1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соба-орман

Дискусија во 'Дом' започната од marama, 15 јануари 2011.

  1. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ептен убаво изгледаат! Но, не ми се допаѓа што на исто место се кондурите и облеката и од практични причини мислам дека е подобро плакарот да има врати затоа што ќе ги штити алиштата од прашина.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    Изгледа интересно. Прво си реков, немам потреба од вакво нешто, но кога подобро ги разгледав сликите, стварно е практично и заштедува простор. Ќе си чуваш се во една просторија а другите ќе ти бидат поинаку уредени.
     
  3. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    53.086
    Пол:
    Женски
    Моментално правам ваква соба во склоп на спалната :)
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Во мојата спална имам 3 плакари,едниот е со 3 прегради и со полици,а другиот е направен за закачување јакни и др,третиот е за кондури и ташни имам направено и во другата соба исто така :inlove:
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    @marama твое мислење, која квадратура е доволна за ваква соба-орман (конкретно ја планирам само за себе и за идниот ми сопруг), и дали е подобро да е од отворен тип без врати или се да е затворено?
    ПС. Чевлите ќе бидат во спротивен дел од облеката, во иста линија со чанти и сл тракатанци, но со вратичка ќе бидат затворени, како во шкаф би дошле.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски

    Не знам колку сум правата личност за совет, но јас би ја правела 2х3. Мислам дека @crimson би можела да ти даде стручно мислење.
     
    На Rubiii и crimson им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Најмалиот ваков плакар што го имам направено, а сепак функционален беше околу 180х200 во основа. Со тоа што полиците од едната страна беа поплитки, така би било и кај тебе, затоа што е за чевли/ ташни. Штом во тој простор успеав да решам ваква соба, во поголем дефинитивно може :) Види колку облека имаш, и најважно, дали повеќе ти треба полици или оклагии за закачување.
    Ако целиот простор е затворен со врата, внатре нема потреба од вратички. Единствено фиоки за долна облека/ чорапи итн.

    Важно е да имаш доволно простор за движење внатре, значи ако има плакари од двете страни, барем 90тина сантиметри измеѓу, или повеќе, во зависност од потреба (фиоки/ оклагии на извлекување/ пуштање).
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    @marama , јас твое мислење секогаш почитувам, а посебно кога е на твојава тема, но сепак фала за упатот кон стручно лице.
    @crimson дефинитивно желба ми е да биде отворено (мислам и дека поекономично ќе ми е така), а сакам да е 80% на закачување, зошто најпрегледни се работите така.
    Мака мачам со диплење, па бараш си растурил, и си наумив дека еден ден ќе биде се на закачување, а во тие 20% ќе спаѓаат тренерки, облека за вежбање..
    Во однос на квадратурата не знам сеуште, можеби ќе се создаде можност од спалната да се влегува право во оваа соба и во вц-то, уште немаме абер од работиве, но сме во математики и планови сериозно впуштени. Вака или онака да е влезот, секако ќе е со врата, и внатре би имало или 1 прозорче или без воопшто дневна светлина (пак зависи од планот каков ќе искочи, зошто се работи за поткровје), и највеќе би сакала да е само со полици, без плакари, огледала, фенси уредување и сл, но секако во глава ми се минимум 10-12м2 простор за тоа.
    Единствено обувките ќе одат затворени зошто не сакам да се мешаат, но тие можеби и доле би се сместиле во ходникот, кога ќе размислам дм во рака со кондури ќе оди до доле и обратно?
    Некако не ми е изводливо...
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и marama им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    10-12м2 се сосема доволни.
    Нема потреба од вратички внатре, секако е поекономично, плус заштедуваш на простор.
    За чевлите се работи за навика, и начин на функционирање. Јас кога би правела за себе, чевлите би ги ставила во посебен плакар, близу влезната врата. Ама различни луѓе, различни навики. Зависи и од вашиот начин на користење на просторот по дома, од просторот низ домот итн.

    Ако ги ставаш внатре во плакарот во спална, затвори ги со вратички, или разгледај разни механизми што се нудат на пазарот за складирање чевли. Иако од мое искуство, најобичен елемент со полици собира повеќе чевли од скоро се што се нуди кај нас како дополнителен механизам, особено ако имаш поголема длабочина на плакарот (а ќе имаш, бидејќи нагоре ќе се полици/ оклагија).

    Ако планираш плакарот да ти е во форма на буквата П, и да е целиот со оклагии за закачување, внимателно реши ги аглите, за да не изгубиш на простор.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и Rubiii им се допаѓа ова.
  10. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Odi vo Ikea imaat vakov tip na plakari vo razlichni dimenzii..pre ubavi se (mozesh vo bilo koja kombinacija da si gi iskombinirash )
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Ми зборуваш за плакари?
    Мене не ми требаат вградени плакари или слично, планирам само материјал да се земе (даскички) и во посебна соба ќе се измонтираат како рафтови, за да испадне соба-орман..
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Која би била минималната ширина на плакар од ваков тип?
    Пресметано патеката на движење и рафтовите од двете страни.
     
