Ахххх се нервирам за една ваква соба-орман Уф, како само би си ја уредила ама прво треба да имам со што да ја наполнам хи хи хи хи лелеле
Колку сакам само ваков орман но да биде во склоп со спалната вака нешто а од другата страна нешто вакво
http://www.youtube.com/results?search_q ... +tour&sm=3 Ајде девојки гледајте Премногу сакам ваква соба планирав и во новата куќа каде што ке се вселуваме но немаше слободна соба и затоа таткоми ми купи огромен орман којшто зафаќа цел ѕид. И со тоа некако се задоволив
Имам ваква соба, помала од спалната, ама само со облека ми е. Штиклите и чизмите не ми се на исто место со гаќите, некако неубаво ми е тоа. Обувките кои не се за таа сезона, ги ставам во кутии и ги чувам во претсобје. Само, вакви како на сликите, не верувам дека некој во РМ има. Ние сме попрактични луѓе со просторот по дома.
Јас сум за ваква соба, ама од практични причини. Мене ми е бесмислено кога во ваквите соби ставаат цели каучи, некакви стаклени маси, вазни со цвеќиња, не знам ти што... Не треба кој знае колку голема да биде таа просторија, доволно е да скратите дел од спалната и со еден ѕид од гипс картон ќе завршите работа. Мене ваквите соби ми се допаѓаат затоа што се многу попрегледни, облеката може многу полесно да се сортира и да се организира. Јас дома на пример, во есен ја вадам подебелата гардероба на закачалки, а летната ја складирам во фиоки. И така правам ротација на секои шест месеци. Со ваква соба нема да имам потреба од тоа, затоа што целата гардероба ќе ми биде закачена на закачалки. Освен тоа, многу полесно ќе можам да ги организирам чевлите. Ама да ставам некакви персиски теписи внатре, телевизори и гломазни фотелји - тоа не. Јас сум за практично и ефикасно искористување на целиот простор.
Преубаво изгледаат овие соби-ормани, но не ми се допаѓа што на исто место се наогаат облеката и чевлите. Некако не ми идат во пакет - сепак со чевлите одиме по улиците и колку да ги чистиме по носењето сигурно остануваат некои микро честички кои што потекнуваат од ... Затоа мислам дека чевлите треба да се чуваат во друга просторија т.е друго орманче. И, девојки не се разочарувајте многу што немате соби-ормани како светските ѕвезди или американските девојки - и нашите ормани кои најчесто ги имаме во спалните соби изгледаат исто - само треба да им ги извадиме предните вратички. Но, со вратичките облеката ни е позаштитена од прашина и светлина, па затоа не тагувајте многу за соба-орман, само потрудете се во орманите што веќе ги имате да направите реорганизација - исфрлете го она што не сте го облекле веќе две сезони, подредете ја облеката по боја, чантите средете ги во еден дел од плакарот, а истото тоа направере го и со марамите, каишите и сл. Во фиоките средете ја својата долна облека, хулахопките, костимите за капење... И секако во една украсна кутија убаво сместете ги сите оние нешта што секогаш сакате да Ви се прирака - бижутерија, часовници, штипки и шноли за коса... Девојки пробајте сами да си направите соба-орман со само едно средување на својата спална соба, јас го направив тоа!!!
Ние дома имаме таква соба и освен тоа што убаво изгледа и многу е практична, сите алишта се во една соба, нема расфрлани чорапи и сл. по др соби и да трчаш да ги собираш..уште и ако ти дојдат ненајавени гости