани. Но навистина посакувам ваков орман, каде се ти е прегледно и на дофат, да не мораш цел плакар да го претураш за да си најдеш нешто. Добро е и што се ти е на видик, па имагинација ти работи и си правиш комбинации. Еххх, ај ќе го посонувам .
Сега ке правам ремонт на собата пааа нешто вакво не ќе биде лошо ако треба собата помала ќе ја направам ама еден гардаробер сакам да си имам (а кој не сака )
Лелее темава ќе ми предизвика душевна болка, навистина. Колку само би сакала соба- орман. Со секакви алишта внатре. Штикли, ташни... Ех. Па ја нема да излегувам од таму. Моето царство За ваква соба немам ни место... еее епаа ќе се омажам со некој тајкун со пари, јахти некој и тој ем алишта ќе ме наполни и соба ваква ќе си имам. Е ај ќе видите (одлуката е донесена по повод темава)
Мојот нов пост е баш за ваквиот тип "соба". Чисто за да не се разочарувате, имам и неколку начини како да си го средите вашиот орман и да бидете задоволни и со помалку http://www.myartemission.com/2011/08/wa ... loset.html
Како може да не сакам, ќе си умрам, значи имам премногу алишта, уште повеќе чанти, и чевли едно 10тина пара само,не сум обожавател на чевли толку, колку на чанти уффффффф чанти имам над 50, значи луда сум по нив, како добро би можела се што си имам да си средам во нешто вакво, секако, кога ќе имам сопствена куќа или кога ќе се омажам. Морам да имам нешто вакво уфф