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Da de za toa zboram ,posebna soba so plakari od gore do dole( dimenziite kupuvachot si Gi odreduva vo sklop na sobata..so vgradeni svetla se..)
    Nie bash zemavme od ikea pred nekoj den(planski ni beshe namenet za vo kukata)epten luksuzno izgleda..
    A I kade kade poeftino izleze za nashiot prostor.
     
    Последна измена: 15 август 2017
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и Rubiii им се допаѓа ова.
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    @Rubiii
    .Би ти препорачала да си направиш орман за чевли во ходник. Тотално ми е нехигиенски да ги мешаш со облеката.
    Мојата соба-орман е околу 11 квадрати и мислам дека доволно е за двајца.Имам голем фиокар кај што ми стои долната облека, пижамите, купачите... Еден дел е отворен и тоа ми е облека што ја користам, а има еден помал дел со лизгачки врати со огледало кај што ми стојат работи кои не ги користам или ги користам1-2 пати годишно (облека за скијање, гломазни јоргани, облека од детството...) за да не фаќаат прашина. Повеќе ми е практичен делот за закачалки, гледам дека повеќе работи закачувам отколки што диплам. Равтовите за закачалки се со три димензии (за кошули/панталони/сакоа; средна димензија за фустани, капути и еден мал дел за долги фустани).Еден равт ми е за ташни, а најгоре ги ставам куферите. Плакарите се вградени. Немам висечки кристални лустрри ни гломазни фотељи, незнам какви килими и украси како на филмовите :) Да треба сега повторно да го правам ормарот би додала само мала "шминкерна". Чевлите ми се во ходникот во двокрилен вграден плакар и ми се поделени на зимни на една и летни на друга страна.
    @danichap кај мене длабочината на делот за закачување е 50см, а за диплење 40см, ама мислам дека може и помалку да се изведе. Меѓу равтовите според мене би требало метар ипол да имаш за да можеш комотно да се движиш. Што значи 2,5м минимум според моите не стручни проценки :)
     
    Последна измена: 15 август 2017
    На cresa-jagoda, Bozica1980, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    @Avery ти живееш во Мк? Ако да, дали си задоволна од тоа како е изработена собата?
    Добра идеја е тоа да е затворен дел кој не се користи, а чевлите без друго мислев да се затворени во спротивен дел поставени од облеката, но не е исклучена можноста да бидат доле во ходник.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Кај мене е мала собава орман.
    Сега во мисла се ставив.ќ дека е премалку
    6.57м2 е.
    Должина околу 3 ширина околу 2.
    Точно не можам да прочитам од планов.
     
  17. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Да, во Македонија живеам. Добро ми ја изработија, пред се функционално.

    @danichap ако е широко 2м, тогаш од прилика равтовите ќе зафаќаат 90см, а во средина ќе имаш 1.1м. @crimson погоре спомена дека 90см се сосема доволни за движење. Претпоставувам дека тебе орманот ќе ти биде во продолжение на спалната соба. Кај мене е поранешна спална, преуредена во орман и затоа е толкава квадратурата. Во средина имам доста голем простор кој не е искористен затоа што не сакав витрина за накит во средината. Мислам дека нема потреба да се грижиш, супер ќе ти излезе :)
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и crimson им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    За еден човек да може да помине, потребно е 60цм. Плус уште нешто за движење, вадење работи и сл, 90цм е според мене океј.
    Рафтовите на кои би стоеле здиплени алишта да не се помали од 36-7цм, јас ги ставам барем 40. За закачување е потребно 55цм, за да не штрчат капути и поголеми јакни.
    Ова е некаков минумум. Секако, зависи од тоа какви алишта би се закачувале/ ределе.

    @danichap ако имаш 2м, јас би ставила 40+100+60цм. :)
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    Од спална ќе се влева во орманот а од орманот, од другата страна, ќе се влева во вецето.
    Тесничко е, ама кнап сме со простор. А јакни, мантили, капути не би биле во овој гардеробер.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Јас сакам од спалната да се влегува во нашето ВЦ и во овој орман, изводливо ли е?
    Да напоменам дека се работи за куќа која сами ја планираме и распоредуваме...
    И второ, ме интересира за овој просторот што го спомнавте во средина, дали е изводливо да се направи во плотна за пеглање?
    Мислам дека не е паметно, зошто прашина се прави од пеглање, но некако многу се раширив, не знам каде би нашла уште некој квадрат за перална и пеглална. Колку минимално простор би ми зафатила таа идеја?
    1 машина само и даска за пеглање, а на ѕидот некои шкафови за пешкири, вишок материјал и сл, а тој просторот во средина можам фиокар да го направам за долниот веш, каиши, аксесорис... Попаметно ми личи вака нели?

    Не знам, дали сега дека сама ковам планови и лаички математики, веројатно друго е архитект кога ќе нацрта (@crimson дали ти се занимаваш со ова, да те бараме?), ама испадна во 200м2 сакам 1-2 гостински, дневна, кујна,гостинско вц, шпајзче мало одма до кујната во кој ќе стојат резерва производи, и горе на спрат да има 2-3 спални, 2 вц, соба орман и пералнава????
    Ќе збере ова се во 200 м2?
     
    На cresa-jagoda и Bozica1980 им се допаѓа ова.